Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
2Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ЖивотЕден век поминат во љубов - не знаат за живот еден без друг!Оваа извонредна љубовна приказна доаѓа од Британија. Позирале како младенци кога биле деца во 1926тата, 87 години подоцна уште се сакаат!Рон и Ајлин Еверест се родени во иста година. Позирале како младенци на свадба кога имале по 4 години. 87 години подоцна се уште се сакаат. прославија 70 годишнина од нивниот брак! - Јас и Рон имаме заеднички фотографии од мали деца. Изгледа дека животот повеќепати не насочил еден кон друг. Мислам дека ова е судбина - вели Ајлин. - Ние сме вљубени од возраст нула. Не се запознавме на игранка - родени сме во иста болница, можеби во ист кревет, бевме неразделни како деца. Потоа се зедовме, се заколнавме дека ќе се сакаме и ќе се слушаме, а јас сум тој кој слушаше цел живот - вели Рон. На фотографијата на која тие се облечени од нивните родители како младенци за карневал, имаат само по 4 години. По овој настан нивните семејства се преселиле во различни области. Рон и Ајлин се разделиле.Се сретнале повторно кога имале по 18 години. Рон и се придружил на морнарицата. - Не мислев многу на него, но ми се допаѓаше како изгледа во униформа - вели Ајлин. Таа се уште го чува првото писмо кое Рон се охрабрил да и го прати и да ја повика да излезат. Од тогаш живеат во љубов. Која е тајната? Рон вели - како поминуваше времето нашиот однос стануваше се подобар. Денеска двојките по првата кавга се откажуваат. Ние се уште уживаме да го поминуваме времето заедно!/ извор МирорКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФабриката на Шкода одбележува значаен јубилеј: Произведени пет милиони автомобилиВо 2025 година, фабриката во Квасини оствари рекордно производство од 301.500 возила.Фабриката на Шкода во чешкиот град Квасини има произведено пет милиони возила од 1949 година – годината кога таа официјално стана дел од чешкиот производител. Во текот на речиси осум децении, од нејзините производни ленти излегле бројни значајни модели – од „1101 Roadster“, преку „Felicia“, па сè до „Octavia Combi“. Историјата на фабриката започнува во 1934 година, кога било лансирано производството на каросерии за возила. Меѓу првите автомобили произведени во Квасини биле „1101 Roadster“ и „Superb OHV“. Низ годините, фабриката произведувала некои од најкултните модели на брендот, вклучувајќи ги „ 450/Felicia roadster“, „Octavia Combi“, како и спортските автомобили „200 RS“ и „130 RS“. На производните ленти се изработувале и купе-моделите „110 R“, „Garde“ и „Rapid“, како и две генерации на пикап-возила базирани на моделите „Favorit“ и „Felicia“. Денес, Квасини претставува една од најсовремените фабрики во рамките на „Volkswagen Group“. Моделите „Octavia“, „Karoq“ и „Kodiaq“ се произведуваат на две флексибилни производни линии, кои се одликуваат со висок степен на автоматизација. Во последните години, фабриката помина низ низа надградби, вклучувајќи го проширувањето на погонот за каросерии и модернизацијата на погонот за лакирање. Новата инфраструктура овозможува производство на хибридни и „plug-in“ хибридни возила. Од 2024 година, во Квасини се произведува и „Octavia“, додека „Karoq“ и „Kodiaq“ се веќе етаблирани модели во овој производствен капацитет. Во 2025 година, фабриката оствари рекорден производствен резултат од 301.500 автомобили, а ова лето, милионитиот „Karoq“ слезе од производната линија. Извор: Б92Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоен ветеран ја донесе божикната елка во Белата куќа- го пречека Меланија Трамп (ВИДЕО)Поранешен возач на американската армија FedEx ја испорача божикната елка во Белата куќа пред празничната сезона.Елката беше пречекана од првата дама Меланија Трамп пред резиденцијата на американскиот претседател, објави Јаху. Чак Џенсен го транспортирал дрвото од Висконсин во Вашингтон, нарекувајќи го еден од најголемите моменти во неговиот живот. "Беше неверојатно, најдоброто искуство во мојот живот, без сомнение. Работам за FedEx Freight веќе 36 години и многу патував за тоа време. Ова е огромно, навистина огромно, најдоброто нешто што сум го направил", рече Џенсен. „Знаете, татко ми служеше во војска. Двајца мои чичковци исто така служеа во војска. Мојот брат служеше, а јас служев. Значи, тоа е дел од нашата семејна традиција и можноста да ги претставуваме членовите на војската, особено оние кои се во странство во моментов и служат на својата земја и можеби не можат да бидат дома за Божиќ или Денот на благодарноста, за мене има посебно значење. „Тоа ми значи се и им посакувам се најдобро, среќни празници и што побрзо да се вратат дома“, додаде Џенсен. The official 2026 White House Christmas Tree is HERE! 🎄 @FLOTUS welcomes the 18-foot fir from Silent Night Evergreens in Endeavor, Wisconsin to the White House. https://t.co/KFtKCRDo4O — The White House (@WhiteHouse) November 23, 2026 Официјалната елка за 2026 година ќе биде поставена во Сината соба за време на празничната сезона. Дрвото беше избрано на 21 септември откако семејната фарма Чепмен победи на националниот натпревар за новогодишна елка. Ова е четврти пат како компанијата „Silent Night Evergreens“ ја снабдува официјалната елка на Белата куќа, по претходните избори во 1998, 2003 и 2017 година. Традиционалната церемонија на пречек, предводена од првата дама, го означува почетокот на празничното украсување на претседателската резиденција. Минатата година, официјалната елка на Белата куќа беше украсена со златни ѕвезди и симболи што ги претставуваат сите американски држави и територии. Со одликувањата беа почестени семејствата на војниците кои загинаа за време на должноста.Тагови: Меланија Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЕвропаДрама во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот. Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците. „Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата. Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“. Maskierter attackiert Grüne in Parteibüro – Drei Verletzte, Staatsschutz ermittelt in NRW https://t.co/txJqfu4awh https://t.co/7G3VVpQtFR — WELT (@welt) November 24, 2026 Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството. „Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.Тагови: Зелените Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook