МакедонијаЕЕА: Во Македонија постои институционална поддршка за подобрување на заштитата на животната средина - Владата постигна значителен напредок во усогласувањето на својата законска и регулаторна рамка со европското законодавство и е посветена на продолжување на напорите за зачленување во ЕУ, се вели во документот. Во Македонија постои силна институционална поддршка за забрзување на имплементацијата на новите законски рамки усогласени со ЕУ, за значително подобрување на заштитата на животната средина, се наведува во денеска објавениот Извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за состојбата со емисиите на штетни гасови и загадувањето во Европа во изминативе пет години, во делот посветен на земјава. - Владата постигна значителен напредок во усогласувањето на својата законска и регулаторна рамка со европското законодавство и е посветена на продолжување на напорите за зачленување во ЕУ, се вели во документот. Во извештајот се посочува дека за земјата се значајни искуствата на ЕУ, дека таа обезбедува национални стимулации за поддршка на растот на органското производство, продажбата и профитот и нејзините институционалните рамки и понатамошната поддршка се очекува да го заштитат и обезбедат растот. Според ЕЕА, производството на храна, кое е третата најважна економска активност во земјата, е тесно поврзано со еколошките и социјалните предизвици. - Земјоделството има е централно место во националната стратегија за модернизација на производството, задоволување на домашната побарувачка и подобрување на квалитетот на производите за извоз. Националните цели вклучуваат поттикнување на одржливата потрошувачка, промовирање здрава исхрана и подобрување на системите за преработка на храна, малопродажба и извоз. Усогласувањето со стандардите на ЕУ останува клучно за подобрување на квалитетот на храната и пристапот до европскиот пазар, со тековни реформи за справување со предизвиците при интеграцијата во ЕУ, се вели во извештајот. Дополнителен предизвик за македонскиот земјоделски сектор, според Агенцијата, претставува урбанизацијата и стареењето на населението, имајќи предвид дека 58 отсто од населението живее во градовите, а земјоделството ангажира само 14 проценти од работната сила. - На овие предизвици се надоврзуваат климатските промени, загадувањето, деградацијата на земјиштето и губењето на биолошкиот диверзитет, наметнувајќи потреба од одржливи практики. Координацијата на политиките и институционалната соработка се од витално значење за решавање на овие системски проблеми. Користењето на енергија од обновливи извори е клучно за поддршка на напорите за намалување на еколошкиот отпечаток на земјоделството. Но, и покрај предизвиците, секторот покажа отпорност за време на економски кризи, истакнувајќи ја важноста на континуираната соработка меѓу властите, невладините организации и локалните заедници за изградба на одржлива и просперитетна иднина за земјоделството во Македонија, се оценува во извештајот. Според ЕЕА, анализите на експертските сценарија покажуваат дека шумарството придонесува за најголемо намалување на емисиите на стакленички гасови во секторите земјоделство и користење на земјиштето, промена на користењето на земјиштето и шумарство. Агенцијата посочува дека со спроведување на постојните мерки, овие емисии до 2040 година потенцијално би можеле да се намалат за 50,5 отсто, но за да се постигне тоа во периодот до тогаш се потребни околу 93 милиони евра инвестиции. - За жал, далеку сме од постигнување на целта за значително намалување на вкупното производство на отпад на национално ниво. Сепак, се развива нова стратегија и план за управување со отпадот. Затоа, постојното законодавство за отпад е императив кога станува збор за подобрување на управувањето со отпадот, се вели во документот. Извештајот наведува дека врз основа на анализа на податоците во периодот 2018-2020 година, се проценува дека поради изложеност на лош квалитет на воздухот во земјава годишно се губат околу 3.800 животи, што претставува 17,7 отсто од вкупната смртност на населението. - Светската банка процени дека економските загуби и трошоците од овие ефекти изнесуваат помеѓу 5,2 и 8,5 отсто од бруто националниот производ во 2016 година, се потенцира во извештајот. Според ЕЕА, потребно е и целосно спроведување на Рамковната директива за водите, заедно со континуирано обезбедување на висок квалитет на водата за пиење, при што напорите мора да бидат насочени кон справување со предизвиците поврзани со третманот на отпадни води. Агенцијата оценува дека во македонската јавност се зголемуваат ставовите во корист на одржливоста, при што особено поголема свест за зелените практики се нотираат во урбаните средини и кај припадниците на помладите генерации. За разлика од ова, руралните заедници често се спротивставуваат на промените, поради економски ограничувања и традиционални начини на живот. Во извештајот се додава дека загриженост предизвикува и енергетската сиромаштија, која влијае на 23,85 отсто од домаќинствата што е значително над просекот во ЕУ од 7,5 проценти, а доколку не се применуваат целни политики, зелената транзиција може да резултира со продлабочување на оваа разлика. - Земјата ги усогласува своите економски политики со стандардите на ЕУ, воведувајќи стимулации за проекти за енергија од обновливи извори и подобрувања на енергетската ефикасност. Пресвртница беше издавањето на првата Зелена обврзница во октомври 2023 година, вредна 10 милиони евра, за зелени иницијативи, се наведува во извештајот. Во документот се посочува и дека бруто додадената вредност во секторот за еколошки стоки и услуги пораснала од 0,68 отсто од нивото на БДП во 2020 година, на 1,63 проценти во 2021 година. - Сепак, вработеноста во секторот (1,38 отсто) останува далеку под просекот на ЕУ (2,45 проценти), што е сигнал за неразвиен пазар. Уделот на енергија од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија беше само 17,8 отсто во 2022 година, што ја истакнува континуираната зависност од фосилни горива и потребата од посилни инвестиции во обновливи извори на енергија, проценува ЕЕА. Документот нотира и дека македонската финална потрошувачка на енергија бележи раст од 1,1 отсто годишно, наместо да се намалува, па затоа се потребни значителни напори за промена на овој тренд. Според извештајот, поголемите компании, особено оние со меѓународни врски, усвојуваат еколошки и социјални програми, но повеќето мали и средни претпријатија немаат ресурси за иницијативи за одржливост, честопати гледајќи на нив како финансиски товар. - Трошоците за заштита на животната средина достигнаа највисокото ниво од 1,7 отсто од БДП во 2018 година, но голем дел од средствата се фокусираа на управување со отпадот, а не на пошироки зелени напори. Овие предизвици ја нагласуваат потребата од поголема поддршка за да им се помогне на бизнисите да придонесат кон транзицијата, се додава во документот. Затоа, според ЕЕА, земјата мора да работи на обезбедување на фер зелена транзиција, преку справување со социјалната нееднаквост и поддршка на ранливите групи. - Социјално инклузивната зелена транзиција е од витално значење за да се обезбеди дека нејзините придобивки се распределуваат подеднакво низ сите заедници, смета Агенцијата. Во делот на транспортот се нагласени заложбите за подобрување на јавниот градски превоз во Скопје, вклучително и преку набавка на 313 нови автобуси кои се усогласени со европските стандарди за емисии на штетни гасови. - Општините активно воведуваат субвенции за стимулирање на движењето со велосипеди, како еколошки начин на превоз на граѓаните и обезбедуваат средства за подобрувања на пешачката и велосипедската инфраструктура со тековни проекти за тротоари, велосипедски патеки и сродни објекти. Неодамна, Министерството за транспорт и врски финансираше 78 километри пешачки и два километри велосипедски патеки во различни општини, во вкупна вредност од 1,4 милиони евра, се додава во документот. Според ЕЕА, се очекува во следните три години велосипедската мрежа во Скопје да се зголеми за 30 до 50 проценти, а бројот на оние кои се движат со велосипед да порасне за пет отсто. Агенцијата наведува дека бројот на електрични патнички возила во земјата останува мал, со само 451 регистрирано возило во 2022 година. - За да се поттикне увозот на возила со чиста технологија, Владата го забрани увозот на возила што не ги исполнуваат стандардите Eуро 4 и воведе нов метод за пресметка на данокот за увоз на возила што ги фаворизира возилата со пониски емисии на јаглерод диоксид, се додава во извештајот на ЕЕА. Тагови: ЕЕА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДецата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неаСпоред студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина. На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината. По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна. Истражувањето продолжува Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци. За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето. Извор: Индекс.хрТагови: ултра-преработена храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?„Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, му презентираше видео на гувернерот Трајко Славески. „Половина милион луѓе го виделе ова видео и слушнале од телевизиска дебата дека името Алта доаѓа од Александар Вучиќ и Тамара, неговата втора сопруга, верувам сте го виделе и вие“- му рече Лукаревска на Славески: „Може ли еден ситен сопственик на една менувачница да стане милијардер? Може, ако татко на таа банка е Александар Вучиќ. Сега ќе кажам една атомска бомба од извори од Белград. Што е тоа Алта – Александар и Тамара, втората жена на Вучиќ“, се наведува во видеото. Лукаревска отвори прашања за издадената согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград, посочувајќи дека постојат сериозни сомнежи во однос на репутацијата на сопственикот и исполнувањето на законските услови. „Имате издадено согласност за купување на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград на лице кое не поседува репутација, со што се загрозува сигурноста на банката, кршејќи го Законот за банки“, рече Лукаревска. Таа посочи и на постапувањето на Европската централна банка во врска со поврзани лица на сопственикот на Алта банка, наведувајќи дека во август 2024 година биле изречени мерки за одземање на управувачките и гласачките права во Адико банка, како и парични глоби и забелешки за транспарентноста на сопственоста и потеклото на средствата. „Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска. Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. „Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16