Ѕвездата на Јувентус не заборавил од каде доаѓа : Мака ми е ако на вечера потрошам 300 евра (ВИДЕО)

Иако има годишна плата од 2,8 милиони евра само од договорот со клубот , беазилскиот фудбалер Алекс Сандро не се расфрла со парите и не заборава од каде потекнува.

"Кога пристигнав во Атлетико Паранаенсе, имав 15 години и заработував 100 долари месечно. Клубот ми даде сè - стан, храна, училиште ... Јас би потрошил 50 американски долари и ги штедев другите 50. По првата победа, добив 300 долари и им ги дадов на моите родители за да купат нешто за дома. Можев да купам нешто, но морав да му помогнам на семејството “, вели 28-годишниот Бразилец за своите скромни почетоци во големото интервју со бразилскиот новинар Рајам Сантос.

Пет години подоцна се преселил во Порто, што беше целосно ново искуство.

"Кога ќе заминете од дома, а јас заминав на 15-годишна возраст, мора да имате поинаков менталитет. Доколку сè уште сте во Бразил, секогаш можете да барате поддршка од семејството, но во друга земја сте сами. Вие имате поддршка од клубот, но на крајот сте целосно сами."

Дури и кога почна да заработува многу пари, тој не се смени.

"Честопати излегувам со семејството и трошам 300 или 400 евра и се прашувам колку би вредело тоа во Бразил. Се чувствувам малку лошо кога трошам толку многу за една вечер. Ми кажуваат да не размислувам за тоа и да уживам во животот, но се чувствувам добро кога им помагам на другите луѓе. Во иднина, сакам да отоврам фондација во мојот град за да им помогнам на децата, не само во фудбалот, туку и во училиштето “.

Тој верува дека школувањето е многу важно и ги советува децата да не го напуштат училиштето, колку и да се талентирани за фудбал.

"Многу деца кои се многу добри во својата млада возраст не стануваат професионалци. Ако не го завршат училиштето, нивниот живот е многу потежок. И треба да ги почитуваат луѓето. Никогаш не бев најдобар ученик, но ги почитував наставниците."

Тој, исто така, даде добар пример за тоа што се случува со бразилските деца кога ќе тргнат на погрешен пат.

"Многу од децата кои пораснаа со мене во Катандува завршија во затвор или се мртви. Мора да имате јасна мисла и да следите добар пример. Ако работите напорно, ќе дојдат можности, како што ми се случи мене", рече Алекс Сандро.

Муцински: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Зиков во отворено студио на Канал 5: Овој ден беше круна на демократијата во Македонија

Во отвореното студиот на Канал 5 по повод двојните избори во Макеоднија, Љупчо Зиков нагласи дека партиите вечерва би требало да бидат достоинтвени и во победата и во поразот.

Тој очекува поздравување и честитање.

Зиков потенцираше дека овој ден беше круна на демократијата во Македонија.

притисни ентер