СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ТехнологијаЕК издвои над 7,3 милијарди евра за иницијативата „Хоризонт Европа“ за 2025 година Европската комисија усвои работна програма за 2025 година за иницијативата „Хоризонт Европа“, со која се предвидуваат инвестиции од над 7,3 милијарди евра за зајакнување на истражувањата и иновациите.Европската комисија усвои работна програма за 2025 година за иницијативата „Хоризонт Европа“, со која се предвидуваат инвестиции од над 7,3 милијарди евра за зајакнување на истражувањата и иновациите, со што ќе се поттикне современата наука, ќе се забрзаат зелените и дигиталните транзиции и ќе се подобри конкурентноста на Европа. Целта на иницијативата „Хоризонт Европа“, во која е вклучена и земјава, е да се помогне во привлекувањето и задржувањето на врвни истражувачи во Европа, како и да им се обезбеди поддршка на научниците погодени од војни и раселувања. Првиот конкурсот за аплицирање на средства од програмата за 2025 година ќе биде отворен утре. Иницијативата се фокусира на одржување на слободната и отворена наука, инвестирање во таленти и поттикнување на иновациите во Европа, во чии рамки се исплаќа дополнителен надоместок за истражувачите кои се преселуваат во Европа и се обезбедува долгорочна поддршка за врвни таленти. Според извршниот потпретседател на Европската комисија за просперитет и индустриска стратегија, Стефан Сежурне, овие 7,3 милијарди за 2025 година ќе придонесат за зголемување на европскиот просперитет и конкурентност, за справување со клучните предизвици во безбедноста и одбраната и ќе го олеснат преминот на истражувачите во ЕУ. - Истражувањето и иновациите се во сржта на европската конкурентност, потенцира Сежурне. Еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева истакна дека работната програма на „Хоризонт Европа“ за 2025 година е дизајнирана со цел да ги помести научните граници, да привлече и задржи врвни таленти и да ги зајакне европскиот истражувачки потенцијал и глобална предност. - Со 36 отсто од средствата за дигитални иновации и 1,6 милијарди евра за вештачка интелигенција и со силен фокус на климата, безбедноста и индустријата, таа ќе донесе вистински резултати во пракса, изјави Захариева. Според неа, ваквите мерки се преземаат, бидејќи од истражувањето и иновациите зависат економската сила, конкурентноста и квалитетот на животот во Европа. Клучни аспекти на работната програма на „Хоризонт Европа“ за 2025 година се исполнување на приоритетите на ЕУ за истражувањето и иновациите, забрзување на остварувањето на климатските и дигиталните цели, поттик на истражувањата и иновациите во автомобилската индустрија, поедноставување на процедурите, поддршка на талентите, ревитализација на европските населени места и помош за истражувачите од Украина и Газа. Во тие рамки, како дел од програмата „Активности Марија Склодовска-Кири“, ќе биде обезбедена поголема поддршка за украинските научници и ќе започне имплементацијата на нов пилот-проект „Изберете ја Европа на науката“, наменет за поддршка на истражувачите. „Хоризонт Европа“ е иницијатива на ЕУ за поддршка на истражувањето и иновациите, која за периодот 2021-2027 година има буџет од 93,5 милијарди евра. Поголемиот дел од средствата од иницијативата се распределуваат врз основа на конкурси на кои заинтересираните поединци или институции може да аплицираат со конкретни проекти.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter