3По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
ЗдравјеЕкран пред сон – навика што го нарушува здравјетоМакедонските граѓани не можат да заспијат ако до нив нема мобилен телефон или екран. 70 % од испитаните граѓани во истражувањето направено од страна на Универзитетската клиника за психијатрија покажале дека граѓаните заспиваат со мобилните телефони кои им создаваат дополнителен проблем, а тоа е несоницата, 40 проценти се изјасниле дека имаат проблеми со спиењето во последните три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат од 7 до 9 часа. И возрасните и децата кои имаат секојдневна рутина во заспивање без екрани пред заспивање имаат подобар и поквалитетн сон и стануваат одморени, вели професорката Манушева од клиниката за психијатрија. 42 % од испитаниците се изјасниле дека понекогаш се чувствуваат одморено, граѓаните свесни дека имаат проблем и скоро 45% би сакалае стручна поддршка за подобрување на квалитетот на спиењето. Европското здружение за истражување на спиењето го прогласи за месец за подигнување на свеста за спиењето, под мотото „Спиј добро, живеј подобро“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
МакедонијаПоднесено обвинение за серијата брутални убиства врз немоќни жениДоживотна казна затвор му се заканува на серискиот убиец кој усмрти четири жени, а две се обидел да ги убие.Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25 годишниот жител на Старо Нагоричане, кој како што велат од Обвинителството, согласно извршените вештачења во текот на истрагата, делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела. -Така, ноќта помеѓу 05.01.2025 година и 06.01.2025 година во с. Клечовце со умисла лишил од живот повозрасна и немоќна жена. Влегол во нејзината куќа и додека таа била заспана на креветот физички ја нападнал и насилно почнал да ја задушува. Од бројните скршеници и повреди поради кои не можела да дише, жената починала. Во точно неутврден временски период помеѓу 05.06.2025 и 07.06.2025 година во с. Драгоманце, на сличен начин со умисла лишил од живот уште една жена.- ОЈО Куманово Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот. -Третиот настан е евидентиран на 22.07.2025 година во с. Челопек, каде се обидел да лиши од живот жена која успеала да го заплаши така што викнала по нејзиниот син, па обвинетиот избегал. Во вечерните часови помеѓу 17.01.2026 година и 18.01.2026 година во с. Старо Нагоричане, обвинетиот со умисла лишил од живот жена која била помлада по возраст, но за која исто така знаел дека е сама. Начинот на извршување на делото бил сличен како кај претходните жртви. Во селото Челопек, во вечерните часови помеѓу 05.02.2026 година и 06.02.2026 година обвинетиот лишил од живот уште една повозрасна и немоќна жртва.- ОЈО Куманово Последниот евидентиран настан е на 09.02.2026 година во с. Челопек, каде со умисла се обидел да лиши од живот уште една жена, но се исплашил од звук што го слушнал и побегнал пред да ја реализира намерата. Случајот започна да се расветлува на почетокот на годинава. Првично се водеше истрага за едно убиство, но со дополнителни ексхумации и криминалистички истражувања беа откриени и останатите жртви. Обвинителството дополнително ја испитува и одговорноста на полицајци и лекари кои претходно смртните случаи на жените погрешно ги евидентирале како природна смрт без да извршат обдукција, со што му било овозможено на убиецот да продолжи со злоделата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската границаНема да има блокада на македонско-бугарските граници- двочасовните протести на Деве Баир, Делчево и Ново Село кои ги планираше бугарската фондација Македонија, по опожарените дипломатски возила во Скопје, се откажува. Нивната одлука доаѓа по повиците од амабсадорот во земјава Радуков и министерката за надворешни работи Петрова Чамова. Според објавата на бугарската амбасада во земјава, тие поддржуваат мирни протести, но велат незадоволството треба да има европски и конструктивен карактер. -Интересот на нашата земја налага да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да го поттикнеме нивното запознавање со современата бугарска култура, да ги промовираме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата.- Жељаско Радуков – амбасадор на Р. Бугарија И бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова претходно изјави дека блокадите на границите би биле контрапродуктивни и би создале дополнителни тензии. Тамошните политичари инцидентот со опожарените возила пред амбасадата во Скопје го окарактеризираа како провокација и напад врз нивната држава за кој бараа брз расплет, одговорност и да се дознаат мотивите на сторителот. Од македонската Влада пак имаше експресна осуда, а од МВР по неколку часа соопштија дека лицето е приведено, а подоцна доби и осумдневен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал за неаПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес во емисијата „Aria che Tira“ на телевизијата „La7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го „молела“ да се слика со неа на самитот на Г7 оваа недела.На почетокот на интервјуто, Трамп веднаш го сврте разговорот кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка?“ „Што рече таа кога се сретна со мене? Веројатно е среќна што разговарав со неа“, додаде тој. „Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме замоли да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, рече тој. Мелони беше голем пријател на Трамп и единствениот европски лидер поканет на неговата инаугурација минатата година. Односите се заладија кога италијанската влада, на почетокот на војната во Иран, го отфрли барањето на САД да користи воздухопловна база во Сицилија за напади за време на војната. Трамп ја обвини Италија дека не е од помош и рече дека Мелони се променила. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter