Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
1Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
2Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
3Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
1Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ФудбалЕдин Џеко одби повисока плата за милион евра, само за да игра во Шалке Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, донесе изненадувачка одлука оваа зима кога ја напушти Фиорентина и потпиша за германскиот Шалке, кој се натпреварува во втората лига. Сепак, според германскиот весник „Спорт Билд“, искусниот напаѓач одбил значително попрофитабилни понуди за да го носи дресот на клубот од Гелзенкирхен. Имено, францускиот Париз бил подготвен да му понуди годишна плата од 1,3 милиони евра, но Џеко сепак одлучил да тргне по друг пат. Според истиот извор, тој моментално заработува околу 300.000 евра годишно во Шалке, што значи дека свесно се согласил на многу пониска плата за да игра за германскиот клуб. Во интервју за „Билд“ во февруари, Џеко потврди дека имал финансиски многу попрофитабилни понуди, но објасни дека парите не биле одлучувачки фактор во неговиот избор на нова средина во тој момент. - Од самиот почеток реков дека парите не ми се важни. Имав и други понуди кои беа многу попрофитабилни, но воопшто не ми беа важни. Бев среќен што се откажав од пари за овој клуб - рече Џеко. Искусниот голгетер потоа објасни што го натерало да го избере Шалке. - Се прашав што сакам и што ми треба. Сфатив дека сакам емотивен стадион и гласни навивачи, клуб што повторно ќе ме инспирира. Во тој момент, Шалке ми падна на памет - додаде капитенот на репрезентацијата на БиХ. Неговата форма на теренот покажува и дека неговата одлука не била погрешна. По пристигнувањето во Германија, Џеко брзо стана еден од најважните играчи на тимот и веќе дава голем придонес за резултатите на тимот. Во седум натпревари во дресот на Шалке досега, тој постигна пет гола и запиша три асистенции, помагајќи му на тимот на тренерот Мирон Муслиќ да остане на врвот на табелата. Шалке моментално е на првото место во Цвајт и има реални шанси да се врати во Бундеслигата следната сезона, иако тимот се соочува со исклучително тежок распоред во остатокот од првенството.Тагови: Един Џеко Шалке Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот градГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје.- Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што се приклучи му благодарам од срце. Денес покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел. Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува. Само заедно, со меѓусебна почит и подготвеност секој да го даде својот придонес, можеме да ги направиме промените што сите ги посакуваме. Зад секое исчистено катче има нешто многу поважно од убавата слика - поздраво место за живеење, побезбеден простор за детска игра и маало во кое е убаво да се расте. Нашите деца заслужуваат зеленило, чисти паркови и уредени населби – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на сите што несовесно фрлаат отпад да го почитуваат трудот на нивните сограѓани. - Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил. Вложи сила и труд за сите да живееме поубаво. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес. Ние продолжуваме со истата решителност. Ги повикувам сите сограѓани да почнеме од својот праг, од својата улица, од паркот во кој ги носиме децата. Да го чуваме исчистеното и со сопствениот пример да поттикнеме уште некого да се приклучи. Дополнително, во употреба е пуштена и новата механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и новите 3.300 контејнери. Со ова ги зајакнуваме капацитетите за побрзо и поефикасно собирање и транспортирање на отпадот, за почисти улици и поуредени населби. Обезбедуваме опрема, работиме на терен и создаваме услови за јавна хигиена каква што скопјани заслужуваат. За нашето Скопје. За нашите деца. За град со кој ќе се гордееме – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции ќе се организираат двапати месечно, со цел заедничкиот труд да прерасне во трајна навика, а грижата за Скопје да стане дел од нашето секојдневие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста! Луксузните летови на Леброн Џејмс од Њујорк до Филаделфија предизвикаа сомнеж, човекот што ја разоткри големата афера повторно истражува!Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, „големиот“ Леброн Џејмс користи хеликоптер на „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија, а трошоците се покриени со договор за спонзорство потпишан во јануари 2024 година. Овој договор предизвика огромно внимание од познатиот новинар Пабло Торе, чие претходно истражување ја потресе НБА-лигата и доведе до изрекување казни за тимот на Лос Анџелес Клиперс. Приватен хеликоптер, договор за спонзорство и сомневања за заобиколување на ограничувањето на платите! Леброн Џејмс се најде во центарот на нова контроверзија во НБА, откако се дозна дека ја користел авио-услугата на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија. Сега се поставува прашање што би можело да предизвика нова бура во американската кошарка: дали луксузниот превоз на Леброн е само дел од договорот за спонзорство, или постои причина НБА подетално да го истражи овој аранжман? Ова лето, легендарниот кошаркар пристигна во Филаделфија, каде што потпиша двегодишен договор со „Севентисиксерс“ (76ers) вреден околу осум милиони долари. Посебно внимание привлече одлуката на Леброн да не се пресели во овој град. Наместо тоа, „Кралот“ одлучи да живее во Њујорк, од каде што патува на тренинзи и на натпревари со хеликоптер. И тука започнува приказната што го привлече вниманието на американските медиуми. Џејмс има на располагање хеликоптер на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics), а трошоците за превоз се покриени со неговиот спонзорски договор со оваа компанија. Според порталот „Фронт офис спортс“ (Front Office Sports), леталото направило дури 12 повратни летови меѓу Њујорк и Филаделфија во текот на една недела! LeBron James’ helicopter arrives to pick him up from Sixers practice: https://t.co/c08vHPwm7G — Adam Aaronson (@SixersAdam) October 7, 2026 Колку е скап овој начин на патување најдобро покажува податокот дека цената на чартер-лет со хеликоптер меѓу овие два града се проценува на 6.000 до 9.000 долари во еден правец, според „TMZ Sports“. Летот трае приближно 30 до 45 минути, додека патувањето со автомобил може да одземе од час и половина до два часа, во зависност од сообраќајот. За Џејмс, кој на 41-годишна возраст е една од најголемите ѕвезди во светската кошарка, овој вид транспорт значи повеќе време за одмор и за обврски надвор од теренот. Сепак, кога ќе се дознае дека трошоците не ги покрива директно играчот, туку компанијата со која тој има повеќегодишен комерцијален договор, се поставуваат прашања за вистинската вредност на поволностите што тој ги добива. Претставникот на Џејмс потврди дека пристапот до корпоративната авијација е дел од договорот со „Fanatics“, потпишан уште во јануари 2024 година, додека кошаркарот настапуваше за „Лос Анџелес Лејкерс“. Според тоа, врз основа на досега објавените информации, станува збор за аранжман што постоел пред неговото доаѓање во Филаделфија, а не за поволност што директно му ја понудил новиот клуб. Прашањето за вредноста на таквите поволности и нивната усогласеност со правилата на НБА беше она што го привлече вниманието на Пабло Торе. Истражувачкиот новинар, чиј подкаст ги разоткри финансиските врски во случајот меѓу Каваи Ленард и „Клиперс“, на 13 октомври потврди дека неговиот тим внимателно ја следи приказната поврзана со хеликоптерот на Џејмс. На настанот „Front Office Sports Tuned In“, Торе откри дека сопствениците на НБА-клубовите стапуваат во контакт со него, испраќајќи му пораки во врска со овој аранжман и прашувајќи го што всушност се случува. Ова дополнително го поттикна интересот за случајот. Сепак, Торе сè уште нема објавено конечни заклучоци, ниту пак потврдил дека сигурно ќе следи посебен серијал истражувачки прилози за Џејмс. Во НБА постојат строги правила што ги спречуваат клубовите да им обезбедуваат скриени дополнителни надоместоци на играчите со цел да се заобиколи ограничувањето на платите. Оттука, се поставува прашањето дали погодностите што произлегуваат од големата пазарна вредност – а кои играчот ги ужива додека настапува за одреден клуб – можат да доведат до слични дилеми.Тагови: Леброн Џејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНово кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?„Leapmotor B03“ пристигнува на почетокот на 2027 година. Што нуди овој електричен автомобил, кој цели кон европските фаворити?„Leapmotor B03“ е нов електричен хечбек што треба да се појави на европскиот пазар во 2027 година. Со досег до 389 километри, мотор со 194 КС и очекувана цена од околу 25.000 евра, овој модел е наменет за купувачите на „Volkswagen ID.“ „Polo“ и „Renault 5“. „B03“ е европската верзија на моделот што во Кина се продава како „B05“. На домашниот (кинески) пазар, цената започнува под 7.500 евра, а возилото е достапно со систем за помош на возачот базиран на „LiDAR“ технологија. Европската верзија нема да ја содржи таа технологија, а цената ќе биде значително повисока. Новиот модел е позициониран над помалиот „Leapmotor T03“ и под кросоверот „B03X“. „Leapmotor“ е делумно во сопственост на групацијата „Stellantis“. Одлични перформанси и брзо полнење Го придвижува електромотор со 194 КС (143 kW), кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди. Батеријата од 53 kWh обезбедува деклариран „WLTP“ досег од 389 километри. Максималната моќност на полнење со еднонасочна струја (DC) изнесува 133 kW, што овозможува полнење на батеријата од 10% до 80% капацитет за 21 минута. Ова би можело да го направи „B03“ интересен избор за купувачите кои ги ценат перформансите и практичноста, како и цената. Багажникот е поголем од оној на „Renault 5“, иако конкурентот од „Volkswagen“ нуди уште повеќе простор. Сепак, „Leapmotor“ има една практична предност: предното совозачко седиште може целосно да се преклопи, што го олеснува транспортот на подолги предмети. Исто така, постои простор за складирање под подот, погоден за мокри или калливи обувки и облека. Богата опременост, но ненаметлив дизајн И надворешноста и внатрешноста на моделот „B03“ се одликуваат со прилично едноставен дизајн. Во кабината доминираат централен екран на допир со дијагонала од 14,6 инчи и дигитална инструмент-табла од 8,8 инчи. Многу од функциите се управуваат преку гласовни команди, додека бројот на физички прекинувачи е сведен на минимум. Стандардната опрема вклучува автоматски LED-предни светла, електрично склопливи ретровизори, греење на возачкото седиште со електрично подесување во шест насоки, топлинска пумпа и „V2L“-функционалност за напојување на надворешни уреди. Се очекува продажбата во Европа да започне во 2027 година, а предвидената цена од околу 25.000 евра ќе го позиционира „B03“ како алтернатива на електричните модели од етаблирани европски производители. Извор: Б92Тагови: Европа електрично возило Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter