1 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканЕкатерини Сакеларопулу, новата претседателка на ГрцијаПо предлог на поранешниот премиер Алексис Ципрас, стана првата жена претседател на Советот на државата, по предлог на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, стана првата жена претседател на Грција. Барањето за поништување на Договорот од Преспа; присуството на деца бегалци во училиштата; државјанство за децата родени во Грција од родители кои не се Грци; религијата во личните карти во Грција, се само дел од случаите разгледани од Советот на државата кои грчките медиуми ги поврзуваат со новоизбраната шефица на државата Екатерини Сакеларопулу, како од периодот додека беше претседателка на највисокото судско тело, така и претходно како член. По предлог на поранешниот премиер Алексис Ципрас, стана првата жена претседател на Советот на државата, по предлог на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, стана првата жена претседател на Грција. Шеесет и тригодишната Екатерини Сакеларопулу е неполитичка и непартиски личност, а од највисоката позиција во правниот систем, преминува на највисоката позиција во државата. -За жените е тешко да стигнат на врвот на многу професии – феноменот „стаклен таван", е само една карактеристична реченица од говорот на Сакеларопулу од 16 јануари 2019 на тема „Жените на лидерски позиции". Пред точно една година на настанот организиран на атинскиот Универзитет Пандио, а поканета во улога на претседателка на Советот на државата, Сакеларопулу, која успеа да ги урне бариерите, а можеби и стереотипите во Грција и да стане првата жена претседателка во историјата на земјата, детално говори за родовата нееднаквост и за тешкотиите со кои што се соочуваат жените во нивните кариери, споменувајќи конкретни примери од светот, -„Мајко, во твојата соба оди си и твоите работи гледај си ги, разбојот, предалото (…) многуте зборови им одговараат само на мажите, а од сите најмногу мене, бидејќи јас, во овој дом владеам". Во „Одисеја" на Хомер, од пред речиси 3000 години, го наоѓаме, како што споменува, Мери Бирд, првиот запишан пример на оспорување на јавниот дискурс на жените, вели Сакеларопулу на почетокот на нејзиниот говор. Во друг дел, пак, споделува конкретни податоци, дека во 2014 година само седум од 150 лидери на држави се жени, а од 192 премиери жени се само 11. Освен неколку стручни говори, на настани и конференции посветени на правниот и судскиот систем, информативни натписи од медиумите за дел од случаите кои „поминале низ нејзини раце" и изборот за претседателка на Советот на државата, за Сакеларопулу, на интернет не може да се најдат дополнителни информации. Нема јавни политички настапи, нема коментари за политичката состојба во Грција во изминатите години, ниту пак јавно изразен став за партиите. Токму затоа, многумина во Грција сметаат дека одлуката на Мицотакис беше повеќе од правилна, а тоа, на некој начин се покажа и при гласањето во парламентот, кога Сакеларопулу беше избрана уште во првиот круг со повеќе од потребното двотретинско мнозинство и со поддршка од три партии. Автор е на низа научни текстови, а во февруари минатата година излегува од печат научно истражување во кое заедно со уште неколку нејзини колеги, пишуваат за судскиот систем во Грција. -Ефикасното функционирање на правдата е обезбедено и од страна на државата и од страна на судиите. Од страна на државата, со организација на правдата, обезбедување логистичка инфраструктура, почитување на судската независност и усогласеност со судските одлуки. Од страна на судиите, со строго почитување на судската етика, на одговорноста, на дисциплинската одговорност, почитувањето на судската традиција и зачувување на институционалната меморија, пишува Сакеларопулу во книгата „Правдата во Грција. Предлози современ судски процес". Поништување на Договорот од Преспа еден од случаите на Сакеларопулу Од ноември 1982 година започнува со работа во Советот на државата, а со текот на времето напредува во позициите, за на средината на октомври 2018, по предлог на тогашната влада на СИРИЗА, Екатерини Сакеларопулу да биде избрана за 22 претседател на Советот, со што станува и прва жена претседател на највисокото судско тело во Грција. Советот на државата ги има речиси истите надлежности како и Уставниот суд кај нас. Станува збор за највисокиот суд за контрола и заштита на уставноста и законитоста. Барањето за поништување на Договорот од Преспа; присуството на деца бегалци во училиштата; државјанство за децата родени во Грција од родители кои не се Грци; религијата во личните карти во Грција, се само дел од случаите разгледани од Советот на државата кои грчките медиуми ги поврзуваат со Сакеларопулу, како од периодот додека беше претседателка, така и претходно како член. Пленумот на највисокото судско тело во Грција, под претседателство на Екатерини Сакеларопулу, беше повикан кон крајот на 2018 да одлучи по жалбите на грчките организации како за поништување на Договорот од Преспа, така и за испратените писма до НАТО и ЕУ од тогашниот министер за надворешни работи на Грција за наше членство во ЕУ. -Со одлуките 2615-6/2018 на пленумот беа отфрлени како неприфатливи барањата за поништување на Договорот од Преспа и писмата на министерот за надворешни работи до НАТО и ЕУ издадени согласно договорот, соопштија на 19 декември 2018 од Советот на државата по разгледаните барања на грчката „Федерација на културните здруженија на Македонците" и "Пан- Македонските асоцијации на Македонците од дијаспората", за поништување на Договорот од Преспа. Двете одлуки беа издадени со образложени дека не се во надлежност на Советот, туку се поврзани со надворешната политика на земјата. Се оцени дека оспорените акти сами по себе се акти со кои управува политичката власт во областа на надворешната политика и се директно поврзани со управувањето со меѓународните односи на земјата. Според тоа, имаат владин карактер, не подлежат на ревизија за поништување од Советот на државата, соопштија од Советот во декември 2018. Во однос на другите судски случаи, според медиумите во Грција, Сакеларопулу ѝ станала позната на јавноста уште пред 20-ина години кога силно поддржала промена на личните карти за да се укине праксата да биде заведена и религијата. Новоизбраната грчка претседателка, го поддржала и законот на владата на Алексис Ципрас за правото, децата родени во Грција, кои го завршиле поголемиот дел од школувањето во земјата, да добијат грчко државјанство, иако нивните родители се странски државјани. Како претседател на Советот на државата во 2018, Сакеларопулу, според написите во грчките медиуми, ги отфрлила обвинувањата на здруженијата на родители и старатели од повеќе делови на Грција, поради децата бегалци кои одат во истите училишта со нивните деца. Тогаш, највисокото судско тело, донело одлука дека интеграцијата на бегалците во училиштата е законска и неопходна. Која е новата претседателка на Грција? Екатерини Сакеларопулу е родена во 1956 година во Солун. Изреката „крушата под круша паѓа" целосно важи во случајот со новата грчка претседателка, со оглед на тоа дека татко ѝ бил потпретседател на Врховниот суд на Грција, а таа од студиите до сега е целосно посветена на правниот и судски систем. Сакеларопулу го завршува Правниот факултет во Атина и целата кариера како правник, ја поминува во Советот на државата, каде што беше избрана за претседател за периодот 2018- 2023 година. Автор е на научни текстови поврзани со уставното право и правото на животна средина. Сакеларопулу говори англиски и француски јазик, разведена е со едно дете и живее во центарот на Атина. Според медиумите во Грција, голем љубител е на животните, особено на мачките, голем борец за заштита на животна средина, но и жена која е доста активна на социјалните мрежи, односно на Фејсбук. Кон крајот на април минатата година, Сакеларопулу, како претседателка на Советот на државата имаше протоколарна средба со Кирјакос Мицотакис, кој тогаш беше лидер на опозицијата. Девет месеци подоцна како премиер ја предложи за претседател на Грција, предлог прифатен од 261 пратеник. Новата претседателка на Грција на 13 март 2020 ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос. Мандатот на претседателот во Грција трае пет години./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав ЛабудовиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29