Ексклузивно - Фетаи за Канал 5 : Јанева им се заканува на сите обвинители!

Канал 5 ексклузивно дознава дека по налог на Катица Јанева, од денеска сите вработени и обвинители подлежат под строга контрола на личните предмети при влез и излез од Обвинителството.

Расте ли нервозата кај специјалната обвинителка Катица Јанева? Од денеска влезот во СЈО подлежи на посебен режим на сите вработени во институцијата. Никој не може да влезе и излезе од објектот без да им бидат проверени личните предмети, открива ексклузивно за Канал 5, обвинителката Фатиме Фетаи. Со мерките на претрес се соочила попладнето, по враќањето од пауза.

-Јас излегов на пауза, вообичаено не излегувам, ама периодов избегнувам за да немам контакти и се враќам околу 13 часот по што полицаецот ме застана. Ми рече „Извинете, обвинителке, ама имаме наредба од шефицата за сите без исклучок да извршиме проверки“. Јас му реков, Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресувате на секое влегување и излегување“, открива Фетаи.

Фетаи вели дека скандалозната наредба произлегла непосредно по денешното доаѓање на истражител од обвинителството, под надлежност на Русковска, кој наводно и ја врачил поканата за распит во случајот Рекет. Нервозата на Јанева, како што вели, ја почуствувале и пред три дена.

,,Во понеделникот не собра на колегиум. Ни тврдеше дека е злоупотребена и ни се закани, ако не ме браните, за сите ќе зборувам, сите ќе пропаднете со мене.”, вели Фетаи.

жЈанева преку прес службата на СЈО ги отфрли ваквите наводи, како и информациите дека примила покана за распит за “Рекет” на кој денеска веќе беше нејзината шефица на Кабинет.

Утре се очекува да сведочи и обвинителот од СЈО Бурим Рустеми.. Случајот продолжува да ги бранува и власта и опозицијата. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска рече дека ја поддржува истрагата за овој случај и дека никој не треба да очекува политичка заштита.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека истрагата за “Рекет” е компромитирана и се развлекува.

Каква ќе биде судбината на предметите на СЈО ќе се знае откако ќе се донесе законот за јавното обвинителство. Неофицијално, власта и опозицијата се подготвуваат за нова рунда преговоеи за законот за јавното обвинителство следната недела.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер