Еден загинат, тројца потешко и осум полено повредени во 13 сообраќајки во Скопје

Едно лице загина, тројца се потешко повредени, а осум полесно во 13 сообраќајни несреќи што во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.


Сообраќајната несреќа во кое загина едно лице се случила вчера во 22:45 часот на автопатот „Александар Македонски“ во насока од Скопје кон Велес во близина на местото викано Рајко Жинзифов. Во неа учествувале патничко моторно возило „Мерцедес“ со српски регистраки таблички, управувано од граѓанин на Република Србија и пешак од Кочани, роден 1987 година. Пешакот во незгодата се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место.
Во три останати сообраќајни несреќи со тешки телесни повреди се здобиле по еден пешак, велосипедист и возач на патничко моторно возило, а во осум незгоди полесно се повредени осум лица, додека една сообраќајка завршила само со материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата санкционирала 15 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, три возачи што поминале на црвено светло, 15 возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани, како и осум возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон за време на управувањето со моторното возило.
Санкционирани се и четри возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи и 72 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер