3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
СудбинаЕгипетска водителка е осудена на смрт поради трговија со дрога Египетски суд ја осуди познатата ТВ водителка Сара Калифа и уште 11 други лица на смрт за производство и трговија со дрога во голем судски процес. 39-годишната Калифа беше обвинета за организирање криминална група која произведувала и продавала дрога, објавува „Гардијан“. Калифа е најпозната по нејзината емисија „Невозможна мисија“, која се занимаваше со теми за безбедноста и криминалот. Покрај нејзината телевизиска кариера, таа е сопственичка на клиника за естетска хирургија и продуцентска компанија за организирање настани. Судот во Каиро ги прогласи дванаесетте обвинети за виновни за формирање организирана криминална група. Според пресудата, групата набавувала суровини за производство на наркотици со цел да ги продава и поседувала нерегистрирано огнено оружје и муниција. Пресудата со која се наложува смртна казна со бесење е донесена по задолжителна консултација со големиот муфтија на Египет, постапка што е законски пропишана во случаите на смртна казна. Дозволена е жалба против пресудата. Државниот весник „Ахбар ел-Јом“ наведува дека обвинетите произведувале синтетички дроги и увезувале суровини од странство. Според весникот „Ал-Ахрам“, властите заплениле повеќе од 750 килограми наркотици и суровини. Истрагата, исто така, пронашла два стана што служеле како лаборатории, како и нерегистрирано оружје и муниција. Во посебна постапка, судот ги осуди Калифа и другите на пет години затвор за киднапирање и напад врз млад човек. Египетското законодавство применува смртна казна за убиство со умисла, тероризам, одредени кривични дела силување и трговија со дрога. Според податоците на Египетската комисија за права и слободи, во земјата во 2025 година биле изречени 541 смртни казни.Тагови: водителка дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 годинаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година.Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата. Според Сиљановска-Давкова, зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата 10 (Дигитална трансформација и медиуми) и 26 (Образование и културa), како и регистрираниот напредок во науката и истражувањето и заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за манифестиран и докажан институционален капацитет на државата во исполнувањето на европските стандарди. Таа очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесат видливи промени и напредок во Кластерот „Основи “. Во рамките на своите уставни надлежности, Сиљановска-Давкова истакна дека ќе продолжи да се однесува реформаторски, придонесувајќи за јакнењето на демократијата. Претседателката потсети дека извештајот треба објективно да го прикажува реализирањето на Копенхашките критериуми, а не на наметнатите билатерални политички услови, спротивни на европските вредности и принципи утврдени во европските уставни акти. За неа, нашето изоставување од групата на земји предводнички во процесот на проширувањето, не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до македонската јавност. Сиљановска-Давкова уште еднаш повика на еднаков третман на сите земји-кандидатки во пристапниот процес. Според неа, потребни се политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотКоперник: Речиси е сигурно дека оваа година ќе биде втората најтопла во историјатаСпоред европската служба за следење на климата „Коперник“ (Copernicus), глобалните температури оваа година речиси сигурно ќе надминат 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.Со тоа, 2026 година би станала втората година во историјата на мерењата што го надминува овој праг, по рекордната 2024 година. Според најновите податоци од „Коперник“, постои голема веројатност 2026 година да биде втората најтопла година откако се вршат мерења. Исто така, постои веројатност од околу 20 отсто таа да го израмни или надмине моменталниот температурен рекорд поставен во 2024 година. Се очекува затоплувањето да биде меѓу 1,56 и 1,61 степен „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2026 година ќе биде за 1,56 до 1,61 степен повисока отколку во прединдустрискиот период (1850–1900 г.). Нивниот статистички модел покажува веројатност поголема од 99 отсто дека температурата оваа година ќе го надмине прагот од 1,5 степени. Особено загрижувачка е проценката дека четиригодишниот просек за периодот 2023–2026 година, исто така, ќе надмине 1,5 степени над прединдустриските нивоа. Сепак, една година – па дури и неколку години – со температури над овој праг не значи автоматски дека долгорочната цел на Парискиот договор е официјално надмината. Октомври беше најтопол досега „Коперник“ објави дека октомври 2023 година бил најтоплиот октомври некогаш забележан на глобално ниво. Просечната глобална температура изнесувала 15,35 степени Целзиусови, што е за 1,75 степени над прединдустрискиот просек. Во споредба со периодот 1991–2020 година, октомври бил за 0,90 степени потопол. Ова беше трет месец по ред во кој глобалната температура го надмина прагот од 1,5 степени во однос на прединдустрискиот период. Температурите на површината на морето, надвор од поларните региони, исто така достигнаа рекордни вредности. Просечната температура на морето во октомври достигна 20,95 степени – највисоката вредност некогаш забележана за тој месец. „Ел Нињо“ дополнително ги зголемува температурите Покрај долгорочното затоплување предизвикано од човечката активност, за овогодинешниот пораст на глобалните температури придонесува и исклучително силниот „Ел Нињо“. Станува збор за природен климатски феномен поврзан со затоплувањето на површинските води во тропскиот дел на Тихиот Океан, што може привремено да предизвика дополнителен пораст на глобалните температури. „Октомври го продолжи трендот на исклучителна глобална топлина, со рекордно високи глобални температури и температури на површината на океаните. Исклучително силниот ’Ел Нињо‘ додава дополнителна топлина на климата која е веќе загреана од човечките активности, а 2026 година е на пат да стане втората календарска година што ќе го надмине прагот од 1,5 степени“, изјави Саманта Бурџес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози. „Особено е значајно тоа што се очекува и четиригодишниот просек да надмине 1,5 степени, што покажува колку долготраен станал овој период на глобална топлина“, додаде таа. Што значи надминување на границата од 1,5 степени? Според Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, државите се обврзаа да го задржат глобалното затоплување значително под два степена во однос на прединдустриските нивоа, истовремено настојувајќи да го ограничат порастот на температурата на 1,5 степени. Границата од 1,5 степени се однесува на долгорочното глобално затоплување, а не на температурата во која било поединечна година. Следствено, надминувањето на овој праг се проценува врз основа на повеќегодишни – односно долгорочни – просеци. ОН веќе предупредија дека е многу веројатно светот да се соочи со привремено надминување на оваа цел. Колку е поголемо затоплувањето и колку подолго трае, толку е поголем ризикот од екстремни временски настани и неповратни промени во климатскиот систем. Според податоците на „Коперник“ (Copernicus), температурите во првите десет месеци од 2026 година се веќе доволно високи, така што надминувањето на прагот од 1,5 степени за целата година е речиси сигурно. Извор: Индекс.хрТагови: клима Коперник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаУнгарија крена борбени авиониУнгарија денеска трипати крена борбени авиони за да придружуваат патнички летала во својот воздушен простор, откако биле упатени закани за поставени бомби.Според официјални лица, два од загрозените авиони, кои летале кон Софија, безбедно слетале. Унгарскиот министер за одбрана, Ромулус Русин-Сенди, изјави дека борбените авиони првично биле испратени по закана упатена кон лет на „Виз ер“ од Брисел кон Софија. Подоцна, тие биле кренати уште двапати како одговор на летови што полетале од Прага, а се упатиле кон Кипар и Букурешт, пренесува „Гардијан“. Бугарското Министерство за транспорт соопшти дека биле примени закани за бомби и за два лета кон Софија – кои доаѓале од Лондон и Брисел – при што и двата авиона безбедно слетале. Меѓу леталата подложени на безбедносни проверки бил и авион на романскиот превозник „Таром“, кој летал од Прага кон Букурешт. За време на летот, екипажот го активирал кодот „7700“, што означува општа вонредна состојба. Авионот безбедно слетал во Букурешт. Подоцна било утврдено дека заканата била неоснована. Денеска, најмалку 17 патнички авиони ширум Европа биле опфатени со серија закани за поставени бомби. Со тоа, вкупниот број на патнички авиони кои биле цел на вакви закани во Европа од почетокот на неделата, достигна најмалку 27.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook