ЕИБ Глобално инвестираше 835,2 милиони евра во Западен Балкан во 2022 година за нови проекти - Канал 5

ЕИБ Глобално инвестираше 835,2 милиони евра во Западен Балкан во 2022 година за нови проекти

 ЕИБ Глобално инвестираше 835,2 милиони евра во Западен Балкан во 2022 година за нови проекти кои имаат за цел да мобилизираат близу 3,5 милијарди евра инвестиции.

ЕИБ Глобално инвестираше 835,2 милиони евра во Западен Балкан во 2022 година за нови проекти

Годишни резултати на Европска инвестициска банка

Инвестициите на ЕИБ Глобално достигнаа 824 милиони евра на Западен Балкан во 2022 година, надополнети со грантови од 11,2 милиони евра,

- ЕИБ Глобално инвестираше 835,2 милиони евра во Западен Балкан во 2022 година за нови проекти кои имаат за цел да мобилизираат близу 3,5 милијарди евра инвестиции од нови инвестиции во регионот, придонесувајќи за реализација на Економско-инвестицискиот план

-Во рамките на својата специјално наменета филијала надвор од ЕУ, банката на ЕУ ја зголеми техничката поддршка за нови проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија

- Од 2020 година, инвестициите на банката во регионот достигнаа 2,5 милијарди евра, поддржувајќи ја одржливата зелена и дигитална транзиција на локалните економии

-Поддршката за малите бизниси, отворањето работни места и декарбонизацијата продолжија да бидат еден од приоритетите на Групата ЕИБ, како клучен партнер на приватниот сектор

Банката на ЕУ, преку нејзината филијала посветена на активности надвор од Европската Унија – ЕИБ Глобално, инвестираше 824 милиони евра низ Западен Балкан во 2022 година за да ги забрза одржливата поврзаност, чистата животна средина, зелената транзиција, дигитализацијата и растот на приватниот сектор. Овие проекти придонесоа за реализација на Економскиот и инвестицискиот план на Европската унија за регионот, како и иницијативата Global Gateway. Згора на тоа, банката мобилизираше грантови од 11,2 милиони евра за да иницира проекти за одржлив, урбан развој, енергетски ефикасни и обновливи извори на енергија. Најголемиот дел од новите договори се доделени за поодржлив, побезбеден и поефикасен транспорт – проекти за железница и водни патишта, кои изнесуваат 75 % од вкупното кредитирање минатата година, проследено со инвестиции во мали и средни претпријатија (МСП), проекција на животната средина и дигитализација.

Како еден од водечките актери на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ЕИБ Глобал продолжи да спроведува инвестиции во партнерство со Европската комисија, меѓународните финансиски институции и партнерите од Западен Балкан.Овој пристап во рамките на Тим Европа овозможува максимално искористување на финансиските ресурси кои се достапни за потребните инвестиции. Банката на ЕУ, исто така, дизајнираше иновативни финансиски инструменти, вклучувајќи мешавина од заеми, гаранции, советодавни услуги и грантови, во рамките на Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+), за поддршка на општините, производителите на електрична енергија, корпорациите, малите и средните претпријатија и комерцијалните банки со инвестиции во енергија, поврзување и дигитални сектори.

Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ, која е одговорна за Западен Балкан, изјави: „ Влијанието на нашето финансирање во регионот ја одразува нашата посветеност и упорност на групата ЕИБ во поддршката на Западен Балкан која се трае повеќе од 45 години. Во последните неколку години, Европа се соочува со испреплетени кризи што предизвикаа огромни социоекономски нарушувања. Во исто време, тие ја забрзаа зелената и дигиталната транзиција, поттикнувајќи ја ЕИБ да се врати на својата улога на контрацикличен инструмент на економската политика во рамките на иницијативата Тим Европа за да им помогне на локалните економиипобрзо да закрепнат и да ја приспособат инфраструктурата за да се справат со критичните предизвици во иднина.“

Од 2020 година, ЕИБ Глобално инвестираше 2,5 милијарди евра во Западен Балкан обезбедувајќи директна и конкретна поддршка за земјите кои помагаат долгорочно да се префрлат кон климатско неутрална, енергетски безбедна и инклузивна економија, истовремено справувајќи се со најнепосредните последици од кризата.

„Сега, планираме да го прошириме нашето учество во енергетскиот сектор со придонес во пакетот за енергетска поддршка на ЕУ од 1 милијарда евра, усвоен во декември 2022 година, со проекти за обновливи извори на енергија, изградба и модернизација на енергетска мрежа и капацитети за складирање“, истакна потпретседателката Павлова.

Иницирање проекти за климатски и урбан развој

Како климатска банка на ЕУ, над 80 % од 824 милиони евра потпишани во 2022 година отидоа на еколошки одржливи проекти, со што директно придонесуваат за климатските активности. Меѓу другото, средствата од заемите ќе овозможат изградба на железничкиот дел Белград-Ниш на Коридорот X во Србија, рехабилитација на *косовскиот дел од Европската железничка рута 10 и натамошно подобрување на пристаништата и инфраструктурата на водните патишта вдолж реките Сава и Дунав. Во Северна Македонија, ЕИБ Глобално ќе обезбеди финансирање за инфраструктурата за водоснабдување, отпадни води и заштита од поплави во 80 општини. За да се забрза дигитализацијата, доделени се дополнителни средства за проектот Поврзани училишта во Србија.

Покрај нејзиното финансирање, банката обезбеди и грантови од 11,2 милиони евра за подготовка и реализација на нови проекти. Во Босна и Херцеговина, техничката помош на ЕИБ Глобално ќе овозможи изградба на ветерна фарма од 50 MW во регионот Травник, забрзувајќи ја транзицијата кон обновливи и безбедни енергетски ресурси. Во Албанија, технички експерти финансирани од банката работат на проект за социјални станови во главниот град на земјата, како и на развој на инвестициски планови за окрузите Скадар и Леска за да помогнат во подобрувањето на поврзаноста, квалитетот на животната средина и туристичката понуда. Во Косово, консултантите на ЕИБ Глобално помагаат во подобрувањето на инфраструктурата и стандардите за високо образование.

„Како дел од Тим Европа, ЕИБ Глобално со задоволство го поддржува регионот во справувањето со урбаниот развој и инфраструктурните потреби на финансиски одржлив, социјално инклузивен и енергетски ефикасен начин. Овие грантови се дополнителен доказ за нашата посветеност да го поттикнеме енергетски безбедниот и климатско неутрален развој на Западен Балкан, неговото усогласување со стандардите на ЕУ и борбата против климатските промени“, изјави потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Клучен партнер на малите бизниси во регионот

Придонесот кон закрепнувањето на приватниот сектор, растот, создавањето работни места и декарбонизацијата продолжија да бидат во фокусот на групацијата ЕИБ во 2022 година. Во соработка со националните развојни институции и комерцијалните банки, банката обезбеди 150 милиони евра во форма на кредитни линии за малите и средните претпријатија за да им помогне да ги решат нивните потреби за ликвидност и инвестиции, а истовремено да се префрлат на климатски неутрален, инклузивен и дигитален модел.

Годинава официјално беше пуштена во употреба кредитната линија за финансирање на банката која го поттикнува женското претприемништво и инклузивните можности за работа низ целиот регион. Преку овој заем, банките партнери обезбедуваат финансиски награди за компаниите што се обврзуваат да вработуваат луѓе од ранливите социјални групи на долгорочна основа. Како одговор на актуелната енергетска криза, ЕИБ Глобално дизајнираше наменска кредитна линија за климатски и енергетски ефикасни проекти.

Конечно, Европскиот инвестициски фонд, дел од групацијата ЕИБ, го претстави „Гарантниот фонд за отпорност на МСП на WBEDIF“ финансиран со 60 милиони евра за да обезбеди пристап до финансии по поволни услови за околу 4.000 мали бизниси во регионот. Се очекува гаранцијата да отклучи портфолио од околу седум пати повеќе од доделените ресурси – околу 400 милиони евра, и да обезбеди значителна поддршка за локалните мали и средни претпријатија за пристап до кредити, зголемување на нивната отпорност и зајакнување на капацитетите додека се движат кон поодржлива економија со ниска потрошувачка на јаглерод.

Европска инвестициска банка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација.

На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта.

По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација.

Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници.

„Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев.

Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“

Под слоганот „Кисела Вода, заедно секој ден“, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од нејзиниот мандат. 

Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“

Како што истакна таа, уште од првиот ден нејзиниот основен принцип на работа е општината да не се раководи од изолирана канцеларија, туку директно од терен, низ постојан, отворен и искрен дијалог со граѓаните. Нејзиното управување, цврсто се темели на целосна законска издржаност, апсолутна транспарентност и брзо, ефикасно решавање на проблемите кои произлегуваат директно од секојдневните потреби на жителите.

Во својот отчет, градоначалничката посочи дека изминатиот период Општина Кисела Вода се зацврсти како ефикасен сервис кој испорачува реални резултати, без да маргинализира ниту една населба и населено место. Како клучни достигнувања во делот на инфраструктурата, беа посочени реализацијата на над 10 километри нов асфалт, поставувањето на 4,5 километри нова водоводна мрежа, како и изградбата на 1.200 метри атмосферска и 800 метри фекална канализација. Дополнително, на целата територија се заменети 4.900 стари светилки со ново ЛЕД осветлување.

Целосно се реконструирани сообраќајниците „Ѓорѓи Димитров“, „Саса“ со сите нејзини краци во Пинтија, „Томе Арсовски“, „Жил Верн“, улиците „527“, „Герника“, „Речиште“ и дел од „Киро Фетак“. Во делот на подземната инфраструктура, изградена е нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“, додека еден од најзначајните проекти е почетокот на изградбата на новиот водовод со резервоар во населбата Каменик. Нов крак од фекалната канализација е изведен во Пинтија, во тек е изградба на фекална мрежа во Бабин Дол, додека нова атмосферска канализација е поставена на улицата „Томе Арсовски“, паралелно со капиталната реконструкција на атмосферскиот „Црн Канал“ во Драчево. Се прави темелна реконструкција на објектите на месната заедница Пинтија и месната заедница Драчево, кои се наоѓаат во завршна фаза на реализација.

Особено внимание е посветено на воведувањето нови стандарди во комуналната хигиена. Системски се исчистени над 100 диви депонии од кои се собрани повеќе од 150 тони отпад, а воведено е и континуирано подигнување на кабастиот отпад директно од домовите на граѓаните. За првпат се поставени специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, основните училишта и градинките, каде веќе се собрани над 10 тони.

Во однос на грижата за најмладите, Стаменкоска Трајкоска информираше дека се отворени две нови градинки, „Верверичка“ и „Ѕвездички“, додека изградбата на третата нова градинка во Расадник е во завршна фаза. Паралелно се реализира и доградба на нови училници во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Континуирано се модернизираат сите училишта, па така во ООУ „Партенија Зографски“ комплетно се реновирани тоалетите, вклучувајќи и нов тоалет за инвалидни лица и поставена е нова интернет мрежа; во ООУ „Круме Кепески“ целосно е реновирана училишната кујна и трпезарија; а во подрачното ООУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е реализирана целосна енергетска реконструкција. За поддршка на семејствата, општината обезбеди 5.500 бесплатни комплети училишни униформи за сите основци и 550 целосно опремени ранчиња за сите првачиња.

На планот на спортот, како круна на заложбите се издвојува целосната обнова на култната спортска сала „Расадник“, која по децении запоставеност им е вратена на граѓаните, проект реализиран преку Министерството за спорт. Покрај ова, пуштена е во употреба и новоизградената спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, а паралелно, во соработка со Министерството за образование и наука, се гради новата сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и се врши темелна реконструкција на спортските сали во централните училишта „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“.

Општина Кисела Вода покажа и силен капацитет во социјалната заштита преку исплата на 12.000 денари за секое новороденче, финансиска поддршка од 10.000 денари за возачки дозволи за матурантите, како и преку воведувањето на системски бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата во соработка со Асоцијацијата „ГАСПАР“ и Здружението „Ајнштајн“. Дополнително, грижата за граѓаните и за енергетската ефикасност се потврдува преку редовните субвенции за набавка на пелети, печки на пелети, како и субвенции за обнова на фасади.

Културниот живот беше издигнат на високо ниво преку првиот детски музички фестивал „Киселко“ и домаќинството на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во двете кино сали на територија на општина Кисела Вода отворени во соработка со “Киноверзум”.

Во сферата на културното наследство, при археолошките ископувања во соработка со Националниот археолошки музеј и Конзерваторскиот центар - Скопје, откриен е доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упати особена благодарност за институционалното партнерство и поддршката, нагласувајќи дека ваквиот интензивен развој бара вистинска соработка. Таа изрази искрена благодарност до Советот на Општина Кисела Вода и до претседателката Светлана Колариќ, до сите советници кои недвосмислено го поддржаа растот на општината и застанаа зад добрите проекти, како и до општинската администрација, чиј труд и секојдневна посветеност ги реализираат овие процеси.

Беше истакнато дека огромен дел од овие капитални проекти се изведени благодарение на силната и безрезервна поддршка од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје. Но, пред и над сè, како што е наведено во отчетот, најголемата благодарност им припаѓа на граѓаните, бидејќи сите овие дела се директен резултат на предлозите и заедничката работа со нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

Паника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина.

Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС.

Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија.

П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка?

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер