ЕКСКЛУЗИВНО: Денес во 10 часот, на негово барање, Боки 13 ќе дава исказ пред јавен обвинител - Канал 5

ЕКСКЛУЗИВНО: Денес во 10 часот, на негово барање, Боки 13 ќе дава исказ пред јавен обвинител

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на сопствено барање,  утрово веќе би требало да дава исказ во Основното јавно обвинителство.

ЕКСКЛУЗИВНО: Денес во 10 часот, на негово барање, Боки 13 ќе дава исказ пред јавен обвинител

Според информациите од неговиот адвокат, исказот е на негово барање , при што Боки 13, тврди дека има несоборливи докази за вмешаност во сериозни криминали на дел од политичката елита на власта.
За потсетување тој беше осуден минатата недела на 9 год. затвор заедно со екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која доби 7 години затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?

Шпанскиот фудбал е потресен од смртта на 30-годишниот Хесус де Мигел, напаѓачот на Тенерифе, кој почина по судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?

Додека семејството, соиграчите и навивачите се простуваат од починатиот фудбалер, шпанските медиуми пишуваат и за тешката ситуација во која се најде голманот кој учествуваше во кобниот судир. Според извештаите, нему му се заканува повеќегодишна затворска казна.

Овоно, репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, е длабоко потресен од трагедијата. Според информациите од шпанските медиуми, тој е „во целосен шок“ и имал намера приватно да стапи во контакт со семејството на починатиот фудбалер за да им се извини.

Како што претходно објави „Спорт“, голманот сакал да се поврзе со семејството уште пред да биде потврдена смртта на Де Мигел. Сепак, трагичниот исход ја направи и онака исклучително чувствителната ситуација уште потешка.

По натпреварот во кој настрада Де Мигел, Овоно се соочи со лавина навреди на социјалните мрежи, поради што ги избриша своите профили.

Некои навивачи го нарекоа „убиец“ по судирот по кој Де Мигел остана неподвижен да лежи на теренот. До кобниот судир дојде кога Овоно истрча од својот гол обидувајќи се да стигне до топката. Голманот доби црвен картон за прекршокот, а Де Мигел се здоби со тешки повреди, од кои подоцна почина.

Покрај личните последици од оваа трагедија, за Овоно сега би можеле да следат дисциплински санкции, а се поставува и прашањето за можна кривична одговорност.

Според член 102 од Дисциплинскиот правилник на Шпанската фудбалска федерација, за насилно однесување кон противник за време на натпревар, кое резултира со сериозни повреди или други тешки последици, предвидена е суспензија во траење од четири до 12 натпревари.

Оваа одредба би можела да се примени и во случајот на Овоно, но конечната одлука ќе ја донесе надлежното дисциплинско тело откако ќе ги разгледа сите околности. Казна од осум, десет или 12 натпревари би била во рамките на пропишаниот опсег, но не постои автоматска санкција во случај на смрт на фудбалер. Шпанските медиуми известуваат дека може да се очекува изрекување на најстрогата предвидена санкција.

Покрај спортската санкција, се поставува прашањето дали Овоно може кривично да одговара за смртта на противничкиот фудбалер.

Според член 142 од шпанскиот Кривичен законик, како што пренесува „Марка“, за лишување од живот од небрежност (поради груба небрежност) предвидена е казна затвор во траење од една до четири години. За полесен облик на небрежност предвидена е парична казна, чиј износ се одредува според системот на дневни износи.

Сепак, фактот што еден фудбалер починал по судир, не значи автоматски дека другиот сторил кривично дело. За да постои евентуална кривична одговорност, би било неопходно да се докаже дека Овоно сериозно ја прекршил должноста за внимателност што се очекува при спортска активност, дека фаталниот исход бил објективно предвидлив и можел да се избегне, како и дека постои неопходна причинско-последична врска помеѓу неговите постапки и смртта на Де Мигел.

Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот. Шпанската полиција веќе отвори истрага за смртта на Хесус де Мигел, а случајот е под судски надзор. Како што пренесуваат шпанските новински агенции EFE и Europa Press, како и јавниот телевизиски сервис RTVE, и државното обвинителство спроведува прелиминарни истражни дејствија.

Надлежните органи нагласуваат дека истрагата се покренува автоматски во случаи на смрт што не настапила од природни причини. Нејзиното покренување не значи дека Овоно е осомничен или обвинет за кривично дело. Евентуалната дисциплинска постапка од страна на Шпанската фудбалска федерација и можната кривична одговорност се две посебни прашања.

Фудбалската федерација ќе треба да го оцени однесувањето на голманот согласно со сопствениот Дисциплински правилник, додека евентуалната кривична одговорност би требало да се утврди во соодветна правна постапка.

Правилата на самата федерација предвидуваат независност помеѓу спортската и кривичната одговорност, како и можност случајот да се препрати до државното обвинителство доколку постојат индиции дека е сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка

Трагедија во Богданци- пронајдени се две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка, а неофицијално се работи за убиство и самоубиство на двојката.  

Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка

Според информациите од истрагата на кои се повикуваат дел од медиумите, момчето кое претходно било уапсено за физички напад на девојката во неговиот дом, сега ја убил и ја запалил во автомобил, а потоа и сам си го одзел животот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за околностите како загинале две лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Американски маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.

Американски маринец загинал за време на воена вежба во Јапонија

Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер