Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотЕкспертите предупредуваат: Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници Иако многу сопственици сакаат да го споделат својот оброк со миленикот, експертите предупредуваат дека одредени намирници можат сериозно да го загрозат здравјето на мачките, па дури и да имаат фатални последици.Мачките се љубопитни животни и често ќе пробаат сè што ќе им се најде на дофат. Но тоа што нешто им е достапно не значи дека е безбедно за нивниот организам. Некои од секојдневните намирници што луѓето ги консумираат можат да предизвикаат труење, оштетување на органи или долгорочни здравствени проблеми кај мачките. Меѓу најопасните намирници е чоколадото. Тоа содржи теобромин и кофеин, супстанции што мачките ги разградуваат многу побавно од луѓето. Дури и мала количина може да предизвика повраќање, дијареја, забрзана работа на срцето, треперење и напади. Колку е потемна чоколадата, толку е поголем ризикот. Кромидот и лукот, без разлика дали се свежи, варени или во прав, исто така се опасни. Нивните соединенија можат да ги оштетат црвените крвни клетки и да доведат до анемија. Дополнителен проблем е што симптомите често се појавуваат со задоцнување, кога веќе настанала штета. Грозјето и сувото грозје, иако се сметаат за здрав избор кај луѓето, кај мачките можат да предизвикаат акутна бубрежна слабост. Иако точниот механизам на токсичност не е целосно разјаснет, регистрирани се случаи на сериозни труења и по внесување многу мали количини. Алкохолот и пијалаците што содржат кофеин никако не смеат да бидат достапни за милениците. Дури и минимална количина алкохол може да доведе до нарушувања на дишењето, пад на телесната температура, кома и смрт. Кафето и енергетските пијалаци дополнително го оптоваруваат нервниот и кардио-васкуларниот систем. Опасност претставува и сировото тесто со квасец, кое во желудникот се шири и создава гасови, предизвикувајќи болка и надуеност, а при ферментација се создава и алкохол. Сировото месо и сировите јајца, пак, носат ризик од бактериски инфекции како салмонела, што може сериозно да го наруши здравјето на мачката. Иако млекото традиционално се поврзува со мачките, повеќето возрасни мачки не поднесуваат лактоза. Консумирањето млечни производи може да предизвика дијареја и други дигестивни проблеми. Стручњаците советуваат сопствениците да се придржуваат до специјално направена храна за мачки и секогаш да се консултираат со ветеринар доколку се сомневаат дека миленикот изел нешто што не треба. Правилната исхрана е значајна за долг и здрав живот на секоја мачка. Тагови: мачки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook