Ексклузивно : Катица Јанева или некој од нејзиното семејство го форматирал вториот телефон , што беше ,,изгубен" - Канал 5

Ексклузивно : Катица Јанева или некој од нејзиното семејство го форматирал вториот телефон , што беше ,,изгубен"

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева.

Ексклузивно : Катица Јанева или некој од нејзиното семејство го форматирал вториот телефон , што беше ,,изгубен"

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ексклузивно за Канал 5 потврди дека е извештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет ICloud.Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот Iphone.

Иако поминаа повеќе од 15 дена, Обвинителството не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје

Полицијата трага по се уште непознат сторител, кој среде бел ден потпалил две возила паркирани пред бугарската амбасада во Скопје..

Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје

Двете автомобилите биле со дипломатски регистерски таблички.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите

Човековите права не се тема што припаѓа исклучиво на законите, стратегиите или меѓународните документи. 

Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите

Тие се препознаваат во секојдневната работа на институциите, во начинот на кој се постапува по барањата на граѓаните, во квалитетот на услугите што ги добиваат и во одлуките што директно влијаат врз нивниот живот.

Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денес потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права.

На настанот се обратија министерот за јавна администрација Горан Минчев, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, како и Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4 во рамки на проектот.

Во своето обраќање, министерот Минчев порача дека квалитетот на јавната администрација не се оценува само според прописите што ги применува, туку и според довербата што ја создава кај граѓаните.

„Довербата во институциите се гради тогаш кога граѓаните чувствуваат дека системот ги почитува нивните права, постапува правично и обезбедува еднаков третман за сите. Токму затоа знаењето, професионалноста и одговорноста на административните службеници се од суштинско значење за функционирањето на едно демократско општество“ истакна Минчев.

Тој нагласи дека реформите во јавната администрација не се сведуваат само на нормативни промени, туку подразбираат и создавање култура на континуирано учење, професионален развој и постојано унапредување на институционалните капацитети.

Во тој контекст, новата алатка за е-учење претставува практичен механизам преку кој човековите права ќе станат составен дел од процесот на стручно усовршување на административните службеници. Преку современи методологии и интерактивни содржини, платформата ќе придонесе кон подобро разбирање и примена на принципите на еднаквост, недискриминација, отчетност и почитување на човековото достоинство во секојдневното работење на институциите.

Во рамки на настанот беше истакнато и значењето на континуираното следење и спроведување на препораките на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права, како и потребата од нивно поефикасно интегрирање во работата на јавниот сектор.

Промовираната алатка ќе биде достапна преку системот за електронско учење на Министерството за јавна администрација ЛМС и претставува дел од пошироките активности за модернизација на јавната администрација и зајакнување на професионалните стандарди во јавниот сектор.

Оваа иницијатива е во согласност со целите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и ја потврдува определбата за градење институции кои работат професионално, транспарентно и во служба на граѓаните, при што почитувањето на човековите права претставува неразделен дел од нивното функционирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почеток на подготовките на машката сениорска репрезентација

Прв собир на нашата машка сениорска репрезентација во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје пред дуелите од „А“ групата во претквалификациската трка за пласман во квалификациите за ЕУРо, против Ирска и Луксембур,.

Почеток на подготовките на машката сениорска репрезентација

Овој настан, затворен за јавноста, означува старт на третиот дел од претквалификациската трка за пласман на репрезентацијата во квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал, во согласност со својата стратегија, состави поширок список на кошаркари, меѓу кои се и нови имиња кои досега не биле дел од сениорскиот тим. Целта е да се запознаат со потенцијалот и квалитетите на овие играчи, како и да се подготват за претстојните натпревари.

Подготовките се фокусирани на дуелите од „А“ групата на претквалификациите, кои вклучуваат натпревари против Ирска и Луксембург.

Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, каде репрезентацијата активно ќе се подготвува за овие важни средби.

Во подготвителниот период ќе биде потврдено и кој од натурализираните кошаркари, ќе бидат во конкуренција за место во тимот. Првиот натпревар е закажан за 2. јули против селекцијата на Ирска, а следува гостувањето во Луксембург на 5. јули.

Поширок список на играчи за ФИБА „прозорец“ – јули 2026

Ненад Димитријевиќ - Баерн Минхен-Германија

Андреј Јакимовски - Тренто – Италија

Адем Мекиќ – Задар - Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими - Косово

Валмир Какруки - Сигал Приштина – Косово

Резарт Мемед – Бора - Косово

Андреј Шошкиќ - НЦАА-САД

Павел Иванов - НЦАА - САД

Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко - МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов - ТФТ

Стојан Ѓуроски - МКК Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов - Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски - Пелистер

Лука Стојановски - Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ - Кожув

Амар Хот - Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески - Тиквеш Голден Игл

Михаил Наумоски – Феникс 2010

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер