ЕК бара подобра координација помеѓу земјите-членки на ЕУ за да се избегне недостиг на керозин - Канал 5

ЕК бара подобра координација помеѓу земјите-членки на ЕУ за да се избегне недостиг на керозин

Европска комисија ги повика земјите-членки на Европска Унија заедно да работат за да се избегне недостиг на керозин за време на претстојната сезона на летни одмори.

ЕК бара подобра координација помеѓу земјите-членки на ЕУ за да се избегне недостиг на керозин

- Достапноста и оперативниот капацитет на европскиот сектор за рафинирање на нафта мора да биде на максимум за да се задоволи моменталната побарувачка, особено за гориво за авиони, бидејќи приближно 40 проценти од нашата потрошувачка на гориво за авиони се увезува, а околу половина од целиот увоз поминува низ Ормуска Теснина - се наведува во препораката на ЕК.

ЕК посочува дека е потребно „координирано следење и потенцијално колективно дејствување за да се зголеми постојното производство на европските рафинерии, вклучително и преку координирано и навремено ослободување на резервите за итни случаи“.

Лидерите на ЕУ утре на Самитот на Кипар ќе разговараат за препораката на ЕК.

Според податоците на ЕК, по отпочнувањето на војната во Иран, ЕУ потроши дополнителни 24 милијарди евра за увоз на енергенси поради зголемувањето на цените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец

Нов скандал на Панче Тошковски, наркодилер му побегна од полициска станица во Кочани.

Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец

Александар Лазаров Цуна познат криминалец кој и претходно бил осудуван и лежел во затвор за трговија со дрога бега од сред полициска станица.

Ако наркодилери можат слободно да бегаат од полициска станица што значи тоа?

Тотален распад. Швајцарско сирење. Тоа е сликата за денешната партизираната полиција која наместо да ги гони, ги штити криминалците на власт.

Но, овој скандал отвора сериозни сомнежи за пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци и наркодилери на секое ниво.

Тошковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори, кој ќе понесе одговорност за овој скандал?

Има ли барем малку грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани?

Каква е поврзаноста на Цуната со началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, поставен од Тошковски?

Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него?

Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој намерно го пуштил?

Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување?

Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага. Но пред се бара одговорност.

Во секоја нормална држава, ваков случај ќе значеше итна одговорност и оставки.

Овој скандал му се случува на истиот оној Панче Тошковски на кого му поминаа пет тони дрога преку македонската граница без никој да понесе одговорност.

На истиот оној Панче Тошковски за време на чиј мандат криминалци бегаа преку граница кога сакаат.

На истиот оној Тошковски кој ветуваше: „Брат да ми е, ќе одговара“, а по две години мандат никој не одговара а криминалнци бегаат од полициска станица.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност за сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани.

Уште колку скандали во МВР се доволни за Тошковски да понесе оставка?

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода тројца скопјани, во продажен објект во Велес извршиле кражба

Одземеното вратено на сопственикот.

Лишени од слобода тројца скопјани, во продажен објект во Велес извршиле кражба

На 11.07.2026 во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот биле одземени повеќе предмети. Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. и при преглед одземеното било пронајдено во возилото и вратено на сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација.

Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности

Уставниот суд упатува остри критики кон обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот.

Така, унапредувањето на меѓународната соработка на Уставниот суд беше ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски пресметки и стекнување политички поени.

Меѓународната соработка била и ќе остане една од стратешките определби на Судот и претставува составен дел од неговото институционално дејствување. Оваа година, како и претходно, Уставниот суд интензивно работи на афирмирање на својата меѓународна позиција, при што има склучено три Меморандуми за соработка и разбирање со сродни институции, односно со Уставниот суд на Република Косово, со Врховниот Уставен суд на Арапската Република Египет и пред два дена, со Уставниот суд на Република Србија. Дополнително, на Судот му е доверено да претседава оваа година со Балканскиот форум на уставни судови и да го претставува на значајни меѓународни настани.

Уставниот суд останува доследен на својата уставна надлежност и независност. Судот нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка.

Воедно, Судот апелира политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок.

Независноста и кредибилитетот на Уставниот суд се вредности што треба да бидат заеднички интерес на сите општествени чинители.

Затоа, недозволени се и апсурдни квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“. Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните.

Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка.

Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир. (https://ustavensud.mk/archives/32056 и https://ustavensud.mk/archives/20991 ).

Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер