РакометЕден од најдобрите ракометари стана селектор во друг спортЕден од најдобрите ракометари на сите времиња, Штефан Кречмар , стана селектор на германската ветеранска репрезентација.Кречмар како лево крило на два пати беше прогласен за најдобар ракометар на светот (1994 и 1995), а по завршувањето на кариерата стана спортски коментатор. Ракометот очигледно веќе му здодеа , па влезе во базен. ,,Да вистина е. Ги подготвувам дечките за титула светски првак”, изјави 46 – годишниот спортист. Во младоста , Штефан паралелно тренирал ракомет и ватерполо , а сега како ветеран игра ватерполо за тимот од Лајпциг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски немаЦените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари. Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите. Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект. На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес... За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите. Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВо Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре ГаркатаВљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.Тагови: Петре Гарката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter