3Мицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат
И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
2И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
МакедонијаЕдна корисничка и две вработени во Дом за стари лица во Куманово позитивни на Ковид 19Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто" во Куманово се позитивни на коронавирус, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.-Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација– изјави директорот на установата, Дејан Стојановски. Во домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените. Од почетокот на ширењето на вирусот, додава Стојановки, преземени се мерки и вработените користат заштитна опрема. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМафијата криела над 3 милиони евра во ѕидови и под на стан кај Неапол- уапсени се 34 лица (ВИДЕО)Италијанската полиција пронајде 3,2 милиони евра во кеш скриени во ѕидовите, подовите и мебелот на стан во близина на Неапол. 34 лица се уапсени во голема операција против мафијата, објави Ил Матино. Парите беа откриени во населбата Каивано, а стануваше збор главно за банкноти од 50 евра. Тие беа завиткани во целофан и наредени под подни и ѕидни плочки и во фиоки од плакарот. Полициските службеници ги извадија сноповите пари во пластични кофи и ги префрлија во оклопно возило. За време на претресот, беа пронајдени и 11 луксузни часовници „Ролекс“, оружје и опрема за кои полицијата вели дека се користеле за продажба на дрога. Акцијата следеше по повеќемесечна истрага предводена од обвинителот за борба против мафијата во Неапол, Никола Гратери. Меѓу другото, истражителите ги прислушкуваа мобилните телефони на затворените членови на криминални групи. Гратери рече дека нивните мобилни телефони биле внесени во затворот од членови на семејството. Кланот е толку силен во градот што владата е ставена под судска администрација. „Само во еден дом, запленивме 3,2 милиони евра во готово, како и вредни часовници“, рече Гратери. Полицијата, исто така, добила информации за скриените пари и криминалната група од информатори кои дале изјави во замена за заштита. Полицијата вели дека уапсените се поврзани со кланот Анџелино. Со текот на времето, овој клан го зајакнал своето влијание во Каиван толку многу што локалната самоуправа била ставена под судска администрација минатата година. Истрагата, исто така, го открила наводниот начин на организирање на криминални активности. Обвинителот Гратери го опишал нивниот модел на работа како „претприемачки“, каде што луѓето работеле во смени и организирале трговија со дрога и изнуда. Против 34 уапсени лица се покренати сомневања за приклучување кон мафијашка организација, трговија со дрога, изнуда и поседување дрога за продажба. View this post on Instagram A post shared by Prima Tivvù - Canale 17 (@primativvu_canale_17) Акцијата предизвика политички реакции Пронајдените пари ќе бидат уплатени во Италијанскиот фонд за правда, кој финансира помош на жртвите на организиран криминал. Акцијата, исто така, предизвика политички реакции. Опозицијата го искористи случајот за да ја критикува владината програма „Каивано“, која беше започната во 2023 година за реновирање на запоставени области и борба против криминалот. Обвинителот Гратери, исто така, се осврна на проблемот со финансирањето на полициското прислушување. Тој иронично рече дека запленетите 3,2 милиони евра би можеле да ги покријат трошоците за прислушување во Неапол во текот на цела година.Тагови: мафија Неапол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
ЕвропаДали Британија се враќа во Европската Унија?!Британскиот премиер Енди Барнам денеска изјави дека негов моментален приоритет е „обнова на мостови со европските сојузници“, но дека не ја исклучува можноста Обединетото Кралство (Велика Британија) повторно да се приклучи на Европската Унија .Барнам, кој ќе го одржи својот прв состанок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник не ја исклучи можноста за вклучување на пресврт во Брегзит во следниот манифест на Лабуристите, објави Гардијан. Andy Burnham has refused to rule out a pledge to rejoin the EU in a future Labour manifesto, stating questions about renewed membership were “for another day”. 🔗: https://t.co/AJZH7pEWHm https://t.co/6pWNcl80Jq — The Telegraph (@Telegraph) September 22, 2026 Тој рече дека земјата прво треба да се фокусира на обезбедување поблиски трговски врски со ЕУ. „Она што треба да го направиме сега е да преминеме на следното ниво во однос на постигнување практичен договор што дополнително ќе ја поттикне британската економија и тие прашања се од суштинско значење“, рече Барнам. Граѓаните на Велика Британија гласаа на референдум во 2016 година за напуштање на ЕУ, а во 2020 година земјата официјално ја напушти унијата.Тагови: Британија Европската Унија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаМицкоски во Њујорк се сретна со словенечкиот премиер Јанша: Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот патВо Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша.Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот. Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер. Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО. Заеднички интерес е ова пријателство да го преточиме во уште посилна економска соработка, повеќе инвестиции и конкретни проекти кои ќе создаваат нови можности за граѓаните и стопанството. Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси. Градиме пријателства, создаваме можности и работиме Македонија да биде економски посилна и почитувана држава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook