Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица - Канал 5

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ 

Екоактивистите од струмичко по одлуката на Вишиот управен суд – ја продолжуваме битката против рудникот Иловица

„Нема да копате, отворивте војна со народот, народот не заборава и народот не се предава“ – порачаа од еколошкото движење „Здрава Котлина“ по одлуката на Вишиот управен суд да ја поништи одлуката со која беше запрено спојувањето на концесиите за експлоатација на рудникот кај Иловица – Штука. Од таму велат дека пресудата не значи „зелено светло“ за работа на концесионерот Еуромакс, туку, судот само утврдил процедурални пропусти во владината одлука од 2023 за поништување на спојувањето на концесиите. Според нив, Вишиот управен суд не се произнел по суштинското прашање, дали концесиите се законски оти одамна се истечени роковите според Законот за минерални суровини. Од еколошкото движење за Канал 5 велат дека втор дом немаат, и дека за единствениот жестоко ќе се борат.

-Ние сме тука, ние ќе се бориме, а тие колку имаат желба да трошат енергија и ресурси за да се борат со нас, треба да им биде јасно. Треба да им биде јасно, ние втор дом немаме, тој е еден, па ако мислат дека туку така лесно ќе поминат преку нас мислам дека се лажат. Нас не ни е нешто ново, ние некогаш на мајтап си велиме ние се дома, тие доаѓаат кај нас, ние друга опција освен да се браниме и да штрајкуваме, и да вршиме притисок на властите бидејќи властите беа тие кои ни ветуваа. Ова што ни се случува од нашиве власти е играње – мачка и глушец- Цветанчо Ѓорѓиев – Еко-движење „Здрава Котлина“

Од „Здрава Котлина“ додаваат дека е симптоматично што државата не ја обжалила одлуката во предвидениот рок и дека Владата и натаму има механизми да го одбие спојувањето на концесиите на Еуромакс. Тие велат дека Струмица и 70тина села од околината ја користат подземната вода која при експлоатација би се загадила со сулфур и цијанид.Од владата пак, по одлуката порачаа дека станува збор за наследен процес од претходната влада и дека судската одлука мора да се почитува, но и еколошките стандарди.

-Приоритет останува создавање на услови за економски раст, нови инвестиции и отварање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почирување на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. - Влада на Република Македонија

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со концесионерот „Еуромакс“ која го развива проектот Иловица – Штука и доби концесии во 2012 година за став, но до подготовка на прилогот не добивме одговор одговорија. Дел од медиумите пак пренесуваат дека од компанијата пресудата ја толкуваат како целосно враќање во сила на одобрението за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“, а воедно и дека очекуваат комуникација со властите за да го финализираат новиот договор, потребен за натамошен развој на проектот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер