Шредер , кој има 74 години се ожени со 25 години помладата соработничка , јужнокореанката Со Јеон Ким , која е директорка на германската агенција за развој во Сеул. Новата бурма на прстот на поранешниот канцелар била забележана за време на инаугурацијата на Владимир Путин во Москва , но Шредер не сакал да дава информации за новиот брак.
Вчера германскиуот весник ,,Ноје пресе “ објави дека свадбената прослава за одбрани гости ќе се одржи во октомври во луксузниот хотел ,,Адлон “во Берлин.
Шредер минатата година стана член на управниот одбор на најголемата Руска компанија за нафта ,,Росњефт”, а во април се разведе од четвртата жена , со која подолго време живееле разделени. Шредер до скоро го нарекувале ,,Ауди канцелар “ поради неговите четири брака. Сега медиумите го нарекоа ,,Господар на прстените”.