ЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства - Канал 5

ЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства

Македонските власти ги консултирале Европската комисија, Советот на Европа и сите засегнати страни при изработката на Акцискиот план за малцинствата, велат од Комисијата за Канал 5. 

ЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства

Оттаму додаваат дека документот без кој Македонија и да ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот преговарачки кластер, поминал и низ јавна расправа, а земјите-членки имале можност да достават забелешки на нацрт-верзијата. Сепак, не појаснуваат дали има блокада или противење од некоја земја-членка во текот на процесот, туку за ставовите на поединечните држави упатуваат да се побараат информации директно од нив. Токму на таа тема, Канал 5 веќе испрати и прашање до бугарското МНР за појаснување каде според нив е застојот за документот, но одговор не добивме.

-Можеме да потврдиме дека властите на Македонија се консултираа со Комисијата, Советот на Европа и други релевантни засегнати страни, при подготовката на Акцискиот план за малцинствата и заедниците. Властите на Македонија спроведоа јавни консултации за документот. Во овој процес на консултации, земјите-членки имаа можност да ги достават своите коментари во врска со нацртот. Кога станува збор за ставот на поединечните земји-членки, ве упатуваме да се обратите директно до засегнатите земји-членки.- Европска Комисија

Шефовите на дипломатии на Македонија и Бугарија утре во Софија ќе учестуваат на состанокот од процесот за соработка во југоисточна Европа. Сепак од македонското МНР велат дека засега нема план за билатерална средба меѓу нив нив. Такво нешто пак, најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која посочи за сите отворени прашања на релација Скопје-Софија очекува утре да разговара со бугарската колешка Јотова. Прашан пак за средбата, премиерот Мицкоски посочи дека не му е позната евентуалната содржина, но нагласи дека владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.

-Јас навистина не знам што би можел да очекувам, како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи, како претседател на влада ќе сторам се што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата, и второ нормално да градам добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица, затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца.- Христијан Мицкоски – Претседател на владата

Најавената средба Сиљановска – Јотова на маргините на процесот за соработка во југоисточна Европа во Софија доаѓа по самитот Еу-Западен Балкан во Тиват каде една од главните теми беше нон-пејперот на германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон во кое побараа постепена интеграција и забрзано проширување на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс.

Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо.

Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон!

Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер