Екс директорката на Токсикологија Бесија Иљази треба да врати 11 илјади евра за ангажираните хонорарци - Канал 5

Екс директорката на Токсикологија Бесија Иљази треба да врати 11 илјади евра за ангажираните хонорарци

11 илјади евра поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази треба да и врати на Клиниката за токсикологија, по основ на материјална штета, потврдија од основниот суд Тетово. 

Екс директорката на Токсикологија Бесија Иљази треба да врати 11 илјади евра за ангажираните хонорарци

Иљази пред скоро две години спротивно на Изборниот законик, исплаќала месечен надомест за нивен анагажман без соодветен договор за работа и на овој начин со исплатата на 17 хонораци ја оштетила клиниката.

Директорот на клиниката Зекири потврди дека ја добиле пресудата и дека Иљази треба да ги врати незаконски исплатените плати.

„Поранешната директорка треба да ја исплати сумата, во договор со адвокатот треба да се договориме дали на рати или во готово ќе исплати“, изјави директорот Бесник Зекири, директор на Клиниката за токсикологија.

Бесија Иљази беше осудена со признание на вина за „злоупотреба на службена положба и овластување“ на условна осуда со заштитен надзор на казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 4 години не стори ново кривично дело.

Освен условната осуда, со судската пресуда таа беше задолжена да биде на „пробациска индивидуална програма“ и план за спроведување на заштитени надзор врз неа.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат на 30 април 2024 година направи контрола на Клиниката за токсикологија и констатираше дека 11 здравствени работници и соработници одат на работа без договор, затоа што тој им истекол на крајот на претходната година.

Со доаѓањето на медицинскиот директор Чибишев сите документи за вработувањата беа доставени во јавното обвинителство и финасиската полиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер