ЗдравјеДЗР: Слабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови Клиниката за дерматологијаСлабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови создаваат финансиски и оперативни предизвици во Клиниката за дерматологија.Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги се утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија. - Изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година за сметката за средства од фондот 737, додека за сметката за сопствени приходи 531 изразено е мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година, стои во соопштението. Утврдени се повеќе слабости кои се однесуваат на управувањето со лековите за ретки болести во Клиниката. Потребните лекови од добавувачите преку Програмата за ретки болести ги набавува и нарачува Министерството за здравство, каде е воспоставен и електронски регистар за нивно евидентирање. Утврдено е дека нема сметководствена евиденција на примените и потрошените лекови за ретки болести и не е направен попис за нив. Во текот на 2023 година примени се лекови во износ од 37.434 илјади денари, а во интерните рачни евиденции на клиниката се прикажани издадени лекови во износ од 27.394 илјади денари што е помалку за 8.843 илјади денари во однос на евидентираните во регистарот. Во текот на ревизијата направен е попис и побарани се податоци од пациентите за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Клиниката, а поради природата на болеста ги немаат потрошено. Притоа е утврдено дека пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок. Фондот одобрил условен надоместок за 2023 година на Клиниката за набавка на апарати и специфични лекови во износ од 13.000 илјади денари. Утврдено е дека потребата за оваа набавка не е резултат на доставени предлози од страна на стручниот колегиум. Притоа набавени се два ласери во вредност од 9.995 илјади денари, кои до денот на ревизијата не се ставени во употреба. Исто така за вршење на дополнителни услуги со нив не е добиена согласност на ценовникот од страна на Министерството, особено што поголем дел од услугите кои може да се вршат со овие апарати се од естетска и козметолошка природа и не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Во рамки на спроведената ревизија истакнато е клучно прашање во врска со неисполнувањето на законските обврски за обезбедување вистинско и ефикасно купување на здравствени услуги, како што е предвидено во Законот за здравствено осигурување. - Согласно член 69 од Законот за здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување има обврска да обезбеди средства за купување на здравствени услуги од јавните здравствени установи (ЈЗУ), со договорен надоместок утврден според критериумите на Одлуката за утврдување на буџетот на здравствените установи. Фондот е исто така задолжен да обезбеди средства за целосно функционирање на тие ЈЗУ кои не можат да остварат доволен обем на услуги во рамките на договорениот надоместок, во кој спаѓа и Клиниката, се вели во соопштението. Во 2023 година обемот на услуги се намалил во споредба со 2022 година, додека договорниот надоместок бил зголемен. Податоците од системот „Мој Термин“ покажуваат дека услугите на Клиниката ги користат помал број на пациенти и се реализирани значително помалку услуги од планираните термини и расположливите капацитети. - Во делот на Останати прашања е известено за Националниот систем за материјално-финансиско и сметководствено работење и Централниот систем за регистрација на работното време при Министерството, кои не се воспоставени во целост, како и за ненаплатените побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги по програми за здравствена заштита во износ од 1.319 илјади денари, чија наплата е неизвесна, се наведува во соопштението од ДЗР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00