Бугарија ќе се бори против кладилниците: Градовите ни се претворија во Лас Вегас - Канал 5

Бугарија ќе се бори против кладилниците: Градовите ни се претворија во Лас Вегас

Кладилниците и казината повеќе нема да можат да доминираат на улиците со своите осветлени реклами, додека сериозните царински прекршоци во иднина би можеле да ескалираат од административен прекршок во кривично дело.

Бугарија ќе се бори против кладилниците: Градовите ни се претворија во Лас Вегас

Бугарија подготвува голем пакет промени со кои властите истовремено сакаат да ја заострат борбата против шверцот и драстично да го ограничат присуството на индустријата за коцкање во јавниот простор.

Премиерот Румен Радев ги објави новите мерки пред владина седница, велејќи дека владата сака многу построг модел на регулирање на коцкањето, поголема транспарентност и ограничување на зависноста од коцкање, како што објави eKapija.

Тој особено ги издвои рекламите и изгледот на самите објекти.

- Не сакаме нашите градови да изгледаат како Лас Вегас - е пораката на бугарскиот премиер, како што објавија локалните медиуми.

Кладилниците и казината повеќе нема да можат да блеснат на секој чекор

Една од најголемите промени ќе се однесува на рекламирањето на коцкањето.

Владата предлага речиси целосна забрана за рекламирање на игри на среќа, со цел повеќе да не бидат изложени на граѓаните, особено на децата и младите, на дневна основа.

Промените нема да завршат само со телевизиските, интернет или други класични реклами. Според најавите од Софија, ќе бидат воведени ограничувања и за надворешниот изглед на казината и обложувалниците.

Идејата е излозите и фасадите повеќе да не бидат покриени со агресивни осветлени реклами и екрани што го привлекуваат вниманието на минувачите. Владата најавува и промени во даночниот третман на секторот, објаснувајќи дека сака пофер оданочување и поголема транспарентност.

Повеќе од 45.000 луѓе веќе се во регистарот

Податоците од Бугарската национална агенција за приходи, исто така, покажуваат дека проблемот не е само естетски. Повеќе од 45.000 луѓе се во регистарот на лица кои треба да бидат заштитени од пристап до игри на среќа поради проблеми со коцкањето.

Даночните инспектори спроведоа 626 инспекции на коцкарници во текот на изминатата година и открија 766 прекршоци. Изречени се санкции во вредност од околу 632.000 евра, а приближно половина од откриените неправилности се поврзани со неправилно водење евиденција.

Една од важните задачи на инспекторите е да проверат дали обложувалниците и казината дозволуваат влез на лица од регистарот на ранливи граѓани.

Истовремено, се преземаат мерки против шверцот

Додека ги заострува правилата за индустријата за коцкање, бугарската влада отвора уште еден фронт, царината.

Предложени се измени според кои одредени царински прекршоци повеќе нема да се третираат како само административни прекршоци. Посериозните случаи треба да станат кривични дела, додека шверцот ќе се третира како сериозен криминал.

Целта е да се зголеми одговорноста за нелегалниот увоз и промет на стоки и да се зајакне одвраќачкиот ефект на казните.

Овие промени доаѓаат по неколку големи акции на бугарските институции. Само овој месец, локалната полиција и царината открија шема за извлекување и продажба на конфискувана шверцувана стока од царинските складишта.

Во акцијата првично беа уапсени девет службеници и цивили, вклучувајќи шест царински службеници, додека обвинителството потоа поднесе обвиненија против пет лица под сомнение за учество во организирана криминална група.

Бугарија ги заострува правилата

Двете иницијативи на прв поглед имаат малку заедничко - едната се однесува на обложувалниците и казината, другата на царината. Сепак, обете се дел од поширок обид на државата да ја заостри контролата врз областите каде што се тргува со големи пари.

За граѓаните, највидливата промена сигурно ќе биде на улиците. Доколку се усвојат предложените мерки, бугарските обложувалници и казина ќе мора да станат значително помалку впечатливи отколку што се денес.

Пораката од властите е доста едноставна - градовите не треба да изгледаат како Лас Вегас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.

Демократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тест

Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори.

Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран.

Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни.

Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје  и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник.

30-дневен притвор за 20-годишникот што повреди малолетник во тепачката меѓу навивачите на МЗТ и Работнички

Кривичниот суд му биде одреди 30-дневен притвор на 20-годишник кој е осомничен дека во саботата, за време на тепачката помеѓу навивачките групи на МЗТ Скопје и Работнички, пред спортската сала „Јане Сандански“ повредил малолетник од спротивниот табор.

Според информациите на Обвинителството, за време на конфликтот осомничениот 20-годишник му задал удар во глава на дете од спротивниот табор, кое се онесвестило и паднало на земја. Малолетникот бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Против осомничениот е поведена постапка за кривично дело насилство и му е одреден притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоци, како и да го повтори делото.Тепачката помеѓу навивачките групи на кошаркарските клубови мзт и работнички се случи во саботата околу 19 часот пред спортската сала „Јане Сандански“ во скопски Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер