ДЗР: Договорот за реконструкција на Античкиот театар Скупи реализиран само 7,56 проценти - Канал 5

ДЗР: Договорот за реконструкција на Античкиот театар Скупи реализиран само 7,56 проценти

 Без обезбедени средства во буџетот на Управата за заштита на културното наследство, реализацијата на договорот од 523 милиони денари за повеќегодишната градба на Античкиот театар Скупи е бавна.

ДЗР: Договорот за реконструкција на Античкиот театар Скупи реализиран само 7,56 проценти

Од 2016 година до крајот на 2019 година реализирано е само 7,56 проценти од договорот, објави денеска Државниот завод за ревизија.

Во текот на минатата година Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2019 година кај Управата за заштита на културното наследство и, како што соопшти денеска, изразил неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи како и за усогласеност со закони и прописи.

Ревизорите со извршената ревизија, како што стои во соопштението, констатираат дека Управата нема изготвено Годишен извештај за работењето кој треба да биде доставен до Владата на РСМ, ниту пак Национална стратегија за заштита на културното наследство која се донесува за период од 5 години и која треба да содржи долгорочни основи на политиката за заштита и користење на културното наследство.

Управата за заштита на културното наследство со буџетот за 2016 година има планирано проект за истражувања, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на Античкиот театар Скупи, за кој Владата на РСМ има дадено согласност за спроведување на постапка за повеќегодишна јавна набавка, од 2016 до 2019 година во висина од 523 милиони денари во обем и динамика утврдени согласно мислењето на Министерството за финансии.

Ревизорите во објавениот конечен ревизорски извештај констатираат состојби во однос на реализацијата на проектот: Со увид во буџетот на Управата за 2016, 2017, 2018 и 2019 година, ревизијата утврди дека не се планирани средства во износ утврден во мислењето на МФ, по кое се дава согласност за реализација на оваа повеќегодишна постапка за јавна набавка; Без добиено одобрение за градење изведувачот е воведен во работа што не е во согласност со член 56 од Закон за градење; Од страна на изведувачот во септември 2019 година е испратен допис до Управата со кој се известува за малиот процент на реализација на договорот и се истакнува дека извршени се сите подготвителни работи, но до датумот кога е доставен дописот нема инструкции кога и на кој начин ќе се продолжи со проектот и Необезбедувањето на средства во буџетот на Управата за повеќегодишната градба на Античкиот театар Скупи придонело реализацијата на договорот до крајот на 2019 година да е само 7,56 проценти, стои во соопштението.

Дополнително, се наведува дека ревизорите утврдиле дека од програмата за Возобновување на Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, од 2010 година до денот на ревизијата, потрошени се средства во износ од 748 милиони денари. За тој проект се склучени два основни договора по спроведени постапки за јавни набавки за кои во текот на годините се склучени повеќе анекси. За овие постапки, посочува ДЗР, утврдени се повеќе слабости во делот на непочитување на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за градење и одредбите на склучените договори. Резултат на ваквата состојба е пролонгирање на роковите за изградба на објектите, како и поскапување на градбите за што се потрошени повеќе буџетски средства во услови кога објектите сеуште не се во функција.

Од ДЗР информираат и дека во деловните книги на Управата, на позицијата материјални средства во подготовка, не се евидентирани градежните објекти во износ од 752 милиони денари во периодот додека тие се наоѓаат во изградба, односно за извршената реконструкција и адаптација не е извршено зголемување на вредноста на градежните објекти. Со извршената ревизија е утврдено дека Управата нема извршено попис на средствата и изворите на средствата согласно законските и подзаконските акти, поради што не е усогласена сметководствената со фактичката состојба.

Во делот од ревизорскиот извештај кој се однесува на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет, обелоденети се состојби кои можат да предизвикаат идни финансиски импликации. Конкретно, во тек се судски постапки кои се водат против Управата, за кои постои неизвесност од конечниот исход и има можност од дополнително оптоварување на буџетот на Управата со камати и судски трошоци и изградбата на објектот Возобновување на Св. Климентовиот универзитет – Плаошник како нова градба не е во надлежност на Управата согласно Законот за заштита на културното наследство.

Во делот на останати прашања ревизијата констатирала дека е неопходно надлежните органи да преземат активности за доуредување на законската регулатива во делот на основање на Управата како орган во состав на Министерството за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Грција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. 

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка.

На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.

Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Завршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото.

-Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација.

Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем.

Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација.

Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер