ДЗР: Дури 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети - Канал 5

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети

Во ревизијата се дадени препораки  за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки.

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 милиони евра, од различни извори, а до периодот на известување од ревизијата не се пуштени во употреба поради необезбедени согласности од Министерството за финансии за вработување на потребниот кадар и не создадени услови за издавање на решение за вршење на дејноста.

- Ефектите од извршените инвестиции со буџетски средства за период од 2020 до јуни 2024 година покажуваат дека од 11 детски градинки опфатени со инвестиции за проширување на 1.057 места, во употреба се само три детски градинки со 158 места, што претставува 15 отсто пополнетост во однос на проектираниот капацитет. Утврдивме дека 84 отсто од вложените средства во детските градинки, односно 212,687 милиони денари или 3,5 милиони евра, во изминатиот 4-годишен период не резултирале со исполнување на нивната функција - згрижување и воспитание на деца, бидејќи градбите се во тек, односно не се завршени подолг временски период, но и поради постоење на изградени објекти кои по две години не се пуштени во употреба, се нагласува во ревизијата.

Се додава дека инвестициите во еден адаптиран објект во вкупен износ од 3,313 милиони денари пуштен во употреба во 2021 година, не ги даваат посакуваните ефекти бидејќи во 2022 - 2023 година не ја извршува дејноста поради недоволен број на деца во населеното место.

-За потребата од дополнителни капацитети за сместување на деца во установи за предучилишно образование најголеми сигнали испраќаат листите на чекање за упис во самите градинки, каде што бројот на деца во октомври 2024 година изнесува 4.851, се посочува во ревизијата.

Се нагласува дека недоволниот број на вработени во градинките значително може да влијае на квалитетот на услугата, „особено кога бројот на деца во групите е над дозволената граница, каде што главен проблем е недостигот на согласности за вработување, како и потешкотиите за стекнување на лиценци за работа на потребниот кадар“.

-Системот за полагање на стручниот испит за лиценцирање не е во функција од ноември 2023 година, а според евиденцијата во Министерството за социјална политика, демографија и млади, која не е ажурна и целосна во периодот од 2020 до јуни 2024 година, 834 лица чекаат за полагање на испитот, што влијае врз континуирано обезбедување на неопходниот стручен кадар за функционирање на градинките, се вели во ревизијата.

Целта на ревизијата, со која е опфатен периодот од 2020 до 2023 година, како што посочуваат од ДЗР, е да се даде одговор на прашањето дали со јавните инвестиции во детските градинки се обезбедува ефективно користење на средствата и се придонесува за обезбедување на подобрени услови за престој, оптимален и зголемен опфат на деца од предучилишна возраст и нивно згрижување и воспитание.

Во ревизијата се дадени препораки за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки, регистарот на податоци за детски градинки, планирањето, финансирањето и реализацијата на проектите за изградба, доградба, адаптација и опремување на детски градинки, како и капацитетите за згрижување и воспитание на деца, со цел постигнување на оптимален опфат и зголемување на бројот на деца во предучилишна возраст.

- Не се изготвуваат и извештаи за следење на степенот на реализација на целта за обезбедување на услови за оптимален опфат на децата во системот на згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст што го отежнува мерењето на ефектите од спроведените активности. На национално ниво не е воспоставена системска правна рамка за управување со јавните инвестиции. Податоците во регистрите за капацитетите на детските градинки како основа за креирање на политики за вложувања во детски градинки не се целосни и ажурни, додека, пак, податоците за стапката на вклученост и опфатот на децата од 0 – 6 години во предучилишно образование што се обезбедуваат од различни извори се разликуваат и изнесуваат 29 отсто односно 34 отсто за 2023 година, се вели во ревизијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп за враќањето во „Пирати од Карибите“: Тоа е единственото што го сакам (ВИДЕО)

Џони Деп е отворен за враќање во улогата на капетанот Џек Спероу ако франшизата „Пиратите од Карибите“ продолжи, но има специфична причина за тоа.

Џони Деп за враќањето во „Пирати од Карибите“: Тоа е единственото што го сакам (ВИДЕО)

Во разговор за „Ентертејнмент тунајт“, актерот објасни како би можел да биде убеден повторно да ја носи пиратската шапка.

Збогум на ликот

„Ако работите се одвиваат како што треба во однос на тоа како ќе заврши франшизата... единствената обврска што навистина ја сакам, искрено, е да ги испратам на подобар начин“, рече Деп. Во исто време, тој ја нагласи својата доверба во продуцентот Џери Брукхајмер.

„Би направил сè со Џери Брукхајмер утре. Не е важно што е. Ако е Џери, му верувам. Имаме длабоко пријателство“. Деп беше главна ѕвезда во пет филмови од серијата „Пиратите од Карибите“ кои беа прикажани во периодот од 2003 до 2017 година.

YouTube video

Планови за нов филм

Брукхајмер, продуцентот на сите пет филмови досега, изјави за „Холивуд репортер“ во 2022 година дека се „многу блиску“ до шестото продолжение и дека веќе имаат „многу добро сценарио“. Продуцентот во тоа време забележа дека серијата веројатно ќе има рестартирање бидејќи е „полесно да се организира“ бидејќи „не мора да чекате одредени актери“.

YouTube video

Последниот филм од франшизата, „Мртвите не зборуваат“, беше објавен во 2017 година. Заедно со Деп, во него глумеа Хавиер Бардем и Каја Скоделарио, а се вратија и редовните членови на екипата Џефри Раш, Орландо Блум и Кира Најтли.

Два проекти во развој

Брукхајмер отворено зборуваше за работата на нов филм, чие сценарио го пишува Џеф Натансон. Втор филм, од авторката Кристин Ходсон, исто така беше во подготовка, а Марго Роби требаше да ја игра главната улога.

Роби изјави за „Венити фер“ за тој проект во 2022 година: „Имавме идеја и ја развивавме пред некое време, одамна, за да ја направиме приказната повеќе фокусирана на женски ликови. Не е целосно женска приказна, само поинаков вид приказна, која ја сметавме за навистина кул, но не мислам дека сакаат да ја снимаат.“

Сепак, Брукхајмер изјави за „Ентертејнмент викли“ дека планира да направи рестарт и филм со Марго Роби. „Се надеваме дека ќе ги снимиме и двата, и мислам дека Дизни се согласува дека навистина сакаат да го направат оној со Марго“, рече тој.

YouTube video

Сценариото и враќањето на Деп

Брукхајмер рече дека е задоволен од сценариото на Натансон за рестартирањето. „Мислам дека е погодок. Има неверојатен трет чин. Само треба да ги дотераме првиот и вториот и тоа е тоа. Но, тој напиша одличен, навистина одличен трет чин.“

Продуцентот претходно изјави дека би сакал повторно да го види Деп во улогата и дека разговарал за тоа со актерот. „Тоа е рестартирање, но ако мене ме прашувате, тој би бил во неа“, рече Брукхајмер.

„Го сакам. Тој е добар пријател, неверојатен уметник и има уникатен изглед. Тој го создаде Капетан Џек. Не беше запишано; тој внесе малку од Пепе Ле Пју и Кит Ричардс во улогата. Тоа беше неговата интерпретација на Џек Спероу.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ .

Холандија од следната година ќе мора да прифати баратели на азил од другите држави на ЕУ

Холандија следната година, заедно со другите членки на Европската Унија (ЕУ), ќе мора да прифати одреден број баратели на азил од земјите кои биле изложени на „натпросечен миграциски притисок“ оваа година или, наместо тоа, финансиски да придонесе за нивната грижа, објави Европската комисија.

Според предлогот на Комисијата, земјите кои примиле надпросечен број баратели на азил оваа година се Грција, Кипар, Италија и Шпанија, а другите членки на ЕУ треба да им помогнат да го споделат миграцискиот товар, објави NL Times.

Голем број барања за азил се поднесени во Грција и Кипар, додека Италија е прогласена за земја под „миграциски притисок“ поради непропорционално големиот број мигранти кои пристигнале откако биле спасени на море.

Шпанија, од друга страна, се соочи со голем прилив на мигранти ова лето во нејзината северноафриканска енклава Сеута, каде што, според извештаите, десетици илјади луѓе пристигнале по море.

Бугарија, Чешка, Естонија, Хрватска, Австрија и Полска, исто така, во принцип треба да прифаќаат баратели на азил, но овие земји можат да побараат од Европската комисија ослободување или намалување на нивните обврски, наведувајќи го високиот миграциски притисок со кој веќе се соочуваат.

Сепак, Европската комисија утврди дека Холандија, Германија и неколку други земји-членки на ЕУ немаат право да бараат ослободување од обврската за прифаќање баратели на азил.

Комисијата го проценува миграцискиот притисок во секоја земја-членка поединечно, земајќи го предвид бројот на пристигнати мигранти и поднесените барања за азил, како и бруто-домашниот производ (БДП) и населението на секоја земја.

Предлогот на Европската комисија наскоро ќе биде дискутиран меѓу земјите-членки на ЕУ, кои на крајот ќе одлучат за конечниот број баратели на азил што секоја земја ќе мора да ги прифати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер