ДЗС: Инфлацијата во ноември 4%, цените во однос на октомври повисоки за 0,5% - Канал 5

ДЗС: Инфлацијата во ноември 4%, цените во однос на октомври повисоки за 0,5%

Инфлација од 4 % во ноември годинава споредбено со истиот месец лани, измери Државниот завод за статистика, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3%..

ДЗС: Инфлацијата во ноември 4%, цените во однос на октомври повисоки за 0,5%

Според Статистика, зголемување од 0,5% на инфлацијата има и на месечно ниво, ноември споредебно со октомври годинава, а тоа според податоците главно се должи на зголемените трошоци кај:

Државен завод за статистика:

„- Транспорт за 1.7 %

-Рекреација и култура за 0.9 %

-Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %

-Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %

-Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %

-Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %

-Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.“

За следната година инфлацијата во Буџетот, кој денеска влезе во собраниска процедура, е проектирана на 2,5 % проценти. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на стартот на собраниската расправа рече дека со овој буџет меѓудругото ќе се овозможи подобар животен стандард за граѓаните, бидејќи според неа ова не е само документ со бројки и табели туку е економска порака за стабилност, развој и доверба.

„Во 2026 се очекува економијата да забрза со реален раст на БДП од 3,8 % предводен од домашната побарувачка, главен двигател ќе бидат бруто инвестициите, како резулатат на поинтензивната реализација на инфраструктурните проекти, особено коридор 8 и 10 Д, како и вложувањата во енергетиката, железницата, здравство..... дополнитлен двигател ќе биде и поддрпката на општините за реалиација на капитални инвестиции.... “

За опозициската СДСМ предлогот не е ниту развоен ниту социјален. Лидерот на партијата Венко Филипче рече дека овој Буџет не е подготвен да се справи со евентуална криза, ниту пак со него власта се грижи за граѓаните...

„Нема зголемување на платите, нема зголемување на парите со кој е потребно да се награди трудот на работниците. Овој буџет не е спремен да се соочи со криза, ако дојде било каква криза во државава, ќе нема пари за ништо...Веќе оваа тековна година владата ја завршува со дупка со минус од милијарда евра, каде ќе ги најдат тие пари....“

Предлог Буџетот за следната година е тежок 6,7 милијарди евра, проходите се проектирани во вредност од 6,1 милијарда, а буџетскиот дефицит да изнесува 3,5 % од БДП или 637 милиони евра. Расправата за буџетот на пленарна седница може да трае најмногу 5 дена, претходно на комисиската расправа од 200те беа прифатени 6 амандмани...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден загинат во страшно невреме во Шпанија, најмногу е погоден регионот околу Барселона (ВИДЕО)

Едно лице загина откако силни бури ги погодија областите околу Барселона и Валенсија на шпанскиот медитерански брег, предизвикувајќи поплави и проблеми со сообраќајот.

Еден загинат во страшно невреме во Шпанија, најмногу е погоден регионот околу Барселона (ВИДЕО)

Мажот беше однесен заедно со својот автомобил додека се обидуваше да премине мал поток во близина на Оливела, југозападно од Барселона, соопштија пожарникарите. Спасувачките екипи го пронајдоа неговото тело неколку часа подоцна. Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објави дека станува збор за британски државјанин кој живеел во областа.

Во среда, до 80 литри дожд на квадратен метар наврнаа за само неколку часа во областа околу Барселона. Уште пообилни дождови ја погодија Валенсија и околните области, каде што наврнаа до 100 литри дожд на квадратен метар. Летовите беа откажани, а локалниот сообраќај беше прекинат и во Барселона и во Валенсија. Патиштата во североисточна Шпанија се претворија во порои, а подрумите беа поплавени.

Ветрот корнеше дрвја, а натпревар е откажан

Налетите на ветер достигнаа брзина до 100 километри на час и корнеа бројни дрвја. Поради бурата, фудбалскиот натпревар од првата лига мораше да биде откажан. Патиштата беа поплавени и во регионот Мурсија. Во октомври 2024 година, регионот Валенсија беше погоден од една од најлошите поплави во историјата на Шпанија, при што загинаа најмалку 229 луѓе и беше предизвикана штета од милијарди евра.

Националната метеоролошка служба на Шпанија, AEMET, предупреди дека сè потоплото Средоземно Море, поврзано со климатските промени, може да доведе до почести екстремни врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Гледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името и правел политички конструкции чија цел е моја политичка дискредитација и ништо друго.

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте си го објавиле на youtube каналот на СДС. Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси мене. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме „спаси“.

Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ.

Затоа што никогаш не сум барала од кого било да ме „спасува“. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш.

Знаеме сите дека СДС има искуство со вакви конструкции. Долго време бевте на чело на систем во кој политичките приказни, инсинуациите и „оперативните“ конструкции се користеа како средство за пресметка со политички противници.

И кога веќе толку лесно зборуваш за „фалсификување“, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи.

Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив, објави на ФБ Марија Митева, портпарол на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал се враќа на терените

Рафаел Надал ќе се врати на теренот по речиси две години.

Рафаел Надал се враќа на терените

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња се пензионираше во 2024 година, а сега ќе излезе на теренот во својата академија во Мајорка. Причината е десетгодишнината што ќе ја прослави неговата академија, а Надал ќе биде на терен на 3 октомври.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Надал ќе одигра неколку егзибициски мечеви против пријатели и ривали, но во нив нема да настапи Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња веќе потврди дека ќе игра на АТП 500 турнирот во Пекинг. Сепак, тоа не значи дека Роџер Федерер нема да се појави на изложбата, а познато е дека Надал и Федерер се во многу добри односи. Списокот на играчи кои ќе учествуваат ќе биде објавен подоцна.

Шпанецот го одигра последниот меч во кариерата на завршниот турнир на Дејвис купот 2024 година во Малага и загуби од Ботик ван де Зандшулп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер