2 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаЕдна недела до ставањето на системот Сејф-Сити во функцијаЗа една недела започнува со функционирање најамбициозниот систем за безбедност во сообраќајот досега – „Сејф Сити“ , во Скопје, Тетово и Куманово. Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека утре камерите ќе се калибрираат и во овие два града. -Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе трае приближно од 15 до 30 минути. За време на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта. - Министерство за внатрешни работи Сепак, дел од локалните тетовски медиуми предупредуваат дека градот се уште не е подготвен за Сејф сити бидејќи низ улиците ги нема потребните предупредувачки сообраќајни знаци како и знаците за брзина, без кои казнувањето на возачите ќе биде нелегитимно. Сомнеж во соодветноста на системот поради неусогласени одредби како застарени сообраќајни елаборати, вчера во собранието изразија пратениците од СДСМ и ДУИ кои не гласаа за законот. Од ВМРО ДПМНЕ пак обвинуваат дека овие две најголеми опозициски партии од македонски и албански блок, се здружиле против, како што велат, безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот, а статистиката покажува дека „Сејф сити„ е корисен. -СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Првиот ден кога стартуваше, беа регистрирани околу 110 илјади прекршоци, а за само 24 часа бројката на сообраќајните прекршоци е намалена за половина или на околу 50 илјади прекршоци. Во декември 2025 година и јануари оваа година, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи.- Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Додека од ДУИ пак се жалат дека пораките за сторени прекршоци не биле двојазични поради кои и не гласаа за законот, граѓаните добиваат измамнички СМС пораки со лажен линк за уплата за наводни прекршоци од Сејф сити. Од МВР апелираа граѓаните да не наседнуваат на измамниците со споделување на своите лични податоци. -СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат https://safecountry.mvr.gov.mk...- МВР Пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола/регистрација и непрописно запирање и паркирање се четирите сообраќајни прекршоци кои Сејф сити автоматски ќе ги санкционира. Доколку казната се плати во рок од осум дена, ќе изнесува 50 проценти помалку. Три забрани за управување во четири години, ќе значат губење на возачката дозвола. Глоби за прекршоци: Пречекорување на дозволената брзина во населено место 300 евра за пречекорена брзина од 30 до 50 km/h и забрана на управување на моторно возило од 3 до 12 месеци 50 евра за пречекорена брзина од 10 до 30 km/h Минување на црвено светло 250 евра парична казна и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци Непрописно запирање и паркирање 45 евра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАБА-лигата бара нови судии: Познати услови и рокот за пријавување Регионалната кошаркарска АБА-лига распиша конкурс за нови судии кои во иднина би можеле да ја делат правдата во регионалното кошаркарско натпреварување.Право на пријавување имаат судии кои имаат најмалку 25 години и пет сезони искуство на највисокото ниво од домашното првенство или на меѓународната сцена. Од кандидатите се очекува добро познавање на англискиот јазик и соодветна физичка подготвеност, а сите пријавени ќе треба да поминат низ неколку стручни проверки. Процесот на селекција ќе вклучува тест за правилата на кошарката, анализа на спорни и карактеристични ситуации од натпревари, проверка на познавањето на англискиот јазик, физичко тестирање и интервјуа со кандидатите. Заинтересираните судии можат да поднесат пријави најдоцна до 21 септември, до 15:00 часот. Регионалното натпреварување исто така ги објави судиските хонорари за сезоната 2026/27, кратко откако во јавноста се појавија информации дека Здружението на судии на АБА-лигата побарало значително подобрување на материјалната и правната положба на судиите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
СветАвстралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжуваМажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News. „Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството. „Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“ A swimmer was taken by a shark while on a morning swim with a mate. The victim was just metres from shore, when the giant predator attacked. https://t.co/Y4wWOxYbvd — 7NEWS Queensland (@7NewsBrisbane) September 18, 2026 Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент. Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил. Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива. „Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис. Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа. Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.Тагови: Австралија ајкула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин: Русија нема агресивни намери кон ЕвропаРусија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики. „Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24