Еден од најдобрите спортски автомобили претставен во ново издание - Канал 5

Еден од најдобрите спортски автомобили претставен во ново издание

Претставен е новиот „Alpine А110“

Еден од најдобрите спортски автомобили претставен во ново издание

„Renault“ го направи најдоброто што беше можно со враќањето на „Alpine“. „А110“ доби низа признанија, а кој го возел вели дека немал подобаро искуство со години. Меѓу нив е и Џејмс Меј, кој си купил со еден примерок.

„Alpine A110“ сега обновен, но основата е иста. 1.8 турбо бензинецот од„ Megane RS“ сè уште е централно поставен, но сега испорачува 306 КС и 340 Nm. Има промени во самата гама, па „A110 Pure“ го загуби „Pure“ во името, додека „Legends“ стана „GT“.

Она што е важно е дека „Alpine“ достигнува 100 km/h за 4,2 секунди и достигнува максимална брзина од 275 km/h. Автомобилот запира со помош на дискови „Brembo“ со дијаметар од 320 мм на сите четири тркала со 18-инчни гуми „Michelin Pilot Sport 4“.

Се нудат три изведби, секоја со своја приказна. Радикалниот „A110 S“ е во врвот на понудата, нудејќи уште поцврсти шасија и подвозје, како и спортски издувен систем. Тежината во зависност од опремата се движи од 1102 до 1140 кг.

Дваесет килограми повеќе има верзијата „GT“, која го има истиот мотор, но добива елементи кои го прават поудобен на долги стази. Така има помеки седишта со кожен тапацир, а возачот добива и систем за помош при паркирање. А брзината на овој модел ограничена на 250 km/h.

Основната верзија нуди мотор со максимални 252 КС и 320 Nm, што значи дека времето на спринт до стотинка се продолжува за три десетинки од секундата (4,5 секунди). Оваа изведба има и помали тркала.

Сите верзии на обновениот модел добиваат мултимедијален систем со 7 инчен дисплеј.

Продажбата во Франција започнува на првиот ден од декември, а цената е од 59.500 евра за основната изведба.

„A110 GT“ започнува од 69.500 евра, додека „A110 S“ има почетна цена од 71.500 евра. За споредба, почетната цена на „Porsche Cayman“ е 59.700 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер