Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
1Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
МакедонијаДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 годинаОд страна на ДИК за ППР на радиодифузерите и печатените медиуми и интернет порталите, исплатени им се вкупно 244.769 илјади денари или 3.979.984 евра, за 16 учесници во Парламентарните избори 2024 година. Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади денари и ги опфаќаат приходите остварени на трансакциските сметки „за изборната кампања“ (140.978 илјади денари), приходите од донациите во ствари (963 илјади денари) и приходите обезбедени од буџетот на државата за објавено платено политичко рекламирање (ППР) (244.769 илјади денари). Тоа укажува дека 63,3 проценти од вкупните приходи се обезбедени од Буџетот на државата и исплатени од Државната изборна комисија, додека 26,7 проценти се средства обезбедени од други извори на финансирање. Државниот завод за ревизија денеска го објави извештајот од извршената финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година, подготвен согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик. - Најголемо учество во вкупните приходи има Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (37%), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (25%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (15%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (13%), ПП Левица (4%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (2%) додека учеството на останатите учесници е под 1%, информира ДЗР. Од страна на ДИК за ППР на радиодифузерите и печатените медиуми и интернет порталите, исплатени им се вкупно 244.769 илјади денари или 3.979.984 евра, за 16 учесници во Парламентарните избори 2024 година. Во соопштението од ДЗР се наведува дека вкупните расходи направени од учесниците во изборната кампања за избор на пратеници се во износ од 386.710 илјади денари, од кои 140.261 илјада денари се плаќања од трансакциските сметки, 963 се расходи по основ на примени донации во не парични средства и 244.769 илјади денари се расходи за објавено ППР. Неискористените финансиски средства, од трансакциските сметки „за изборна кампања“ кои согласно финансиските извештаи се прикажани како расходи во вкупен износ од 717 илјади денари се вратени на сметките за редовно работење на политичките партии. Најголемо учество во вкупните расходи 63,3 проценти имаат расходите за платено полотички рекламирање, по што следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги 36,3 проценти. Исплатените средства од трансакциските сметки „за изборна кампања“ во вкупен износ од 140.261 илјада денари се однесуваат на плаќања за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на ИК, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи. Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум. Најмногу средства се потрошени во изборната кампања за Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (72% од законски дозволениот максимум), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (49%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (29%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (25%), ПП Левица (8%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (4%), додека останатите учесници имаат потрошено средства во износ од 1% или под 1% од законски утврдениот максимум. - Не сите учесници во изборната кампања обезбедија почитување на роковите за затворање на трансакциските сметки „за изборна кампања“ и бришење од регистарот на правни лица како и транспарентност, односно до ДЗР не доставија дел од извештаите за остварените приходи и расходи на трансакциските сметки „за изборна кампања“. За одржаните парламентарни избори 2024 година, учесниците во изборната кампања ПП Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Македонска Ера трета, до ДЗР немаат доставено вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, со што извршија ограничување во опфатот на ревизијата, се вели во соопштението. ДЗР повторно укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред се во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации, како и за пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање. Исто така и за начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали). Препорачува да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспоставуви интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обебзеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања. Покрај поединечни конечните ревизорски извештаи за 17-те учесници на парламентарните избори 2024 година, ДЗР објави и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со парламентарните избори 2024 година и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година, а сите документи се достапни на линковите: 🔗 Политички партии - Изборна кампања за парламентарни избори 2024 | Државен Завод за Ревизија 🔗 Microsoft Word - 1_ Zbiren izvestaj Parlamentarni izbori 2024 70 ?@0\0Z5 ?> !" 🔗 Microsoft Word - 18@5= 8725HB0X_˘ˆ_˜@5BA540B5;A:8 !". Ревизорите утврдиле дека вкупните приходи и расходи на сите седум учесници во изборната кампања за Претседателските избори се во износ од 461.470 илјади денари, а 77 проценти од нив или 354.257 илјади денари, се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и се исплатени преку Државната изборна комисија директно на медиумите. - Со извршените ревизии е утврдено дека дел од учесниците во изборната кампања помалку ги прикажале остварените приходи и расходи на трансакциската сметка „за изборна кампања“; во вкупниот финансиски извештај во целост не ги прикажале средствата обезбедени за платено политичко рекламирање и не обезбедиле почитување на крајниот рок за затворање на трансакциската сметка „за изборна кампања“. За утврдените состојби не се дадени препораки од причина што субјектите предмет на ревизија се регистрирани само за овој изборен процес, стои во Збирниот извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканКонститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на властаСо трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот. А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад. По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ. -Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. , Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција. -Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети. -Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата. А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт. -Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија -Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата.. -Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград. -Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград. Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во ГинисТој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина. Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир. Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32