Ѕвезда на Баерн имал операција на срцето

Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, имаше операција на срцето, открива неговиот тренер Јулијан Нагелсман на денешната прес -конференција.

За среќа, ова не е сериозен проблем и Коман многу брзо ќе му се врати на фудбалот.

"Кингсли Коман беше на операција. Имаше благо нарушување на срцевиот ритам. Понекогаш имаше благ недостаток на воздух и беше помалку продуктивен, па решивме да направиме ЕКГ и го откривме овој проблем, кој може брзо да се поправи", рече тој, објаснувајќи дека проблемот на Коман не е сериозен:

"Сето ова звучи многу подраматично отколку што навистина е. Кингсли е многу добро, раната минимално го боли. Повторувам, проблемот не е многу сериозен, повеќето луѓе го имаат, но не е исто кога вашиот најголем напор е да стигнете до фрижидерот и да земете ладно пиво или сте професионален спортист “.

"Ќе започне со кардио тренинзи. Нема да потрае многу повеќе од недела и пол или две за да се приклучи на тренинг со тимот", додаде тој.

Коман е во Баерн од 2015 година. Прво помина две сезони на позајмица од Јувентус, а потоа баварскиот клуб го откупи. За Баерн постигнал 20 гола на 204 настапи.

Врховните судии одржаа работна средба за новиот Деловник

Врховните судии одржаа тридневна работна средба во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. 

По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата.

Судиите на Врховниот суд на работната средба имаа плодна дискусија на која разменија мислења за одредбите од Деловникот, а во насока на негово усогласување со новите законски решенија и реформски процеси.

Поконкретно, како што е објавено на веб страницата на Врховниот суд, со овој исклучително важен акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на Судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница.

Исто така, Деловникот има за цел да обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Воедно, со Деловникот се обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство.

Настанот посветен на новиот Деловник на Врховниот суд беше одржан со поддршка на Британската амбасада во Скопје преку Центарот за правни истражувања и анализи.

Арсовска на средба со родители на лица со посебни потреби

„Ќе формираме национален регистар на лица со посебни потреби и ќе отвориме Центар за грижа“.

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со претставници од здружението „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби“ на која што се обврза на отворена, транспарентна и континуирана комуникација со цел изнаоѓање решенија за клучните проблемите на оваа категорија граѓани.

Родителите се едногласни дека иако според законот има инклузија, сепак во пракса, ситуацијата е поинаква. Наместо прифаќање, лицата со попреченост, како и нивните родители се соочуваат со дискриминација и стереотипи. Недостасува и стручна едукација за родителите, како и формирање посебен Центар за грижа, во служба на поддршка на родителите во кој што ќе бидат вработени стручни лица, кои што ќе работат со лицата со посебни потреби и ќе ги унапредуваат нивните потенцијали. Концептот за еднаквост е само модел на хартија, затоа што во реалноста нештата се далеку поразлични.

„Во Скопје, па и во целата држава не смее да има бариери кога се во прашање лицата со посебни потреби. Напротив, треба уште повеќе да се крене јавната свест за прифаќање на овие лица и да им се овозможи исполнување на нивните права во сите сфери од општествениот живот. Ќе формираме регистар на лица со попреченост што би имал позитивни буџетски импликации и таргетирани сервисни системски поддршки. Исто така, предвидувам и отворање на Центар за грижа што ќе работи во рамките на унапредување на квалитетот на животот и на родителите и на нивните деца. Ќе биде донесено и инфраструктурно решение што ќе овозможи полесен пристап во повеќе јавни места во Скопје “ – истакна Арсовска на средбата.

За крај, Арсовска се заложи за отворен дијалог и соработка со цел унапредување на правата на лицата со посебни потреби и олеснување на проблемите со кои што се соочуваат нивните родители, како и поголем слух од страна на градските и општинските служби.

Реконструкција на крак од улицата „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош 3

Општина Карпош заврши со реконструкција на кракот на улицата „Драгиша Мишовиќ“, во населбата Карпош 3 (пред градинката „Орце Николов“).

Станува збор за обнова на коловоз од 80 метри и ширина од 7 метри, а реконструирани се и пешачките делови. Вкупната асфалтирана површина изнесува 1.600 м2.

Оваа сообраќајница ги поврзува улиците „Карпошово востание“ и „Никола Русински“, а по сугестии на граѓаните, поставени се и слеани рабници со цел подобра пристапност за велосипедистите, родителите/старателите кои ги носат децата во градинка, како и граѓаните со попреченост.

Општина Карпош продолжува со тековното одржување на инфраструктурата.

ОПШТИНА КАРПОШ

притисни ентер