ЗдравјеЕден од најефективните примери од народната медицина кога станува збор за олеснување на болките е употребата на памук во папокот Се што треба да направите е да потопите малку памук во некој алкохол (околу 50 степени) и тој памук да го ставите во папокот.Овој вид на домашно лекување ќе ве ја намали болката и ќе ве опушти, може да ви помогне при настинките, грипот, кашлицата, стомачните и менструални болки. Оваа метода исто така често се користи и при воспаление на мускулите, а е подобра опција од конвенционалните лекови. Следниот пат кога ќе ве измачува некој од овие проблеми потопете мало парче памук во домашна ракија, нежно исцедете го вишокот и ставете го памукот во папокот. Внимавајте да не испадне, така што ќе го залепите со фластер и газа. Оваа метода помага и при ублажувањето на менструалните болки, само легнете и нежно притиснете го памукот со своите раце.За ублажување на болките во стомакот или мачнините при патување користете ја истата метода, но овој пат додадете и малку сол на памукот и ставете го во папокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)Фиат Гранде Панда под лупата на Џејмс Меј: Наследник на легендата или чекор назад?Познатиот британски автомобилски новинар и ТВ водител Џејмс Меј детално ја претстави Гранде Панда, модел на Фиат произведен во Крагуевац, истражувајќи ги нејзините клучни карактеристики, дизајнот и местото што го зазема во историјата на овој легендарен модел. Меј, кој е познат како голем обожавател на Фиат Панда и кој долго време поседува копија од втората генерација на овој модел, ја спореди новата Гранде Панда со претходните верзии што одбележаа повеќе од четири децении од историјата на италијанскиот производител. Тој посвети посебно внимание на промените во дизајнот, но и на начинот на кој филозофијата на брендот се прилагоди на барањата на современиот пазар. По тест возењето на блага хибридна верзија, Меј разговараше со гостите за тоа колку новата Гранде Панда останала верна на оригиналната идеја за прифатлив и практичен автомобил за широките маси. Гранде Панда носи посовремен изглед, поголеми димензии, повеќе технологија и електрифицирани опции за погон, но во исто време се обидува да ја задржи едноставноста и функционалноста што ја направија Панда еден од најпрепознатливите европски автомобили. Како што наведува Џејмс Меј, Фиат успеа да ги спои носталгијата и модерната технологија, создавајќи модел што би можел да привлече и долгогодишни фанови на Панда и сосема нова генерација купувачи. Извор: Б92Тагови: Фиат Гранде Панда Џејмс Меј Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музејСите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата. Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена. Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднинаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТренчевска: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами - следува криза и уште поскапа хранаЦените на дизелот надминаа 100 денари за литар. За 43% се покачени во изминатите 6 месеци.Што значи цените на храната повторно ќе растат. А Владата на Мицкоски не презема ништо. Ценовниот бран сега ќе биде уште потежок затоа што половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Потрошувачката кошничка веќе достигна речиси 70.000 денари а платите не мрдаат. Сега секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Директно се засегнати и македонските зeмјоделци. Поскапо гориво значи поскапа обработка на нивите, поскап транспорт, поскапо производство и на крај – поскапа храна. Поради неспособноста на Мицкоски и неговата Влада Македонија веќе го живее почетокот на кризата. Земјоделците гледаме дека денеска повторно протестираат за откупни цени на пиперката кои владата на Мицкоски им ги вети ама не ги испорача. Ги излажа. Откупот на пиперката не се „решава“ со лаги и манипулации туку со конкретни мерки. СДСМ ги поддржува барањата на земјоделците. Во време на СДСМ откупната цена беше 50 денари по килограм. Сега Владата треба да обезбеди и повеќе од 50 денари заради зголемени трошоци за производство во целокупниот сектор за земјоделство. Земјоделецот не живее од прес-конференциите на Мицкоски и лажните ветувања. Живее од цената на својот производ. Од сигурен откуп, навремена исплата. Од тоа дали може да купи гориво, семе и ѓубриво за следната сезона. А токму тие трошоци растат. Субвенциите доцнат или се намалуваат. Горивото поскапува. Ѓубривото поскапува. Наводнувањето е проблем. А уште сакаат да градат и дата центри. Ова е систематско уништување на домашното производство и губење на прехранбената сигурност на државата. Македонија има земја, вода, сонце, традиција и вредни земјоделци, може да произведува храна и за себе и за регионот. Цел свет се подготвува за глобален проблем со поскапа храна само Владата на Мицкоски не презема ништо. Со ваквата политика на ВМРО-ОКГ, земјоделците едвај преживуваат, домашното производство се намалува, зависноста од увоз расте, а храната ќе станува сè поскапа. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателкаТагови: Јована Тренчевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter