НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
2НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеДЗР:Недостатокот на стручен кадар, простории ја ограничува функционалноста на медицинска опремаНедостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евраНедостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра, покажува конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, што денеска го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Иако во изминатите три години е постигнат напредок во регионалната распределба на современата медицинска опрема и зголемување на бројот на здравствени услуги, се наведува во извештајот, дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи доволно, главно поради недостиг на стручен кадар и соодветни просторни услови, што влијае врз достапноста и квалитетот на здравствената заштита на граѓаните на ниво на целата држава. Како што информираат од ДЗР, спроведената ревизија на успешност на тема „Искористеност на современа медицинска опрема“ е со цел да се утврди степенот на искористеност и регионална достапност на услугите што ги обезбедува современата медицинска опрема, како и нивното влијание врз задоволување на потребите за здравствена заштита на населението. Со ревизијата била опфатенa современата медицинска опрема со најголема набавна вредност и со најизразена потреба и интерес за услугите со истата, како што се: компјутерска томографија (КТ), ангиографи, акцелератори, мамографија со томосинтеза и стереотакса, позитронско - емисиона томографија во комбинација со компјутерска томографија (ПЕТ/КТ) и апарат за роботска рехабилитација. Во ревизијата биле анализирани и политиките и преземените активности за набавка, ставање во употреба и користење на медицинската опрема во периодот од 2021 година до 2023 година, а одредени прашања и настани се опфатени пред и по овој временски опфат. - Анализата на снабденоста со современа медицинска опрема по градови покажува дека во изминатите три години е постигнат напредок во обезбедувањето на регионална распределеност на новата опрема во јавното здравство, како и во зголемувањето на вкупниот број здравствени услуги, стои меѓу другото во извештајот. Во делот за снабденост со современа медицинска опрема во јавното здравство, се подвлекува дека дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Поради тоа, како што покажала ревизијата, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита. Во досегашниот период поставените стратешки цели биле реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите. Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација. - Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети. Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема со вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба. Исто така, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности, се посочува во ревизорскиот извештај од ДЗР. На ниво на држава во јавното здравство обезбедени се вкупно 9 линеарни акцелератори за 4 ЈЗУ со вкупна набавна вредност од 21,8 милиони евра за вршење радиотераписки услуги за пациенти со малигни заболувања. До денот на ревизијата 5 акцелератори не се ставени во употреба и тоа: 2 на Клиниката за радиотерапија и онкологија, 2 во Клиничките болници во Штип и Битола и 1 во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, иако 3 од нив се инсталирани пред повеќе години. Ревизорите во извештајот посочуваат дека иако се набавени акцелератори и за други ЈЗУ, сите услуги во периодот 2021–2023 година ги обезбедува единствено Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде се третираат над 2.300 пациенти годишно, односно просечно се вршат околу 200 зрачни третмани на ден. Централизацијата на услугата, се подвлекува, доведува до преоптовареност на установата и персоналот, што може да влијае на континуитетот и квалитетот на третманот на пациентите. На ниво на држава 9 ЈЗУ располагаат со 18 ангиографи ставени во употреба со вкупна набавна вредност од 12,9 милиони евра, од кои 10 се набавени во периодот од 2021 до 2023 година. Иако бројот на извршени услуги со ангиограф се зголемил за 68% во 2023 година во споредба со 2021 година, утврден е незадоволителен степен на искористеност на дел од овие уреди, најчесто поради недостаток на стручен кадар и необезбедени просторни услови, како и поради отсуство на клинички патеки за вршење на овој вид услуги. Во периодот опфатен со ревизијата, во овие установи се извршени 32.238 услуги со ангиограф, од кои половината се изведуваат на терциерно ниво, што создава висока оптовареност на кадарот и апаратите, особено во Клиниката за кардиологија која располага со 4 ангиографи. Услугите од интервентна радиологија се вршат во само две ЈЗУ од кои 81% се извршени како итни и прегледи без термин и како сервисни и интерни услуги. - Процесот на закажување и евидентирање на услуги со ангиограф не е унифициран, а ЈЗУ не постапиле во целост по задолжението на Министерството за здравство за подобрување на системот за упатување и закажување преку Мој Термин, се наведува во извештајот. Во јавното здравство има 30 компјутерски томографи (КТ) уреди во 22 ЈЗУ, а во рамки на ревизијата се опфатени 11 ЈЗУ кои располагаат со 19 КТ уреди со вкупна набавна вредност од 14,5 милиони евра. - Со извршената анализа на добиените податоци од ЈЗУ, регистарот на медицинска опрема и Мој Термин, утврдено е дека побарувачката за КТ услуги е во постојан пораст. За дел од ЈЗУ, КТ уредите се користат со полн капацитет, но половина од нив се целосно амортизирани, што води до зголемени трошоци за одржување и чести дефекти, како што е случајот со КТ уредот во болницата во Струмица кој не функционираше речиси цела 2024 година, стои во објавениот конечен ревизорски извештај од ДЗР. Дополнително, новите КТ уреди, набавени за обезбедување на подобра територијална распределеност на услугите, не секогаш се користат согласно капацитетот, а 2 КТ уреди во болниците во Тетово и Кочани не се ставени во употреба поради технички и кадровски проблеми. Се истакнува состојбата на користење на КТ уредите за итни и приоритетни услуги, што создава дополнителен притисок врз капацитетите и го зголемува ризикот од прекумерна изложеност на јонизирачко зрачење. Во поглед на објавувањето слободни термини за КТ услуги, само 3 од 22 ЈЗУ објавуваат број на термини кој е блиску до пропишаното, додека во 10 ЈЗУ термини се објавуваат значајно под пропишаните норми. Во извештајот се наведува дека Институтот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ) е единствен во државата каде се вршат современи дијагностички услуги за рано откривање на малигни заболувања, за што располага со Циклотрон за производство на радиоизотопи и ПЕТ/КТ скенер во вкупна вредност од 5,8 милиони евра. Во текот на тригодишниот период, реализирани се 6.457 снимања, со просек од околу 180 пациенти месечно. Снимањата се вршат со само еден ПЕТ/КТ скенер, со што не се користат целосно капацитетите на Циклотронот, кој може да произведе изотопи за поголем број снимања. Во текот на 2023 година, констатирале ревизорите, за потребите на јавното здравство за прв пат се набавени 4 мамографи со томосинтеза и стереотакса во вкупна вредност од 1,5 милиони евра. Овие мамографи, се додава, се инсталирани во 4 ЈЗУ и истите во редовни термини се употребуваат само за примарната намена – дигитална мамографија, но не и за дополнителните функционалности, томосинтеза и стереотакса, кои се користат само при спроведување на националниот скрининг за рак на дојка. Утврдено е дека ваквата состојба се должи на потребата од набавка на дополнителна опрема, неутврдени референтни цени од Фондот за здравство и немањето на соодветно обучен персонал за овој вид услуги. Во насока на унапредување на рехабилитациските здравствени услуги, во 2023 година набавен е апарат за роботска рехабилитација – локомат, во вредност од нешто помалку од еден милион евра, кој е инсталиран во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација. Станува збор за високо технолошки уред наменет за рехабилитација на долни екстремитети кај пациенти со невролошки и ортопедски нарушувања, кој се користи од 2024 година. Со ревизијата е утврдено дека постојат значајни разлики во евиденциите за извршените услуги помеѓу ЈЗУ, Мој Термин и Фондот, што има за ефект нереални податоци за услугите во Мој Термин, помалку прикажани услуги кон Фондот и ненаплатена партиципација од страна на ЈЗУ во износ од најмалку 247 илјади евра. - Ваквата состојба се должи на нецелосно евидентирање на услугите од страна на ЈЗУ во Мој Термин како единствен национален систем за евиденции во здравството. Во услови на невоспоставени листи на чекање за подолг период, отсуствуваат податоци за реалната побарувачка на услуги, а поради неусогласени евиденции за извршените услуги во ЈЗУ, Мој Термин и системот на Фондот, не може да се утврди ниту точниот број на извршени здравствени услуги, стои во извештајот од ДЗР. Континуираното зголемување на побарувачката за здравствени услуги и новата медицинска опрема во ЈЗУ, се подвлекува, не е проследено со соодветно зголемување на бројот на здравствени работници, што резултира со преоптовареност на постојниот кадар и недоволна искористеност на опремата. И покрај зголемувањето на платите и вложувањата во едукација, бројот на специјалисти радиолози во ЈЗУ од 2021 до 2023 е намален од 88 на 79, а во Институтот за радиологија, од 30 на 23 специјалисти. Дополнително, заклучиле ревизорите, Регистарот на здравствени работници не се води ажурно, што го отежнува планирањето на човечки ресурси. Преку спогодби меѓу установи се обезбедува повремен ангажман на кадар, но овој пристап не гарантира непрекината здравствена заштита. Соочено со сериозен дефицит, Министерството за здравство започна активности за итно вработување на 600 приватни специјализанти до крајот на 2025 година, од кои 69 се радиолози, со цел да се обезбеди континуитет и одржливост во давањето на здравствените услуги. Иако ЈЗУ се обврзани континуирано да ја одржуваат медицинската опрема во исправна состојба и навремено да ги евидентираат дефектите во системот Мој Термин, ревизијата утврдила дека постои недоволна ажурност и различна практика во спроведувањето на овие обврски. - Поради монополската позиција на овластените застапници за одржување и сервисирање за период од три години за дел од опремата трошоците се еквивалентни на вредноста на нова опрема од ист вид, како што е тоа случај со акцелераторите. Дел од КТ уредите и ангиографите, набавени пред повеќе од 10 години, често се расипуваат и не се во функција со месеци, па и со години, утврдиле ревизорите. Ревизијата меѓу другото констатирала потреба од подобрување на регулативата за доуредување на одредени прашања поврзани со користењето на медицинската опрема, како и зајакнување на капацитетите во институциите задолжени за следење и евидентирање на состојбата со опремата и за контрола и надзор. За надминување на наведените состојби, соопштија од ДЗР, дадени се препораки за преземање мерки од надлежните институции, со цел отстранување на причините за утврдените состојби, подобрување на искористеноста на медицинската опрема и зголемување на достапноста до здравствените услуги од страна на граѓаните. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter