ЕК не планира кривична постапка против Хололеј - Канал 5

ЕК не планира кривична постапка против Хололеј

Во извештајот на ОЛАФ се идентификуван главно административни прекршоци.

ЕК не планира кривична постапка против Хололеј

Одлуката за раскинување на договорот за работа со високиот советник во Генералниот директорат за меѓународни партнерства (ДГ ИНТПА), Хенрик Хололеј, Европската комисија ја донесе откако вчера заврши внатрешната истрага околу ова прашање, изјави денеска портпаролот на ЕК за Балаж Ујвари во одговор на новинарско прашање зошто се чекало толку долго време за преземање санкции против овој висок службеник на Комисијата.

- Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) започна во март или април 2023 година, што во јули 2024 резултираше со доставување извештај со препораки до Европската комисија, вклучувајќи и една за отворање дисциплинска постапка. Токму тоа и беше направено и оваа постапка заврши вчера, изјави Ујвари.

На прашање зошто Европската комисија не иницирала покренување кривична постапка против Хололеј пред белгискиот правосуден систем, Ујвари одговори дека прекршоците што се посочени во извештајот на ОЛАФ, главно биле административни и немало идентификуван никаков кривичен аспект.

- Ја разгледуваме ситуацијата и одлуката што беше донесена вчера е одраз на анализата што беше вршена во последните 18 месеци, рече Ујвари.

Во образложението на ЕК за давањето отказ на Хололеј се наведува дека таквата одлука е донесена врз основа на наодите од внатрешна истрага поврзана со наводни „административни прекршувања“.

Истрага на ОЛАФ против Хололеј е покрената врз основа на добиени информации дека во времето кога бил генерален директор на Генералниот директорат за мобилност и транспорт на ЕК (ДГ МОВЕ) разменувал доверливи детали за голем договор за катарското воздухопловство, за што за возврат примил подароци за себе и за негови блиски луѓе. Во дисциплинската постапка против Халолеј е утврдено „неовластено прифаќање подароци, судир на интереси и прекршување на принципите на доверливост“.

Хололеј беше прв човек ДГ МОВЕ од октомври 2015 до март 2023 година, а еден месец потоа е именуван на досегашната позиција советник во ДГ ИНТПА.

Претходно, од 2001 до 2002 година Халолеј е министер за економски работи на Естонија, за од мај 2004 година да биде именуван за шеф на кабинетот на поранешниот естонски еврокомесар Сим Калас, должност што ја извршува до ноември 2013 година кога е избран за заменик генерален секретар на ЕК.

Инаку, Сим Калас е татко на актуелната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер