ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба
1ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба
МакедонијаДЗР: Извршена ревизија за Пописот во 2021Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година“.Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија за Пописот во 2021 констатира недоследности во начинот на планирање на средствата, набавката на софтверска апликација за самопопишување, набавката на преносни компјутери / лаптоп и начинот на исплата на надоместоците. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на тема „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година“, со цел да даде заклучок дали постапката на подготовка, организација, спроведување и објавување на податоците од пописот е спроведена во согласност со законската и подзаконската регулатива. -Опфатот и доказите кои се обезбедени по пат на спроведување на ревизорските техники и ревизорската методологија, даваат основа ревизорите да заклучат дека освен за состојби во однос на начинот на донесување на дел од подзаконските и интерните акти, периодот на извршување на претходното попишување на одделни категории на лица, бројот на учесниците во пописот во однос на планираниот број, начинот и висината на утврдување на дел од надоместоците, периодот за кој е донесен финансискиот план како и состојбите во однос на јавните набавки, постапката на подготовка, организација, спроведување и објавување на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година е во согласност, во сите материјални аспекти со одредбите од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, подзаконските и интерните акти донесени за подготовка, организирање и спроведување на истиот, се наведува во соопштението од ДЗР. Државните ревизори со извршената ревизија констатирале состојби и отсуства во однос на правната рамка, односно утврдено е дека со извршените измени за одложување на спроведувањето на пописот за во септември 2021 година, краток е периодот за исполнување на подготвителните активности. Исто така, утврдено е и отсуство на пишана процедура со која јасно и прецизно ќе се дефинира целокупната постапка и потребна документација за пописот, како и донесувањето на дел од актите и нивна авторизација спротивно на одредбите на Законот за попис. Од ДЗР велат дека се утврдени состојби и во однос на подготовката и спроведувањето на пописот, кои влијаат на можноста од потврдување на точноста и целосноста на податоците за лицата кои во време на пописот се наоѓаат на служба на Армијата во земјата или во странство, или на издржување мерка притвор или казна затвор, на лицата во воспитно-поправните домови и на лица кои спаѓаат во категоријата на бездомници. -Со ревизијата утврдено е дека теренското попишување е спроведено со 505 инструктори и 4.482 попишувачи, број кој е помал во однос на планираниот, а воедно спроведено е попишување на лицата кои не биле попишани во просториите на комисиите за пописни реони, начин на попишување кој не е предвиден во Законот за попис, се наведува во соопштението од ДЗР. Во извештајот за работа на Советот за статистика за 2021 година, наведени се одредени проблеми при вршењето на пописот во однос на мал одзив на кандидати за попишувачи и инструктори, проблеми со апликативното решение на терен, проблеми со интернет конекцијата, хакерски напади, што предизвикало и прекин во попишувањето, за што е поднесена пријава до Министерство за внатрешни работи. -Во однос на софтверската апликација за самопопишување на лицата-државјани кои се на привремена работа или престој во странство, ревизорите утврдија одредени состојби и тоа: -во текот на 2019 година извршена е набавка на софтверска апликација за пописот, но не е набавена софтверска апликација за самопопишувањето; - самопопишувањето отпочна на 01.03.2021 година, а активностите за набавка на апликација отпочнале на 25.02.2021 година; - на ден 26.02.2021 година упатени се барањата за забрани и можности во однос на апликацијата до фирмата изработувач на апликацијата; -софтверската апликација е набавена без надоместок, за што Државниот завод за статистика се обврзал да го истакне името на давателот во апликацијата, со што врши негова промоција, односно станува збор за спонзорство, за кое не е побарано од Министерството за правда решение, со кое ќе се потврди јавниот интерес на ова спонзорство; - фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 до 23.09.2020 година бил член на Советот за статистика, како и -апликацијата за самопопишување не е евидентирана во деловните книги на Државниот завод за статистика. -Формирано е стручно тело чие формирање не е уредено во Законот за попис, а воедно и преклопување на надлежности на неколку работни групи, во кои истовремено членуваат исти вработени, се наведува во соопштението од ДЗР. Во однос на исплатените надоместоци за учесниците во пописот, како што посочуваат од ДЗР, исплатени се надоместоци во износ од 191.405 илјади денари, односно околу 3,1 милион евра, врз основа на правилник во кој се утврдени критериуми и број на бодови за секој критериум одделно, додека вредноста на бодовите е уредена со акт донесен од страна на директорот, без негово парафирање. -Во март 2021 година, донесен е финансискиот план за пописот во износ од 522.751 илјади, односно околу 8,5 милиони евра, од кои над 40 отсто од средствата се реализирани во текот на 2019 и 2020 година, без усвоен финансиски план за попис, велат од ДЗР. За реализација на Пописот потрошени се средства во износ од 479.111 илјади денари, односно околу 7,9 милиони евра, во кои најголемо учество од над 49 отсто се расходите за набавка на лаптопи и 40 проценти за надоместоци за учесниците во спроведување на пописните активности. За потребите на пописот, склучени и реализирани се договори за јавни набавки во износ од 237.905 илјади денари односно 3,9 милиони евра. -Спроведена е постапка за јавна набавка за набавка на 5.650 лаптопи и со единствениот понудувач склучен е договор во износ од 199.498 илјади денари, односно околу 3,2 милиони евра, за кој со ревизијата констатирано е: - пролонгирање на утврдениот рок на испорака на лаптопите и наместо испораката во целост била сукцесивна извршена во период од 05.11.2020 до 18.12.2020 година; - со анекс кон договорот извршена е измена на начинот на плаќање на лаптопите, односно наместо 22% од средствата да се платат во 2020 година, а преостанатите во 2021 година, извршено е целосно плаќање во декември 2020 година; - квантитативен и квалитативен прием на лаптопите, наместо да се изврши од страна на работна група согласно договорот, утврдено е дека документите за примопредавањето на лаптопите се потпишани од страна на раководителот на субјектот; - постапката е спроведена по одобрување од страна на н надлежните органи, но за техничката спецификација за лаптопите, не е добиено мислење од Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија при Владата; - склучени се 3 анекси на договорот во вкупен износ од 30.255 илјади денари, односно околу 500 илјади евра, без спроведување на постапка за јавна набавка и - доставена е банкарска гаранција за периодот на основниот договор, а во однос на анексите, само за третиот анекс, се наведува во соопштението од ДЗР. Во извештајот е констатирано дека за услуги за медиумска кампања, спроведени се две постапки за јавни набавки во вкупен износ од 7.315 илјади денари, односно околу 120 илјади евра, што е повеќе за 40 отсто од планираните средства. Држабните ревизори утврдиле дека техничките спецификации не содржат количина и вредност по одделни позиции, а финансиските понуди содржат една позиција, додека една постапка е спроведена со преговарање без објавување на оглас, иако Бирото за јавни набавки нема дадено позитивно мислење. Исто така, како што е посочено во извештајот, набавени се средства за заштита од КОВИД 19 во износ од 1.220 илјади денари односно околу 20 илјади евра, без да се спроведе постапка за јавна набавка. Државниот завод за статистика, во периодот од 05.09.2021 до 30.09.2021 година го спроведе деветтиот по ред попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, со состојба на 04 септември 2021 година, во 24:00 часот. Резултатите од пописот се објавени на 30.03.2022 година, шест месеци по завршувањето на теренските активности, согласно кои Република Македонија има 1.836.713 резидентно население, 598.632 домаќинства и 839.174 станови. -Имајќи предвид дека вообичаено е попис да се спроведува на секои 10 години, како и дека активностите на истиот се регулираат со посебен закон за попис, дадени се препораки кои се во функција на подобрување и создавање на ефикасен систем на планирање, спроведување, следење и реализација на јавните набавки на стоки и услуги, се наведува во соопштението од ДЗР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажбаВенко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажбаВенко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев со него во влада го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси. Одговорот е многу едноставен, како министер Филипче ги користеше сите привилегии кои му ги овозможуваше власта и мудро си молчеше за сите предавства направени врз државата. Човекот кој со својот ментор Заев, кому му ја чува фотелјата во СДС, го менуваа името и јавноста ја убедуваа дека така ќе станеме членка на ЕУ. Но, тоа што граѓаните го добија е само лажната вест со сликата од авионот, каде со дигнати палци, лажеа дека се државата ги отворила преговорите. Тогаш Филипче гледаше провизиите за вакцините да му поминат, тендерите да врват, а кај него и Заев процентот да стигне, за сега да имаат за луксузни одмори и јахти во Грција, за згради, станови и златни визи во Дубаи. Венко Филипче, исто така, премолче и кога неговиот ментор Заев кога го менуваа името, дека така Македонија ќе ја омажи за богата фамилија. Но, веројатно богатството го мислеле за нив, зошто единствени кои се офајдиле се токму Филипче и Заев, додека народот го осиромашија, а државата ја опљачкаа. Затоа сега се и против се што значи развој и напредок на државата. Не сакаат во Македонија да има инвестиции од напредни технологии, индустријата да расте, рударството да се развива. Колку и да се обидуваат СДС, Филипче и Заев да го спречат напредокот на државата, тоа нема да им успее. Граѓаните веќе ги препознаа и знаат дека нив единствено ги интересира нивниот џеб, ништо друго. Затоа уште долго ќе останат таму каде што се, во длабока опозиција и на прагот од биолошкиот минимум. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСребро и бронза за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во ТиранаСите членови од македонскиот тим на Балканската олимпијада по информатика во Тирана, Албанија се враќаат со одличје.Од 14-ти до 20-ти септември, во Тирана, Албанија, се одржува 33-тата по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2026), а домаќин на настанот е STEM Hub Center. Македонскиот тим на овој престижен регионален натпревар во програмирање го сочинуваат натпреварувачите Владимир Грчев од Кочани, Дамјан Давков од Штип, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица, предводени од тим лидерите Благојче Павлески и Петар Ковачовски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во силна регионална и меѓународна конкуренција, Владимир Грчев освои сребрен медал, а Дамјан Давков бронзен медал. Никола Стојковски и Марко Кренков, пак, освоија олимписки пофалби. На настанот проф. Миле Јованов повторно беше избран за Претседател на Балканската олимпијада во следниот тригодишен мандатен период. Учениците кои се дел од македонскиот тим за БОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk, кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи, а циклусот беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и на неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација. Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е врвен натпревар во програмирање за средношколци од земји кои се наоѓаат на или околу Балканскиот полуостров, а се организира секоја година од 1993 година наваму. На овогодинешното, 33-то издание, учествуваат натпреварувачи од 13 земји-членки на БОИ заедницата (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Италија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција), а како гости настапуваат и претставници на уште пет земји (Грузија, Киргистан, Саудиска Арабија, Туркменистан и Украина). Учениците се натпреваруваат индивидуално во решавање на алгоритамски проблеми во текот на два натпреварувачки дена. Во изјавата на Претседателот на Здружението, проф. д-р Миле Јованов се вели: „Секој медал освоен на овие натпревари е потврда за трудот што нашите ученици, наставници и ментори го вложуваат во текот на целата година. Владимир и Дамјан со своите медали, а Никола и Марко со освоените пофалби, покажаа дека Македонија продолжува да произведува млади информатичари способни да се мерат со најдобрите во регионот. Ваквиот континуитет на резултати не е случаен, туку е плод на долгогодишниот систем на подготовки и натпревари што го негуваме заедно со ФИНКИ.“ Следниот настан кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2026), која ќе се одржи од 22-ри до 28-ми септември во Сараево, Босна и Херцеговина. Следната, 34-та по ред Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2027), ќе се одржи идната година во Турција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!Две години од предавството на ЗНАМ, прво ја предадоа партијата, потоа гласачите.Денеска во кино ЗНАМ прави отчет. „Две години работа. Две години резултати. Една љубов - тендери.“ Максо со неколку тендер-патриоти во кино. Веројатно филмот е: “како ја предадов партијата и гласачите за тендери”. Тоа не е љубов кон Македонија. Тоа е љубов кон парите. ЗНАМ се роди како проект на Мицкоски. Да ја урне СДСМ одвнатре. Луѓе кои прво ја предадоа својата партија, а потоа ги предадоа и гласачите кои поверуваа во приказната за реформа во СДСМ. Влегоа во власта. Станаа дел од организирана криминална група ВМРО. Станаа дел од бандата. Сателити. Глас во Собрание. Столче во институција. Тендер во општина. Тендер во Пошта. Резултатите ги знае народот. Максо прво ги продаде гласачите, потоа Македонија. Потоа следуваше и плац за Лидл. Со оглед дека има фирма во Бугарија, може себеси да се претстави како странски инвеститор. Тоа се две години. Две години кражба, две години во кои граѓаните се држени како заложници. Сега ќе печатат брошура и ќе шетаат во 14 градови да објаснат колку ја сакаат Македонија. Нека објаснат колку чини столчето. Нека објаснат зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми. Нека каже сега, кога знаеме дека колегите, понапредната верзија, ЗНАМ 2.0 за „реформи“, зеле 1,6 милиони, колку тој зел за првата верзија на ЗНАМ? СДСМ не седи во нивната сала. СДСМ ги именува со нивното вистинско име. Предавството има датум. Сега се најавува и втор датум, повторно собирање „за иднината на Мицкоски“, за неколку дена. Следниот настан нека го прават заедно. Наместо во кино – во Бела палата. Филмот веќе го знаеме. ЗНАМ не е движење. ЗНАМ е сателит на Мицкоски. Две години работа за бандата. Две години и тие се дел од бандата. Една љубов, заедничка - тендер. Доаѓа време кога предавството на Македонија ќе се мери пред суд, не пред платно. Граѓаните не одат во кино да им честитаат што ги продале. Одат на следните избори да ја вратат државата во свои раце. А бандата да одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook