Едногласна европска поддршка за Договорот од Преспа

Лидерите на Европската Унија и на Западен Балкан на синоќа завршениот Самит во Лондон упатија едногласна поддршка за Договорот од Преспа и неговата имплементација 

Лидерите на Европската Унија и на Западен Балкан на синоќа завршениот Самит во Лондон во рамки на Берлинскиот процес покрај потврда на заложбата за зајакнување на регионалната соработка, упатија и едногласна поддршка за Договорот од Преспа и неговата имплементација со оценка дека храброста на премиерите Заев и Ципрас е модел за решавање и на најсложени билатерални прашања.

Премиерот Заев, кој на Самитот ја предводеше македонската владина делегација, имаше обраќање на панелот на тема „Надворешна политика, билатерални прашања и наследство од минатото“, со кој претседаваше британската премиерка, каде посебно место доби токму Договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји, потпишан на 17 јуни во Преспа. На сесијата, тој истакна дека Договорот всушност, е најдобриот придонес за нови модели на однесување и за воспоставување нови пријателства и односи меѓу државите и политичарите.

- Со премиерот Ципрас избравме да оставиме решенија, како траги зад нас. Решенија за нашите граѓани и за нашите општества, а не за нас, и за нашите политички партии. Такви се лидерите на Европа. Што ќе беше Европа денес ако не беа лидерите кои на политичката сцена излегуваа со траги за паметење, траги заради кои ние денеска ги уживаме плодовите на нивното визионерство? Што ќе беше Европа денес ако на политичката сцена излегуваа самобендисани и самодоволни, кусогледи политичари, без визија?“, нагласи премиерот Заев.

Тој изрази благодарност за континуираната поддршка што на овој процес му ја даваа лидерите на земјите членки на ЕУ, поддршката на лидерите на ЕУ, и за поддршката на лидерите на нашите соседи и пријатели од Западен Балкан. Воедно, ги повика земјите од Западен Балкан да се обединат околу регионалната соработка и околу фактот дека историјата е значаен дел од нашите идентитети, но никогаш не може да го заземе местото на нашата иднина.

На Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон премиерот Заев имаше средба со претставниците на Охридската група, пријатели и поддржувачи на Македонија, предводени од поранешниот генерален секретар на НАТО сер Џорџ Робертсон на која тие порачаа дека напредокот на Македонија немаше да биде можен ако не беше храброто лидерство и успешната реализација на реформите.

На средбите искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации ја нагласиле историската важност за постигнатиот договор со Грција кој ги отвори вратите за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Потенцирале дека пред земјата е единствена шанса за трајно стабилизирање и за остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, кои гарантираат економски напредок и демократски институции.

Шефот на македонската дипломијата Никола Димитров вчера на дебата што се одржа во рамки на Самитот „ЕУ - Западен Балкан“ во Лондон, одговарајќи на прашање нагласи дека референдумот претставува историска крстосница и оти големи се шансите дека граѓаните ќе го поддржат договорот.

- Една од главната лекции во минатото ни беше како национализмот се користеше за покривање на корупцијата и злоупотребата на службената должност. Ова е борба меѓу минатото и сегашноста, национализмот и патриотизмот, чувството дека сме жртва, дека соседите се лоши. Ќе го сториме најдоброто и верувам дека ќе биде доволно. Верувам дека луѓето во Македонија во минатото правеле мудри избори на вакви историски крстосници. Подобро е опозицијата повеќе да мисли на земјата, отколку на својата политичка кариера, но сите ќе созрееме во тој процес, рече Димитров. /МИА

Полска ја зајакнува границата кон Русија и Белорусија

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска изјави дека почна осовременувањето и утврдувањето на источна граница со Белорусија и Русија, за што се наменети 2,3 милијарди евра.

- Тој план за одбрана и одвраќање го нарековме „Штит на Истокот“ … кој ќе нè брани од потенцијалните напади од исток, но пред сè ќе има за цел да го одврати непријателот. Системот на утврдувања, зајакнување, модернизирањето на 400 километри од границата со Русија и Белорусија ќе биде фактор на одвраќање, стратегија да се избрка војната од нашата граница, истакна Туск.

Тој најави дека следната недела ќе објави нови мерки за спречување провокации, саботажи и диверзии во рамките на хибридните напади од Русија и од Белорусија.

Зборуваме за потребата да се изгради силна држава, отпорна на саботажи и саботажи. Полска ќе биде отпорна држава и безмилосна до болка кон секој што ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во нашата земја, наведе Туск. Претходната влада на конзервативната партија Право и правда на границата подигна ограда висока повеќе од пет метри за да ги запре мигрантите.

Полска без оглед кој е на власт тоа го третира како руски и белоруски хибриден напад и обид за префрлање на десетици илјади бегалци во Полска со цел да се дестабилизира земјата но и другите членки на Европска Унија./МИА

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

По копнениот напад на руската армија приближно 10.000 луѓе се евакуирани од областа Харков, североисточна Украина.

Гувернерот на Харков, Олег Синегубов наведе дека украинската армија одбила два обиди за пробивање на одбраната во текот на ноќта, но оти ситуацијата е „под контрола“.

Руските сили нападнаа неколку градови, вклучувајќи го и Вовчанск, на само пет километри од границата.

Во периодот од 9 до 15 мај руските сили зазедоа 278 квадратни километри украинска територија, што е најголем напредок од крајот на 2022 година./МИА

Лидерите на ВЛЕН на средба со Курти во Приштина

Додека завршуваат разговорите за формирање на новата влада во Скопје, денеска во Приштина се одржува средба меѓу лидерите на коалицијата ВЛЕН и премиерот на Косово, Албин Курти, најавија партиски извори.

Според овие извори, Арбен Таравари, Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и Беким Ќоку денеска во Владата на Косово биле примени од премиерот Курти.

Тема на разговорите, ќе биде соработката меѓу владата на Косово и новата влада во Македонија.

Извор: Лидери.мк

притисни ентер