ДЗР: Над 80 отсто од пациентките доцна откриваат дека имаат рак на дојка или на матка - Канал 5

ДЗР: Над 80 отсто од пациентките доцна откриваат дека имаат рак на дојка или на матка

Над 80 % од пациентките со рак на дојка и грло на матка доцна започнуваат со лекување што значи дека скринингот на кој се повикуваат граѓаните да направат превентивен преглед не ги дава посакуваните резултати

ДЗР: Над 80 отсто од пациентките доцна откриваат дека имаат рак на дојка или на матка

Над 80 % од пациентките со рак на дојка и грло на матка доцна започнуваат со лекување што значи дека скринингот на кој се повикуваат граѓаните да направат превентивен преглед не ги дава посакуваните резултати – рано да се детектира карциномот и да се намалат смртните случаи. Ова се нотира во последниот извештај на Заводот за ревизија во кој стои дека ваквите програми во периодот од 2021-2024 вклучуваат помал број на пациенти споредено со европскиот просек, а со тој обем не може да се очекува доволен ефект во раното откривање на болеста. Меѓудругото ревизорите контатираат дека парите за оваа намена се ограничени.

-Програмите за рана детекција и скрининг на рак на дојка и рак на грло на матка, и покрај долгогодишното спроведување и остварениот напредок од аспект на нивното планирање и реализација сè уште не обезбедуваат доволна покриеност на целната популација, ниту пак континуирана, квалитетна и навремена дијагностика, во обем што би овозможил системско потврдување на нивниот придонес кон раното откривање на малигните заболувања и намалувањето на морталитетот. - Завод за ревизија .

Од Здружението на онколошки пациенти „ХЕМА-ОНКО“ велат дека засега во Македонија она што се случува со превентивните прегледи не може да се нарече скрининг.

Министерот Алиу вели дека е свесен за недостатоците и дека ќе бара промени кои би биле клучни за поуспешни резултати на скринингот во иднина.

Ревизорите направиле анализа и за тоа колку се чека за термин во Кабинетот за дојка, па до 30 септември 2025 за термин чекале над 3.000 жени, во просек по околу 100 дена, или повеќе од три месеци, 80 од упатите биле издадени претходната, 2024 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“

Филипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски

„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. 

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер