Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран

Единствениот реформски кандидат на претседателските избори во Иран е во водство при преброени повеќе од 14 милиони гласачки ливчиња по вчерашното гласање, објави иранската државна телевизија.

Реформаторот Масуд Пезешкијан во оваа фаза доби 5,9 милиони гласови, додека неговиот противник Саид Џалили доби 5,5 милиони гласови.

Засега нема податоци за излезноста на гласачите.

Другите двајца кандидати, парламентарниот спикер Мохамед Багер Галибаф и шиитскиот свештеник Мостафа Пурмохамади, во оваа фаза добија 1,89 милиони и 111.900 гласови.

Гласачите имаа избор меѓу тројца тврдокорни (хардлајнери) и еден реформист, кој е кардиохирург. На жените не им беше дозволено да се кандидираат за функцијата.

До гласањето дојде откако претседателот Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со неколку други официјални лица во мај. /МИА

Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници

Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски, на која биле разгледани повеќе други аспекти на можна соработка на Министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.

- Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет, потенцирал министерот Тошковски на средбата, се наведува во соопштението од МВР.

Претседателот Рамафоса го објави својот нов 32-ресорски кабинет,

Претседателот Рамафоса го објави својот нов 32-ресорски кабинет, со 12 министерства за јужноафриканската опозиција.

Јужноафриканскиот претседател, Сирил Рамафоса, денеска го објави својот нов 32-член кабинет и го потврди доделувањето на 12 министерски места за опозициските партии, јави ДПА.

-Најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз (ДА) ќе има шест места, а нејзиниот лидер, Џон Стинхуизен, ќе раководи со Министерството за земјоделство, рече Рамапоса.

Африканскиот национален конгрес (АНЦ) на претседателот го задржува поголемиот дел од позициите во кабинетот. Ќе има 20 министерства, вклучувајќи ги клучните министерства како што се надворешни работи, одбрана, енергија и финансии.

Со вкупно 32 министерства, кабинетот е за две места поголем од претходните години.

Новата влада е составена од 11 партии кои се очекува да ја водат земјата под влада на национално единство.

АНЦ на Рамафоса на изборите на 29 мај го загуби апсолутното мнозинство, првпат во 30 години парламентаризам, и повеќе не може да владее сама.

Новата влада планира да даде приоритет на економскиот раст, социјалната правда и демократската обнова на земјата. Борбата против сиромаштијата, невработеноста и криминалот е исто така приоритет, како и справувањето со корупцијата и државната експлоатација.

Новото владејачко мнозинство беше формирано без да бидат потпишани конкретни коалициски договори.

Јужноафриканската Република добива се поголемо значење на меѓународно ниво поради својата позиција на континент што е богат со резерви на суровини неопходни за премин кон зелената енергија, посочува ДПА.

Водата во Скопје безбедна за пиење

 Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.06.2024 до 28.06.2024 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, е, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

притисни ентер