ЕК ја потсетува МПЦ дека сите имаат обврска да го заштитат јавното здравје

Европската Комисија  во реакција до МИА се осврна на последните случувања со Македонската православна црква (МПЦ) и потсетува дека сите чинители во општеството имаат обврска да го заштитат здравјето на населението, јави дописничката на МИА во Брисел.

Портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, потсетува дека сите земји, во ЕУ и во светот, воведуваат вонредни мерки поради глобалната пандемија на КОВИД-19 и дека врвен приоритет овој период е заштитата на јавното здравје на населението.

Оваа реакција доаѓа откако МПЦ одби да ги затвори храмовите за време на велигденските празници предизвикувајќи длабока загриженост од можните последици врз здравствениот систем.

-Последните неколку недели, земјите членки на ЕУ и земјите ширум светот донесоа вонредни мерки за да се справат во здравствената криза предизвикана од епидемијата на КОВИД-19. Ова се времиња без преседан и националните власти треба да ги имаат потребните алатки на располагање за да делуваат брзо и ефикасно за заштита на јавното здравје на нивното население, изјави Писонеро за МИА.

Портпаролката потсетува на пораката упатена од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 31 март годинава.

-Секоја вонредна мерка мора да ги почитува темелните принципи и да биде ограничена на она што е неопходно и строго пропорционално, нагласи портпаролката.

Вонредните мерки кои се воведуваат во рамките на оваа здравствена криза треба да бидат временски ограничени и под надзор на демократските контролни механизми во општеството, изјави тогаш шефицата на Европската Комисија./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер