БалканЕксперти: Косово може да загуби 500 милиони евра од санкциите од ЕУ, штети и по правниот системПредвидувањата на експертите се дека покрај штетите на економијата, и правниот систем ќе претрпи големи загуби, со оглед дека Европската Унија е главен донатор на полето на реформите во судството.Околу 500 милиони евра се претпоставува дека ќе загуби Косово од мерките кои ги презеде меѓународната заедница, поради одбивањето на Владата на Албин Курти да ги исполни барањата на меѓународните партнери за смирување на состојбите во северно Косово, пишува денеска приштинскиот портал „Економиа онлајн“. Предвидувањата на експертите се дека покрај штетите на економијата, и правниот систем ќе претрпи големи загуби, со оглед дека Европската Унија е главен донатор на полето на реформите во судството. Претседателот на Косовската алијанса на бизнисите (АКБ), Агим Шахини вели дека предвидувањата се оти до крајот на годинава косовската економија ќе загуби над половина милијарда евра. Според челникот на АКБ, меѓународниот фактор е „косопственик на ослободувањето и осамостојувањето“ на Косово. - Косово минува низ време кое никој не можеше да замисли дека ќе дојде, дека по ослободувањето ние ќе се соочиме со санкции против Косово од пријателите кои се косопственик на ослободувањето и осамостојувањето на земјата и ова е резултат на еден притисок кој се врши врз косовските институции за прифаќање на едно барање за стабилизација на северот на државата. Во таа смисла, тие мерки се казнени за Владата, но ќе страдаат и граѓаните и бизнисите. Од мерките за Договорот за стабилизација и асоцијација, или запирањето на ИПА-фондовите, сето тоа ќе го почувствуваме сите ние, посебно извозните бизниси и производители и штетата може да биде над 500 милиони евра, вели Шахини, нагласувајќи дека тоа е „најголемата штета која може да му се нанесе на Косово во оваа ситуација“. Според него, санкциите кон Косово се последица на „грешките што ги направија косовските институции“, со одлуките за промена на српските со косовски регистарски таблички и за одржување градоначалнички избори во општините во северно Косово без учество на тамошното мнозинско српско население. - Првите чекори кои можам да речам дека беа погрешни се со обидот да се прошири суверенитетот преку табличките, што е право на Косово, но не беше моментот. Вториот момент е кога Косово одржа избори на север без присуството на Србите и против нивната волја. Ние сме демократска држава и во демократија треба да владее мнозинството таму каде што живее, а не малцинството врз мнозинството, изјави Шахини. Тешки последици, според адвокатот Ардиан Бајрактари, ќе претрпи и косовскиот правен систем, со оглед дека ЕУ е главниот донатор на реформите на полето на правдата. - Веднаш треба да се каже дека ЕУ е еден од главните донатори во поддршката на реформските процеси, со акцент на полето на правдата, но не само тоа. Во тој правец, нормално дека таквите најави се мошне разочарувачки сигнал за местото и за патот по кој ние како држава настојуваме да стасаме до евроатлантските структури, изјави Бајрактари за „Економиа онлајн“. Тој се надева дека „на крајот ќе дојде момент кога косовските институции ќе рефлектираат (за ситуацијата), и покрај фактот дека од законски и уставен аспект имаат право да преземаат такви дејствија за ширење на суверенитетот на целата територија на Република Косово“. - Она што фактички го бараат меѓународните партнери е (косовските власти) да бидат во координација и да соработуваат со нив во вакви ситуации, изјави Бајрактари. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, на крајот на јуни ЕУ објави дека воведува привремени казнени мерки кон Косово, поради тоа што Владата на Албин Курти не ги презеде мерките кои ги побара европскиот блок за деескалација на состојбата на север. Во тој дел од Косово, населен со мнозинско српско население, настанаа тензии од крајот на мај годинава, кога новите градоначалници Албанци во тамошните четири општини влегоа во општинските згради со помош на полициски специјалци, наспроти отпорот и протестите на српското население. ЕУ ја суспендира работата на сите работни групи за Договорот за стабилизација и асоцијација, како и поканите за учество на Косово на средби на високо ниво. Од Брисел нагласуваат дека тие мерки се привремени и дека можат да се укинат доколку Владата на Курти ги преземе бараните дејствија за смирување на ситуацијата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter