ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори - Канал 5

ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори

 ЕК ја зема предвид денешната одлука на Општиот суд на ЕУ во врска со барањето за пристап до документи.

ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори

Европската комисијата ја зема предвид денешната одлука на Општиот суд на ЕУ во врска со барањето за пристап до документи, во која се оценува дека „требало да даде подетално објаснување во својата одлука дека не ги поседува бараните документи“ и внимателно ќе ја проучи, по што ќе реши за следните чекори, соопшти денеска ЕК.

Соопштението претставува реакција на денешната пресуда на Општиот суд дека Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла за набавката на вакцини против Ковид-19 за Унијата.

- Општиот суд не ја доведува во прашање политиката на Комисијата во врска со пристапот до документи. Овие правила имаат за цел да обезбедат интегритет на евиденцијата на Комисијата и целосна транспарентност со тоа што ќе се осигурат дека важните документи што ги изготвува или прима Комисијата се лесно достапни за заинтересираните граѓани на ЕУ, се наведува во соопштението.

Во него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се додава дека по внимателното проучување на одлуката на Судот, Комисијата ќе даде подетално објаснување и ќе реши за своите следните чекори во однос на ова прашање.

- Транспарентноста отсекогаш имале најголема важност за Комисијата и претседателката фон дер Лајен. Ќе продолжиме строго да се придржуваме до цврстата законска рамка што е во сила за спроведување на нашите обврски. Остануваме целосно посветени на одржување на отвореност, отчетност и јасна комуникација со сите засегнати страни, вклучувајќи ги институциите на ЕУ, граѓанското општество и претставниците на интересите, се додава во реакцијата на ЕК.

Решавајќи по тужбата на весникот „Њујорк тајмс“ затоа што ЕК одбила на негова новинарка да и ги достави на увид СМС-пораки разменети меѓу Фон дер Лајен и Бурла од пролетта 2021 година, со кои се договарала набавката вакцини во екот на пандемијата на Ковид-19 низ Европа, Судот со седиште во Луксембург оцени дека Европската комисијата „не дала веродостојно објаснување за да го оправда“ одбивањето на барањето на новинарката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер