Ексклузивно интервју со Амбасадорот на САД , Џес Бејли

Амбасадорот на САД во Македонија , Џес Бејли, во вестите во ексклузивно интервју за Канал 5 . Интервјуто го водеше Гоце Михајловски.

На прашањето дали можевме да добиеме подобра формулацијата во заклучоците на Самитот на НАТО , или ова е максимумот што можеше да го добиеме, амабасадорот Бејли со одговор:

,,Мислам дека во заклучоците важната работа е што Ве покануваат да го започнете процесот на пристапување во Северноатланската Алијанса. Се разбира, процесот на пристапување, како и за сите други земји, почнува со писмо од Генералниот секретар. Во тоа писмото ги наведува реформите и останатите мерки што земјата-апликант ќе ги исполни пред потпишувањето на пристапниот протокол и овој случај го вклучува исполнувањето на Договорот од Преспа. Така што, мислам дека ова е одлука. Ова е нормална одлука и и овозможува на Македонија да стане 30. членка на НАТО. “

Амбасадиорот Бејли и со одговор на прашањето што доколку Договорот со Грција не се реализира од некои причини, кај нас или во Грција.

,,Мислам дека Генералниот секретар беше прилично јасен – дека тоа е дел од пристапниот процес за НАТО сега. Токму затоа, Соединетите американски држави се уверени дека Договорот ќе продолжи да се исполнува и целосно очекуваме Македонија како Северна Македонија да се стане членка на НАТО.” рече амбасадорот на САД.

Амбасадорот Џес Бејли и за одбивањето на претседателот Иванов да го потпише Договорот со Грција.

,,Сум зборувал многу пати со Претседателот Иванов за македонската иднина во ЕУ, во НАТО. И тој долги години беше силен поддржувач на тоа. Оттука, верувам дека сега има можност Македонија да си ја види својата иднина, да се движи напред, што вклучува тешки компромиси, го препознаваме тоа, пријателите на Македонија го препознаваат тоа, но тоа е патот напред и мислам дека на крајот тоа е она што го поддржуваат граѓаните на земјава – иднина во НАТО, иднина во ЕУ. “, рече амбасадорот на САД Џес Бејли во ексклузивното интервју за Канал 5.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер