„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
1„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
ЗабаваЕдна од најубавите жени на Олимписките игри: Кариерата на топ модел ја замени со спорт (фото)Го собори личниот рекорд.Колин Квигли има 23 години и била успешна манекенка. Оваа убавица од Мисури работела за многу славни дизајнери, а нејзиното совршено тело било на насловните страни на многу модни магазини. Сепак, таа се одлучила да ја замени оваа кариера за спорт. I'm officially an Olympian!! Qualified for the finals in the steeple Monday morning at 11:15am local time. Thanks to everyone back home who tuned in early this morning to cheer me on! I had a blast out there repping my family, St. Louis, Florida State, the Bowerman Track Club, my sponsors and Team USA!! Resting these "leggies" all day tomorrow for the big one! #TeamUSA #Olympian #Rio2016 #leggies A photo posted by Colleen Quigley (@steeple_squigs) on Aug 13, 2016 at 5:17pm PDT „Мојата вистинска љубов е стиплчез, трка на три илјади метри со препреки“ – изјави во една прилика Колин. So happy to have my family in Rio to help me celebrate today!! Mom and Dad, bro and sis, Kevin, and Uncle Dennis and Aunt Kellie- thank you guys for coming all the way down to Rio to cheer me on this week! Also huge thanks to everyone at home who tuned in to watch, especially my alma mater @nerinxhall for creating a special schedule on the first day of school so everyone could watch- so cool! It's been an amazing experience competing in my first Olympic Games. I'm spending the next few days soaking it all up and exploring with the fam then ✈ to Europe for some fast racing! #Olympics #✔ #justdidit #thankyou #somuchlove 💗 A photo posted by Colleen Quigley (@steeple_squigs) on Aug 15, 2016 at 3:31pm PDT Оваа недела се натпреваруваше на Олимписките игри во финалето. Успеа да го собори личниот рекорд и да го заземе осмото место. Иако имаше извонредно издание, сепак светските медиуми најмногу беа воодушевени од нејзината природна убавина. Follow my pre-race day routine in Rio on snapchat today via @glamourmag! #snapchattakeover👻 #selfies👱 #Rio2016 A photo posted by Colleen Quigley (@steeple_squigs) on Aug 12, 2016 at 5:30am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАнџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија.Според судските документи на кои се повикуваат холивудските медиуми, четири од нивните шест деца законски го промениле своето презиме од Џоли-Пит во Џоли. Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија, која трае од почетокот на нивниот бурен развод. „Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија претставниците на холивудските ѕвезди во заедничка изјава. Двојката купи контролен удел во имотот Шато Миравал во 2008 година и се венчаа таму шест години подоцна. Во тужбата, Пит тврди дека Џоли, го продала својот удел во винаријата на руски милијардер без негова дозвола. Таа поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит дека во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца во приватен авион во 2016 година, што му претходеше на нејзиното поднесување барање за развод. Спогодбата објавена во среда ги реши нивните правни постапки едни против други. - Сите коментари во медиумските написи што се припишуваат на „извори“ всушност не доаѓаат од ниту еден од нас, ниту од некој близок до нас - изјавија нивните претставници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинГрижата за себе не треба да чека: Flex Group го одбележува Месецот на машкото здравјеКолку често ги прашуваме колегите како се, а колку често навистина застануваме да го слушнеме одговорот? Зад едно вообичаено „Добро сум“ понекогаш се кријат замор, грижи, здравствени проблеми или преглед што со месеци се одложува. Мажите често се навикнати да бидат оние на кои другите се потпираат. Да најдат решение, да преземат одговорност, да бидат поддршка за семејството и за колегите. Но, во сето тоа, неретко забораваат дека и ним им е потребна поддршка и дека грижата за сопственото здравје не треба да чека некој послободен ден. Токму затоа, во Flex Group и оваа година традиционално го одбележуваме ноември – Месецот на машкото здравје. Со оваа иницијатива сакаме да ги охрабриме нашите колеги да одвојат време за себе, да не ги одложуваат превентивните прегледи и отворено да разговараат за своето физичко и ментално здравје. Голем дел од денот го поминуваме заедно на работното место. Ги споделуваме професионалните успеси, предизвиците, но и многу моменти од приватниот живот. Затоа, во Flex Group веруваме дека одговорноста на една компанија кон своите вработени не завршува со создавањето услови за професионален раст и развој. Таа подразбира и градење работна средина во која здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот на секој поединец имаат значајно место. Одбележувањето на Месецот на машкото здравје е дел од нашата организациска култура. Сакаме нашите колеги да знаат дека нивното здравје е подеднакво важно како и нивниот професионален успех. Дека е во ред да побараат поддршка, да одвојат време за преглед и да зборуваат за она што ги загрижува. Ако со оваа иницијатива поттикнеме барем еден колега да го закаже прегледот што долго го одложува или да започне разговор за нешто што досега го премолчувал, тогаш одбележувањето на овој месец има вистинска смисла. Затоа што зад секоја работна позиција, секој постигнат резултат и секој професионален успех стои човек, чие здравје е поважно од која било деловна цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Култура„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во СкопјеИзвонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско лето“, надвор од официјалната фестивалска програма. Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, што ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера. Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и на Џулијардската школа. Намерата, според организаторите, е одржувањето концерти во текот на целата година да прерасне во традиција, како благодарност до публиката и поддржувачите на фестивалот, но и како можност за продолжување на средбите со врвни уметници и надвор од фестивалските денови. „Со овие концерти сакаме да покажеме дека „Охридско лето“ не живее само во текот на фестивалските денови, туку дека нашата мисија продолжува во текот на целата година. На овој начин ја прошируваме нашата концертна дејност, отвораме можности за нови уметнички соработки и ѝ овозможуваме на публиката да ужива во настапите на еминентни музички имиња, надвор од летниот период. Особено ни е важно оваа иницијатива да прерасне во традиција и „Охридско лето“ да продолжи да биде значаен дел од културниот живот и во текот на годината“, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Посебно значење на концертот му дава и застапеноста на дела од американски композиторки, кои ќе бидат изведени премиерно пред македонската публика. Со вклучувањето на нивното творештво во концертната програма, „Охридско лето“ ја истакнува важноста на родовата инклузивност во класичната музика, отвора простор за поголема видливост на жените-композиторки и придонесува кон афирмација на разновидни современи музички изрази. „Особено ни е важно што со овој концерт пред македонската публика премиерно претставуваме и дела од американски композиторки, како определба да ја истакнеме родовата инклузивност во класичната музика. Со тоа сакаме да ја збогатиме понудата за публиката и да поттикнеме интерес за творештвото на авторки чии дела заслужуваат да бидат почесто присутни на концертните сцени“, додава Цуцковски. Kонцертната година во рамки на „Охридско лето“ ќе биде заокружена на 7 декември во Охрид, со предновогодишен концерт кој ќе биде музички подарок за градот и охриѓани. На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37