1Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
3Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветЕК предлага отстапување од некои одредби од Заедничката земјоделска политика на ЕУ Со Заедничката земјоделска политика е предвиден сет на стандарди наречен Добри земјоделски и еколошки услови (ГАЕК).Во пресрет на утрешните земјоделски протести во Брисел, кои во голема мерка се поттикнати од незадоволството од мерките предвидени со Заедничката земјоделска политика на ЕУ, Европската комисија денеска предложи да им се дозволи на земјоделците отстапување од некои од предвидените правила во текот на оваа година. Како што соопшти Комисијата, ваквиот предлог веќе е испратен до земјите членки од кои се очекува да го потврдат, но независно од тоа кога ќе биде формално одобрен, тој ќе се применува ретроактивно од 1 јануари 2024 година. Со Заедничката земјоделска политика е предвиден сет на стандарди наречен Добри земјоделски и еколошки услови (ГАЕК), чија цел е намалување на штетното влијание на земјоделството врз животната средина и климата, меѓу кои еден од нив предвидува дека на дел од обработливото земјиште на фармите поголеми од 10 хектари мора да бидат засадени трева, жива ограда или дрва. Со денешната одлука на Комисијата, ќе се смета дека земјоделците ја исполнуваат оваа обврска, доколку наместо да садат непродуктивни култури, на четири отсто од нивното обработливо земјиште посадат леќа, грашок или грав или на седум проценти одгледуваат култури кои служат како сточна храна или природно ѓубриво. - Предлогот на Комисијата е внимателно определен за да се обезбеди вистинската рамнотежа помеѓу нудењето соодветно олеснување за земјоделците кои се соочуваат со бројни кризи од една страна и заштита на биолошката разновидност и квалитетот на почвата од друга страна, соопшти ЕК. Според Комисијата, земјоделството се соочува со исклучителен опсег на тешкотии и неизвесности, како последица на екстремните метеоролошки настани, како суши, шумски пожари и поплави, кои влијаат на земјоделското производство и приходи и на спроведувањето на стандардните агрономски практики, што создава зголемен притисок врз земјоделците. Дополнителен проблем за земјоделците, како што посочува Комисијата, претставуваат и високите цени на енергијата и репроматеријалите како последица на руската агресија врз Украина, зголемените трошоците за живот, растот на инфлацијата, променетите меѓународни трговски текови и потребата за поддршка на Украина, кои создадоа дополнителна несигурност и притисок на пазарот. ЕК нагласува и дека цените на житните култури лани нагло се намалија во споредба со претходната година, што доведе до намалување на вредноста на нивното производство во ЕУ од 80,6 милијарди евра во 2022-та на ланските 58,8 милијарди евра, што претставува пад за речиси 30 отсто. Во такви услови, смета Комисијата, обврската за издвојување на дел од обработливите површини за непродуктивни насади, може да има значително краткорочно негативно влијание врз приходите на одредени земјоделци. Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ваквата одлука нуди дополнителна флексибилност за земјоделците во време кога се соочуваат со поголем број предизвици. - Ќе продолжиме да се ангажираме со нашите земјоделци за да обезбедиме Заедничката земјоделска политика да го постигне вистинскиот баланс помеѓу остварувањето на нивните потреби и истовремено обезбедување на јавното добро за нашите граѓани, изјави Фон дер Лајен. Таа додаде и дека Еврокомисијата е подготвена да им излезе во пресрет на земјоделците, кои ги оквалификува како „столб на безбедноста на храната на ЕУ и срце на европските рурални области“. - Постојаната посветеност на Комисијата се гледа преку нашиот буџет за Заедничката земјоделска политика во вредност од 386,7 милијарди евра, што помага да се стабилизира приходот на европските земјоделци, истовремено наградувајќи ги нивните напори за заштита на климата и обезбедување на одржливоста, додаде Фон дер Лајен. Извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и меѓуинституционални односи Марош Шефчович истакна дека целта на оваа „стабилизирачка мерка“ е да се намали притисокот со кој се соочуваат земјоделците. - Можеме да помогнеме во ублажување на притисокот за кој знаеме дека го чувствуваат нашите земјоделци, а со цел да се осигураме дека тие можат да останат економски одржливи во овие времиња на голема неизвесност, додаде Шефчович. Според еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, со предлагањето на оваа мерка за привремено отстапување од Заедничката земјоделска политика, Еврокомисијата демонстрира флексибилност и солидарност со земјоделците во услови на исклучителни тешкотии. - Ова отстапување постигнува рамнотежа помеѓу краткорочната неопходност за поддршка на земјоделците и долгорочната потреба да се заштити нашата клима, здравјето на почвата и биолошката разновидност, додаде Војчеховски. Во пресрет на утрешните протести во Брисел, белгиските земјоделци бараат намалување на административното оптоварување и олабавување на европските еколошки политики, со цел, како што тврдат, да му се овозможи на земјоделскиот сектор да биде „вистински економски, еколошки и социјално одржлив“. Според земјоделските асоцијации, потребно е „итно вистинско поедноставување на административните процедури“, „длабинска“ ревизија на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, како и спроведување на „економска, еколошка и социјална проценка од страна на Европската комисија за последиците од сите закони и ограничувања што таа ги воведе во земјоделството во последните години“. Покрај ова, тие бараат и компензација за „сите ограничувања“, субвенции за покривање на зголемените трошоци како последица на инфлацијата, ограничување на слободниот увоз на земјоделски производи од трети земји што не ги исполнуваат стандардите што важат за продуктите од ЕУ, како и олеснет пристап до земјоделско земјиште. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
ЖивотКралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф. Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата. Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија. Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“. „Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот. Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.Тагови: Кралот Чарлс принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаЗијадин Села во официјална посета во Австрискиот ПарламентСредба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа. Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство. Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија. Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи. За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich. Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот. Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата. – Зијадин Села, претседател на Албанската ЛигаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14