Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
1Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
СветЕј-Би-Си Њуз: Трамп добива златен „Ер Форс Уан“ од Катар, планира да го задржиПретседателот на САД, Доналд Трамп, ќе добие еден од највредните подароци некогаш дадени на американската држава – луксузен авион „Боинг 747-8“, познат како „летечка палата“, кој ќе стане негов нов „Ер Форс Уан“.Според „Еј-Би-Си Њуз“, авионот е подарок од кралското семејство на Катар, а неговата испорака се очекува за време на претстојната посета на Трамп на Блискиот Исток. Авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ѕидови, позлатен мебел, спална соба, салони, конференциски простории, мермерни бањи и големо скалиште. Според извори на медиумот, Трамп го разгледал авионот во февруари на аеродромот во Вест Палм Бич и лично го одобрил. Пред крајот на неговиот мандат, авионот треба да биде предаден на фондацијата на претседателската библиотека на Трамп. Американскиот Устав забранува федералните функционери да примаат лични подароци од странски државници без согласност од Конгресот. Подароците со вредност над 480 долари се сметаат за сопственост на американскиот народ, а функционерите можат да ги задржат само ако ги откупат по пазарна цена, според податоците од Претседателската библиотека и музеј Роналд Реган. Трамп неодамна го критикуваше „Боинг“ поради доцнењето на испораката на два нови претседателски авиона, договорени во рамки на зделка од 3,9 милијарди долари. „Не ми се допаѓа што доцнат толку многу. Нема оправдување за тоа“, изјави тој во февруари. Според Си-Ен-Ен, вршителката на должноста шеф на набавки на американските воздухопловни сили, Дарлин Костело, изјави пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека испораката на двата авиона може да се одложи до 2027 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаПетрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупцијаСо скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието. Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter