СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
2СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи мерки
3Политички земјотрес во Германија: АФД убедливо победи во Саксонија-Анхалт, но остана без апсолутно мнозинство
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
ЗдравјеДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болестаВо периодот 2021-2024 година се направени вкупно 20.946 скрининг мамографии на жени на возраст од 40 до 69 години во двегодишен циклус во повеќе мамографски центри. Скринингот на рак на грло на матка се спроведува по пат на ПАП тестови кај жени на возраст од 21 до 59 години во тригодишен циклус и во периодот 2022-2024 година од матичните гинеколози се земени вкупно 130.093 примероци за ПАП тест. Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8 отсто до 5,4 отсто, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3 отсто до 15,5 отсто од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг. Со постојниот опфат не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во Извештајот воедно се посочува дека податоците од здравствените институции покажуваат дека 80 отсто од пациентките со рак започнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста, што упатува дека најголемиот дел од случаите не се откриваат во рана фаза како очекуван резултат од организиран скрининг. Од ДЗР наведуваат дека дека извршиле ревизија на успешност на тема „Програми за рана детекција на малигни заболувања“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали програмите за рана детекција и скрининг обезбедуваат соодветна покриеност на целната популација и квалитетна и навремена дијагностика и резултираат со рано откривање на малигни заболувања на дојка и грло на матка и намалување на морталитетот?“. Со ревизијата, како што посочуваат од ДЗР, се опфатени активностите поврзани со планирањето и спроведувањето на програмите за скрининг на рак на грло на матка и рак на дојка во период од 2021 година до 2024 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој период. Скрининг програмите се реализираат континуирано, но опфатот на целната популација е ограничен и не обезбедува значајни популациски ефекти. Одзивот на поканетите жени не може целосно да се оцени поради недостиг на целосни податоци за бројот на испратени покани и бројот на жени кои се одзвале на скринингот, се потенцира во извештајот. рп/вг/ Линк до Конечниот ревизорски извештај на ДЗР: chrome-extension://efaidnbmnnnibpcajpcglclefindmkaj/https://dzr.mk/sites/default/files/2026-04/RU_KRI_Programi_rana_detekcija_maligni_zaboluvanja_FINAL.pdf Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
БалканВо Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу малиСАД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.Тагови: Виткоф Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари - а власта не носи меркиНов ценовен шок за граѓаните - од утре за шест денари поскапува дизелот и ќе изнесува рекордни 101 денар за литар. Ова поскапување е директен удар врз ионака осиромашените семејните буџети на граѓаните. Поскапувањето на дизелот значи поскап транспорт, поскапо производство и на крајот – поскапа храна. Цените на храната веќе се до плафон. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со кирија, а платите стагнираат. Половина од семејниот буџет на македонските граѓани оди за храна и пијалаци. Овој ценовен бран затоа ќе биде уште потежок Инфацијата од 2,6% што денеска ја измери статистика, за граѓаните не значи поевтин живот. Цените веќе пораснаа. СДСМ постојано ја повикуваше власта да преземе мерки и предупредуваше дека еднаш зголемените цени, потоа нема да се вратат назад. Тоа и се случи - Цените не се вратија назад. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. На граѓаните не им требаат статистиките и проценти од Мицкоски. Нивната статистика е празниот фрижидер и паричник. Додека Мицкоски се фали со економски бројки, со некаква трета економија, граѓаните плаќаат поскапа храна, поскапи сметки и повисоки трошоци за живот. Мицкоски и неговата Влада, наместо мерки за граѓаните, трупаат нови долгови, врз грбот на граѓаните. За само две години создадоа нов долг од околу 4 милијарди. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра или над 65 % од БДП. Ова не се пари за мерки за граѓаните, ова се пари за криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter