Ѕвер на тркала: Ова е најмоќното „Ferrari“ досега - Канал 5

Ѕвер на тркала: Ова е најмоќното „Ferrari“ досега

Најновото „Ferrari“ е најмоќниот модел на оваа марка досега, а неговиот мотор има 1.200 коњски сили.

Ѕвер на тркала: Ова е најмоќното „Ferrari“ досега

Тоа е „Ferrari F80“, „наследникот“ на „LaFerrari“ по осум години, а оние кои сакаат да го поседуваат во својата гаража ќе треба да издвојат 3,6 милиони евра.

Првите примероци ќе бидат направени за околу една година, а серијата е ограничена на 799 примероци, што ја прави уште поексклузивна.

Овој автомобил има хибриден погон, а во неговото „срце“ има бензински V6 мотор со 900 КС, како и три електромотори кои додаваат вкупно 300 „коњи“.

Постојат три режими на возење, а „Ferrari F80“ треба да достигне 100 km/h за 2,15 секунди. Неговата максимална брзина е поставена на нешто повеќе од 350 km/h.

Електричните мотори се развиени независно од „Ferrari“, за гумите е задолжен „Michelin“, додека за сопирачките се разбира потписот на „Brembo“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Во Охрид денеска е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Во Охрид е пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

На отворањето присуствува премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Реконструкцијата опфати проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, проширување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 метри квадратни, проширување на зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, проширување на административната зграда од 290 метри квадратни на 700 метри квадратни, нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција, Царинската управа и паркинг за вработените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод празникот упати честитка до граѓаните во која порача дека независноста не е завршено минато, туку трајна обврска на секоја генерација да ја чува, гради и надградува државата.

Орден „8 Септември“ доделени на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски

Претседателката и собраниска делегација утринава положија цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев.

Сиљановска - Давкова им доделии орден „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Рачни гранати беа фрлени денеска на две локации во центарот на Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Два бомбашки напади во центарот на Атина (ВИДЕО)

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната беше фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач со сириско потекло, објави „Прото тема“.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат напаѓач фрлил експлозивна направа во наргиле бар во сопственост на Сириец.

Полицијата е на местото на настанот. Снимки од продавницата и барот по експлозиите се појавија и на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер