Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
2Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
Шоу бизЕкс сопругата на Кевин Костнер се исели од куќата, но остана на имотот?!Нови пикантерии од разводот на оскаровецот Кевин Костнер. Валкниот веш пред очите на јавноста. Холивудскиот заводник, мегапопуларниот актер Кевин Костнер и неговата наскоро бивша сопруга Кристин Баумгартнер моментално имаат многу проблеми во комуникацијата, а меѓу нив „беснее“ вистинска мала војна, која изгледа почна да се движи во корист на актерот. Откако долгогодишната сопруга на Кевин Костнер одбиваше да се исели од куќата во која живееја заедно со години, папараците забележаа дека пред имотот на славниот актер во Калифорнија нешто се случува, се движат камиони , најверојатно поради селидбата на неговата екс сопруга. Сега се знае дека Кристин се преселила, но не отишла далеку – таа сега живее на истиот имот, но во куќата за вработените. - Кристин го следи советот на адвокатот, во согласност со предбрачниот договор, па останала во помала куќа на истиот имот, кој се користи како куќа за послугата - истакнува за „People“ извор близок до семејството на Кевин Костнер. Тој истакна и дека тоа е привремено решение и дека Кристин Баумгартнер „се уште бара друга куќа“. Наскоро бившите сопружници имаа три деца - Грејс, Хејс и Кајден, а Кристин во судските документи изјави дека Костнер им рекол на децата дека тие се разделуваат без да се консултира со неа. Актерот тоа го направил самостојно и на не претерано внимателен начин. - По 24 години врска, Кевин им кажа на децата дека се разведуваме преку видео повик, од неговата хотелска соба во Лас Вегас, без мое присуство. Сè уште ме збунува зошто го направи тоа така - истакна Кристин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПожарот во Церово будно се следи – екипите со максимален ангажман на теренДиректорот на ЦУК, Мухамед Али, моментално се наоѓа на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, каде се следи состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино.На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Екипите работат на терен во справувањето со огнената стихија, со цел пожарот што поскоро да биде ставен под контрола. Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и совесни, особено при движење и престој на отворен простор, со цел да се спречи избувнување и ширење на пожари, соопштуваат од ЦУК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаМисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнинаОд 1 јануари сите ќе бидат задоволни, предвидуваме средства во новиот буџет за зголемување на платите во Армијата. Очекувам следната недела да имаме пречистен текст на Колективниот договор со сите синдикати. Секој еден војник што навршува 45 години ќе има можност да остане во Министерството за одбрана, да замине во друга институција во државата или да си земе отпремнина, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување во Вести Плус на ТВ Канал 5. Во однос на стандардот на вработените, министерот најави покачување на примањата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. Европската колективна безбедност, нагласи Мисјаловски, е поврзана и прашањето за членство во ЕУ и НАТО мора да се гледа заеднички, посочувајќи дека на најголем дел од состаноците со европските лидери со коишто може да се сретне, но и со многу амбасади и слично, секогаш го отвора прашањето за ЕУ. -Ако ние сме доволно способни и имаме целосен капацитет за НАТО, да бидеме рамноправни, да учествуваме на секоја една вежба, да бидеме повикувани за се што треба да помогнеме, тогаш апсолутно треба да бидеме дел од Европската Унија… И постојано еве, јас нема тоа да го кажам, сите претставници што доаѓаат во Македонија со позитивни, така би рекол, вести доаѓаат и за Армијата и за Министерството, но и за државата како помагаме во регионални планови, во вежби и така натака. Затоа можеме да бидеме едни од најдобрите во семејството, а во Европската Унија постојано да имаме, би рекол, кочници. Ова прашање мора паралелно да се разгледува и иако јас сум министер за одбрана, поврзано е. Европската колективна безбедност е поврзана, но затоа и паралелно Европската Унија ни дава огромен број на средства, морам да бидам искрен, и тие се разбира ни се најголеми овака сојузници бидејќи преку 40 милиони евра веќе добивме во опрема – изјави Мисјаловски. Мисајловски, исто така, нагласи дека Армијата останува целосно мобилизирана на терен за помош на општините и граѓаните при справувањето со пожарите ширум земјата. -Секаде каде што сме потребни, апсолутно, ако се работи за, би рекол, поголем број на пожари, апсолутно тука и Претседателката ќе помогне со дополнителни сили. На дневно ниво се координираме и да знае секој еден граѓанин дека Армијата ќе биде тука секогаш – изјави Мисајловски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаОд понеделник реклами ќе се појават на ChatGPT во Европа OpenAI воведува реклами во ChatGPT за корисници во 31 европска земја од понеделник, 24 август. Десетици милиони луѓе на тој начин за прв пат ќе видат реклами во рамките на разговорите преку четбот, проширувајќи ја рекламната програма на компанијата на вкупно 40 пазари. Овој потег доаѓа во време кога регулаторите сè уште немаат јасен став за рекламирањето во рамките на системите за вештачка интелигенција, пишува Euronews. Тестирањето на рекламите започна во февруари во Соединетите Американски Држави, а програмата подоцна се прошири во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Обединетото Кралство, Мексико, Бразил, Јапонија и Јужна Кореја. Рекламите ќе им бидат прикажани на корисниците на Free и Go планот, додека претплатниците на Plus, Pro и Enterprise ќе продолжат да го користат четботот без реклами. Компанијата во соопштение за медиумите изјави дека им нуди на маркетинг тимовите во Европа „нов начин да допрат до луѓето додека активно истражуваат, споредуваат и донесуваат одлуки“. ChatGPT to start showing ads across Europe next week https://t.co/igTZHJrxOc — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 21, 2026 Пристап до рекламирање и заштита на податоци OpenAI тврди дека нивниот пристап кон рекламирањето се базира на заштита на довербата на корисниците. Компанијата нагласува дека тие „ги чуваат разговорите приватни од огласувачите и никогаш не продаваат кориснички податоци“. Во соопштението се додава: „Рекламите во ChatGPT секогаш се јасно означени и одвоени од одговорите на четботовите, а рекламирањето не влијае на одговорите што ги дава ChatGPT.“ Ваквите објаснувања доаѓаат по критиките што ја следат програмата од нејзиното објавување. Уште во јануари, американскиот сенатор Ед Марки му пиша на директорот на OpenAI, Сем Алтман, и на раководителите на шест други технолошки компании. Во писмото, тој предупреди на ризикот од искористување на емоционалната врска што корисниците ја развиваат со четботовите и праша како OpenAI планира да спречи насочени реклами во чувствителни разговори за здравјето, менталното здравје или политиката. Откако рекламите се појавија во САД во февруари, некои корисници кои плаќаат за месечниот пакет Go од 8 долари (6,85 евра) се спротивставија на нивното прикажување. Тие веруваат дека платената услуга треба да биде целосно без реклами, а не само да прикажува помалку реклами. OpenAI им нуди на корисниците можност да управуваат со персонализацијата на рекламите, додека поскапите пакети мора да се изберат за искуство без реклами. Улогата на Законот за вештачка интелигенција Ширењето на рекламирањето во Европа покренува прашање што веќе го адресираше Законот за вештачка интелигенција на ЕУ: каде е линијата помеѓу персонализираното убедување и манипулацијата? Законот забранува системи со вештачка интелигенција кои користат потсвесни или манипулативни техники, како и оние кои ги искористуваат човечките слабости и на тој начин предизвикуваат значителна штета. Истражувачите и здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат дека разговорната вештачка интелигенција претставува посебен предизвик за примена на ова правило. Реклама што се појавува во рамките на персонализиран разговор на кој корисникот му верува е потешко да се препознае како реклама отколку класичен банер или спонзориран резултат од пребарувањето, бидејќи стилски е неразлична од остатокот од содржината. Регулаторите и судовите сè уште не се соочиле со прашањето на рекламирање во четботови во пракса. Битка за статусот на платформата Покрај Законот за вештачка интелигенција, постои и регулаторно прашање според Законот за дигитални услуги (DSA). Европската комисија, всушност, ја разгледува можноста за прогласување на функцијата за пребарување во рамките на ChatGPT за „многу голем интернет пребарувач“. Овој статус се доделува на услуги кои имаат повеќе од 45 милиони месечни корисници во Европската Унија. Портпаролот на Комисијата, Томас Рение, изјави за Ројтерс во јули дека таквата класификација е секако можна и може да се случи порано или подоцна. Добивањето статус на многу голем интернет пребарувач би значело значително построги обврски за OpenAI, вклучувајќи годишни проценки на ризикот, независни ревизии, одржување на јавен регистар на реклами и поинтензивно споделување на податоци со регулаторите.Тагови: ChatGPT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05