ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз - Канал 5

ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз

Дури 65 % од вкупната енергија минатата 2024 година била обезбедена со увоз – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Диверзификација, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност се трите клучни точки на кој државата мора да се фокусира, сметаат дел од познавачите во земјава. Според професорот Константин Димитров, земјава има регулатива и насоки каде да се движи во енергетиката но истите треба да се спроведат.

„Треба да изградиме нови постројки, и треба да смалиме потрошувачка во домаќинствата затоа што се троши голема количина на енергија за загревање, а дивверзификацијата тоа значи да се градат новите постројки со сите типови, значи хидроенергија, когенеративни, сончеви централи на просјумерите и со новите законски одредби 10 киловати на домаќинсства а 70 за сите јавни објекти комерцијални. Имаме регулатива, имаме насоки, останува само да се изградат објектите.“ - Константин Димитров – МАЦЕФ.

Според статистика кај бруто примарното производство, споредбено со 2023 домашното производство е намалено за 10,6%. Најголемо намалување или 20,9% има кај лигнитот или јагленот, речиси 16 % намалување е забележано кај хидроенергијата, додека најзначително зголемување од 140 % има кај соларната енерија. Според Димитров изградбата на сопствени капацитети мора да биде приоритет, бидејќи вели приватните не обезбедуваат енергетски суверенитет.

„Приватните капациети во енергетиката не обезедеуваат енергетски суверентиет на Македонија. Приватни инвестиции не обезбедуваат сигурност, безбедно снабдување, суверентитет. Мора сами да си изградиме сопствени извори, тоа е патот.“ - Константин Димитров – МАЦЕФ.

Според познавачите изградба на когенеративна централа не само што ќе биде значаен чекор кон енергетска независност на државата, ќе придонесе и кон намалување на загадувањето. Инаку на почетокот на месецов министерката за енергетика информираше дека согласно годишниот план, до нив била пристигната една иницијатива за изградба на когенеративна гасна централа од 495 мегават часа, но допрва треба да се изврши проверка на целата документација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер