СветЕК: Остануваме посветени на промоција на слободата на медиумите и плурализмот Слободата на медиумите и плурализмот се основни принципи на просперитетните демократии, порача Европската комисија по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. - Европската комисија ја потврдува својата посветеност на почитување на слободата на медиумите и плурализмот во Европската Унија и на промовирање на овие принципи низ целиот свет, се наведува во пораката. Во неа се посочува дека и во политичките насоки на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен за работата на Комисијата за периодот 2024-2029 година, се посочува дека таа ќе обезбедува спроведување на Европскиот закон за слобода на медиумите. - Комисијата стои зад новинарите и силно ги поддржува во тоа безбедно и сигурно да ја извршуваат својата работа. Ја зајакнуваме нашата поддршка и заштита за независните медиуми и новинари, намалувајќи го притисокот и неетичкото однесување што ја загрозуваат нивната работа, се додава во пораката. Европската комисија посочува и дека Европскиот закон за слобода на медиумите, кој треба да почне да се применува во земји членки на ЕУ од 8 август, ќе придонесе за подобра заштита плурализмот и независноста на медиумите и ќе ја зголеми транспарентноста и праведноста. Во 2021 година, Комисијата издаде Препорака за заштита и безбедност на новинарите, чија цел да е овозможување побезбедни услови за работа на сите медиумски професионалци, без страв и заплашување, со посебен акцент на новинарките. Дополнително, таа усвои и правила за заштитата на новинарите и активистите за човекови права алатки од тенденциозни судски постапки чија цел е нивно замолчување. - Продолжуваме да ги следиме случувањата поврзани со слободата на медиумите и плурализмот во сите земји членки во контекст на годишниот извештај за владеење на правото. Слободата на медиумите, исто така, ќе биде важен дел од претстојниот Европски штит за демократија, додава Европската комисија во пораката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен изјави дека Комисијата е посветена на тоа Европа да остане светилник за слободата на медиумите и плурализмот. - На Светскиот ден на слободата на печатот, не славиме само концепт, туку и конкретно се обврзуваме на демократија. Безбедноста на новинарите е во прашање. Минатата година, бројот на насилни инциденти против новинарите се зголеми, а неколкумина ги загубија животите низ целиот свет. Ова е неприфатливо, рече Виркунен. Според еврокомесарот за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите Мајкл Мекграт, новинарите се чувари на демократијата. - Нивната бестрашна потрага по факти и транспарентност не обврзува сите. На овој Светски ден на слободата на печатот, мора да ја поддржиме нивната критичка работа и да ја заштитиме нивната независност - за нашите права, за нашите слободи, за нашите вредности, истакна Мекграт. Тагови: Европска комисија медиумите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветАвстријка нападната од ајкула за време на екскурзија на БахамитеТриесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“. Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини. Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување. Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.Тагови: ајкула Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Шоу бизТаен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпреварКамерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос. Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор. Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог . Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера. „Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски. 🚨| Taylor Swift and Tom Cruise at tonight’s Chiefs game! https://t.co/ApZZUA6p48 — The Swift Society (@TheSwiftSociety) September 15, 2026 „Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.Тагови: Тејлор Свифт Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиитеАрамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра! Тоа се над 14% од целиот буџет! Во ризик е исплатата на пензиите. ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост. ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат. Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години - секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери. Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава - за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки. Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот. Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско. И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра. Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб. Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните. Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем. За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност. За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook