Ѕ класата на Maybach е најлуксузната лимузина во понудата на Мерцедес(ВИДЕО) - Канал 5

Ѕ класата на Maybach е најлуксузната лимузина во понудата на Мерцедес(ВИДЕО)

Според најавите, Мерцедес денес го тргна превезот од најлуксузната изведба на класата С.

Ѕ класата на Maybach е најлуксузната лимузина во понудата на Мерцедес(ВИДЕО)

Станува збор за автомобил со меѓуоскино растојание од 18 см (3.396 мм), а во зависност од пазарот ќе бидат понудени две верзии. Во понудата е S580 4Matic придвижуван од 4,0 V8 битурбо мотор во форма на благ хибрид со вкупни 503 КС.

Втората опција е кралскиот со V12 шестлитарски мотор, кој во изданието твинтурбо дава 621 КС. Да речеме дека во иднина се очекува пристигнување на plug-in хибриди со 3.0 во линија шест, електричен мотор и моќност од нешто повеќе од 500 КС.

Тешко е да се замисли повеќе луксуз, особено на задниот дел каде се наоѓаат двете фотелји. И на нив е можно да се прилагоди апсолутно сè.

И, конечно, најдоброто. Некои германски медиуми предвидуваат дека моделот ќе има цена од околу 160.000 евра, што е за десет проценти повеќе од неговиот претходник, но значително помалку отколку конкуренцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Во Брвеница синоќа не зборуваше премиер. Зборуваше човек што губи.

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Паѓа ВМРО. Паѓа тој. Народот им ја зема довербата.

Паниката има име: Лаура Ковеши. Европско обвинителство. Истрага што не застанува пред презиме, функција и партиска книшка.

Сам призна дека води војна против СДСМ. Не против криминалот туку против единствената опозиција што го именува.

Војната ја води со цела екипа. Со Вучиќ, со Орбан, со нивните медиуми, со таканаречените новинари и лажни аналитичари. Ја води со Русија, со играчи на БИА, со Латас, со Ивона.

Со луѓе без морал. Со тендер-патриотите од ЗНАМ. Со руската Левица, анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, што не влезе во салата и не гласаше за минимална плата од 600 евра. Ја води со Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Сателити. На далечинско. Не со народ.

Луксуз-патриоти со бугарски пасоши. „Институција“ со часовници од 60.000 евра и костим од 10.000. Народот нема за храна, нема за сметка. Тој има за се. Затоа таков говор во Брвеница и закана за втор круг.

Христијане. Ќе одговараш. Ти и целата банда. И тоа го знаеш. Затоа врескаш.

Затоа ти треба алиби. Затоа ти треба сателит, не глас.

СДСМ, заедно со народот, ќе ја врати власта во рацете на народот. Вистината стигна. Правдата доаѓа.

За Организираната криминална група ВМРО-ОКГ нема втор круг. Има прв круг - одговорност.

Скопје, 09.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина,  бара пристап  до сателитската услуга „Старлинк“

Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија.

Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети.

- Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава.

Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. 

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер